Archive | Македонија RSS feed for this section

Министерот за култура за 5 месеци потрошил околу 10.000 денари државни пари

Министерот за култура Асаф Адеми за време на својот мандат од 1 јуни до 1 ноември 2018 има остварено две патувања во странство во Тирана и Франкфурт и при тоа има користено само еден авионски билет во вреднос 7.286 денари. Како што соопшти Министерството за култура, во текот на својот мандат министерот Адеми нема земено […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема да се зголемува старосната граница за во пензија

Министерката Царовска уверува дека се работи на стабилизација на пензискиот систем и нагласи дека нема да има зголемување на старосната граница и нема да има замрзнување на пензиите. Според Царовска, ќе се интервенира со цел да се стави под контрола буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголеми за 150% заради несоодветни политики. […]

______________________________________________________________________________________________________

Се воведува прогресивен данок, прагот на одданочување приход од 90 илјади денари

Владата воведува прогресивен данок, а како праг на одданочување ќе се зема приходот од 90 илјади денари за што ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти. Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција во Владата образложувајќи ги даночните реформи појасни дека за мнозинството граѓани данокот на доход ќе остане ист, додека околу еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Комисијата во вторник ќе одлучува за мандатот на Груевски

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во втроник на 6 ноември ќе го разгледува предлогот за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски. Информацијата е објавена на веб страницата на Собранието.. Седницата е закажана откако судот го извести Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за случајот Тенк. Комисијата ќе треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Името ќе се менува со 4 амандмани, собраниската седница закажана за 1 декември

Во Уставот ќе се интервенира со четири амандмани, а дел од измените ќе биде и Охридскиот договор. По вчерашната средба со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“, премиерот Зоран Заев најави дека може да има повеќе од 4 амандмани, зависно од барањата на пратениците. Сепак како и што беше најавено на почетокот на процесот, ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Шилегов: Не постои инстант решение, постојат интервентни мерки против загадувањето

Не постои инстант решение, постојат интервентни мерки коишто може да го ублажат, меѓутоа не да го решат проблемот со загадувањето на воздухот, рече вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во емисијата „Топ тема на ваша страна” на тв Телма. – Откако станав градоначалник, воведовме 27 нови интервенти мерки што во претходната градска амдинистрација не постоеле […]

______________________________________________________________________________________________________

Истрага за учество во странска војска – 7 осомничени дека како терористи се бореле во Сирија и Ирак

Во рамките на истражната постапка во врска со предметот каде седум лица се осомничени дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за едно од лицата ја прошири истрагата. Надлежниот обвинител во изминатиот период ги сослуша […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО: Замрзнат имотот на „Европа 92“ и на „Ноел“ во истрагата за „Поштенска банка“

На барање на Специјалното јавно обвинителство Кривичниот суд го замрзна имотот на осомничени во истрагата за случајот Поштенска банка. Како што информираат од обвинителството со свјот имот нема да можат да располагаат фирмите Европа 92, Ноел експорт – импорт Гевгелија, но и имотот на нивните сопственици, поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски и Томе Главчев. […]

______________________________________________________________________________________________________

Одбиено барањето на Груевски за одложување на затворската казна

Основниот суд Скопје 1, го отфрли барањето на екс премиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна. „Судија за извршување санкции, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата“, пишува во известувањето од Основниот суд Скопје 1. На […]

______________________________________________________________________________________________________

Одржан првиот состанок на Македонско-грчкиот комитет: Се почнува со бришење на учебниците!

На првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) меѓу Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни прашања одржан денеска, усвоени се Деловникот за работа и динамиката на идните средби, соопшти македонското МНР. – Состанокот се одржа во пријателска атмосфера, во согласност со духот и принципите на Спогодбата од Преспа. Двете страни го […]

______________________________________________________________________________________________________

Судот ја одби жалбата на ВМРО-ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата

Кривичниот совет ја одби жалбата на ВМРО-ДПМНЕ и го потврди решението за замрзнување на недвижниот имот на политичката партија, информира денеска Основен суд Скопје 1 – Скопје. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев ги објасни амандманите и очекува поддршка од 120 пратеници

Владата утврди нацрт амандмани на Уставот на РМ низ инклузивен процес. Овој процес, во оваа почетна фаза го направивме низ инклузивен процес кој претставува нова вредност во македонското општество, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на која ги образложи нацрт амандманите кон уставните измени кои произлегуваат од договорот со Грција. – Покрај тоа, […]

______________________________________________________________________________________________________

Предлозите на новата пратеничка група вградени во нацрт-амандманите на Уставот

Предлозите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ Владата ќе ги вгради во нацрт-текстот на амандманите што денеска треба да ги достави до Собранието. Координаторката на пратеничката група Елизабета Канческа Милевска на прес-конференција соопшти дека се известени од Владата дека нивните предлози се прифатени. Во однос на барањето за гарантирање […]

______________________________________________________________________________________________________

Одлуките на АСНОМ во Преамбулата се заменуваат со прогласот, се додава и Охридскиот договор

Четирите амандмани што ги подготви владата се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓуанродните стандарди и оти заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и НАТО, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на која ги презентираше. „Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република […]

______________________________________________________________________________________________________

Полиција почна да го чува домот и на Митко Јанчев

Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за промена на името имаат полициско обезбедување. Од вчера, под полициска стража е и поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев. Веднаш по гласањето, пред домовите на 8мината пратеници полицијата постави свои контролни точки и практично ја обезбедува нивната и безбедноста на нивните семејства . Сите за кои имаме […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата вечерва одлучува дали Охридскиот рамковен договор ќе биде споменат во преамбулата на Уставот

На прашањето дали во преамбулата на Уставот ќе биде споменат и Охридскиот рамковен договор како што побара вицепремеиррот Бујар Османи, премиерот Заев рече дека се уште не е донесена одлука за тоа. -Немаме донесено одлуки за оваа работа. До вечерва касно ќе работиме. Утре Владата ќе одлучува за овие прашања, така што кога ќе имаме […]

______________________________________________________________________________________________________

Тричковски повикан на распит

Новинарот Бранко Тричковски добил покана од скопското обвинителство да се јави на распит како осомничен за повеќе кривични дела. Како што самиот објави на Фејсбук, тој не знае за што точно е повикан да се јави во обвнителството на 20 ноември. „Лицето се повикува во својство на осомничен, а во врска со постапка што се […]

______________________________________________________________________________________________________

ЈСП ќе пушти уште две линии поради Задушница

Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека по повод верскиот празник Задушница, утре и во сабота, покрај редовната линија 59, во сообраќај ќе бидат вклучени и дополнителен број на автобуси до гробиштата во Бутел кои ќе сообраќаат од Ново Лисиче (59А) и од Кисела Вода (59Б). Возниот ред може да се погледне на нивната интернет страна.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1