Archive | Македонија RSS feed for this section

Мајката на портпаролот на СДСМ поднесе оставка

Мајката на портпаролот на СДСМ прва го слушнала повикот на премиерот Заев и ќе си замине од работното место кое туку што го доби. И Министерот задолжен за јавната администрација денеска потврди дека роднините на функционерите во власта ќе си заминат од новите работни места откако пред една недела јавно праша, каде да се вработат […]

______________________________________________________________________________________________________

Филип Петровски најави кандидатура на претстојните претседателски избори

Филип Петровски од сабота ќе почне да собира 10 илјади потписи за неговата кандидатура на претстојните претседателски избори. Тврди дека зад него, односно зад „Македонија блокира“ стојат повеќе од 80 организации и целата македонска дијаспора. Поништување на Преспанскиот договор, односно на промената на уставното име, поништување на двојазичноста, враќање на илинденските и асномските принципи како […]

______________________________________________________________________________________________________

Тринаесет заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба

Тринаесет заболени со морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои седум се примени на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Клиниката за инфективни болести. Станува збор за четворица возрасни од Скопје и Велес, меѓу кои една 37-годишна жена е со потешка клиничка слика. Другите тројца возрасни се со […]

______________________________________________________________________________________________________

Абдулменаф Беџети и Теута Арифи се на консензуалната листа на претседателски кандидати

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се наоѓаат десет имиња за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Техничкиот преглед на „Дурмо турс“ добил забрана, а по неколку дена решението е поништено

Пред само 6 дена се случи кобна сообраќајна несреќа во која 15 невини луѓе го загубија несреќно животот, а уште толку се повредени и се наоѓаат на клиниките. Се уште не се утврдени точните причини од страна на МВР за сообраќајната несреќа која беше кобна за овие 15 луѓе. Компанијата „ДУРМО ТУРС“ која е сопственик […]

______________________________________________________________________________________________________

Поскапеа горивата – ова се новите цени

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денар, додека цената на дизелот останува непроменета. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти. Од полноќ литар ЕУРОСУПЕР […]

______________________________________________________________________________________________________

Жител на Ласкарци ја пронајде девојката која ја спасил во несреќата: Никогаш нема да заборавам

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографија од девојката по име Јасмина и Садет, жителот на Ласкарци. Во својата објава Филипче напиша дека Садет успеал да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее и дека неговата желба била само Јасмина да е жива. „Неколку денови безуспешно барал информации низ болничките […]

______________________________________________________________________________________________________

Од петок повторно снег и дожд: Ова е неделната временска прогноза

Времето утре, ќе биде слично како денеска- сончево со слаб јужен ветер. Во среда времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, додека во четврток сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок времето ќе биде […]

______________________________________________________________________________________________________

Пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит за загинатите во сообраќајката кај Ласкарци

Денешната собраниска седница почна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната незгода што се случи минатата недела на автопатот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци. На дневен ред на денешната седница се повеќе точки меѓу кои и интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Дел од блиските на функционерите ќе се откажат од вработувањето во државните фирми

Дел од функционерите потврдуваат дека нивните блиски ќе се откажат во вработувањето во јавниот сектор заради тоа што гледаат алтернатива на државните институции, но редно е да ги оставиме тие сами да соопштат, бидејќи станува збор за личен чин. Верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување и на тој начин ќе ја покажеме нашата […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев и Адеми ќе ги разгледаат жалбите за финансирањето проекти од областа на културата

Премиерот Зоран Заев најави дека на денешната средба со министерот за култура Асаф Адеми ќе бидат разгледани жалбите за Годишниот конкурс за финансирање на проектите од областа на културата за 2019 година. -Поништувањето и разгледувањето на сите незадоволни од конкурсот е нешто што го потврдивме и јас и министерот. Министерот имаше одредени здравствени проблеми, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Делчево: Со бебе во колата летаа во воздух 20 метри, само Господ ги чуваше (ФОТО)

Одрони синоќа создадоа големи проблеми за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани- Делчево. Возачи кои синоќа доцна се враќаа од Скопје кон Делчево алармираа за одрони кај селото Истибања. Очевидци на социјалните мрежи постираа фотографии и информации дека одроните за малку ќе предизвикале и катастрофа, бидејки од нив настрадало возило во кое се возело […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска: Многу добив од Македонија, време е да и вратам

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април годинава. Силјановска е избрана вчера на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг. На конвенцијата гласаа 519. Силјановска беше еден од деветте кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател […]

______________________________________________________________________________________________________

Таравари: Луѓе мои, не умреа Албанци, Македонци или Турци, починаа наши сограѓани- нивната смрт е трагедија

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на третиот ден на жалост во Гостивар, по кобната автобуска сообраќајна несреќа, потсети на најтешките денови што ги живее градот, на човечноста и херојството, потребата од заедништво… „Гостивар деновиве е завиен во црно. Дури и кога сонцето е највисоко на небото, не може со зрак топлина да ја пробие темнината […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети ја честиташе независноста на Косово

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја честиташе 11-годишнината од независноста на Република Косово која, како што вели, е најновата држава во Европа пред завршните предизвици за градење на државноста. -Секој од нас има дадено придонес за најголемото национално постигнување, слободна, демократска и независна држава, Косово. Затоа, секој од нас што работел за овој ден, денес […]

______________________________________________________________________________________________________

Идентификувано телото најдено во Вардар – тоа е на исчезнатата жена од Драчево

Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Д.П. од Драчево, потврди МВР. Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство. По скопјанката Даниела П. се трагаше од понеделникот, 11 февруари, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Македонија денеска доби мајка на нацијата

По изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција на партијата која се одржа во Струга, говор одржа и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. – Честитки што се одваживте да аплицирате за кандидат за претседател на Република Македонија и иден претседател на Република Македонија. Македонија денеска доби мајка на […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска ќе бара поддршка и од СДСМ

Професорката Гордана Силјановска која попладнево беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ изрази подготвеност да побара поддршка од сите граѓани, здруженија и политички партии, па дури и од СДСМ. „Прашање е само колку јас се вклопувам во тоа што тие го велат консензуален кандидат“, рече Силјановска и најави дека ќе собира и 10.000 потписи од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1