22/10/2018 19:42
•
Posted by: MK News
Полициски екипи вршат претрес во куќата на Миленко Неделковски во скопското село Ржаничино, ексклузивно дознава ТВ 21. Од извори од истрагата денеска ТВ21 објави дека новинарот Миленко Неделковски е приведен и донесен во ПС во Велес. Неделковски е приведен поради закани и ширење омраза на социјалните мрежи. Приведувањето го најави самиот Неделковски кој што на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 19:40
•
Posted by: MK News
Вечерва во просториите на Владата на Република Македонија, заедничка прес-конференција одржаа заменик државниот секретар за европски прашање во САД, Метју Палмер и Премиерот на Република Македонија Зоран Заев. Прв на новинарите им се обрати Премиерот на Македонија. „Држаниот секретар за европски прашања во САД Метју Палмер дојде во еден исклучително важен момент за Македонија, само […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 18:37
•
Posted by: MK News
Формирањето на Комисијата за помирување која беше најавено за денеска е одложено за во среда. Собранискиот спикер Талат Џафери е во официјална посета на Чешка. Бидејќи утре е неработен ден, собраниски извори најавија дека формирањето на оваа комисијата може да се очекува во среда. Засега не се откриваат детали за процесот. Нејасно е кој сè […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 18:21
•
Posted by: MK News
Тројцата пратеници обвинети за собраниските настани од 27 април прв пат по гласањето за уставни измени присуствуваат на судење.. Велат дека легално ќе ја докажат својата невиност.. Според Арнаудов, Прогласот на обвинетите во случајот 27 април испратен до опозициската ВМРО-ДПМНЕ бил во интерес на државата.. Вели дека неточни се информациите оти му биле понудени пари […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 18:14
•
Posted by: MK News
Новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес. Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат. Според извори на истрагата, Неделковски е повикан поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 16:00
•
Posted by: MK News
„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога… Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена. Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 15:52
•
Posted by: MK News
Не е време за создавање поделби. Ни треба единство како никогаш до сега, вели екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков во изјава за Прес 24. „Отфрлам било какви шпекулации за мое влијание врз претседателот на партијата, органите на партијата, пратениците или која било друга организациска структура во нејзин состав. […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 15:09
•
Posted by: MK News
„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоја појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба која гласачите им ја дале на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 15:06
•
Posted by: MK News
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи состанок на кој главна тема ќе бидат случувањата во Собранието по усвојувањето на потребата за уставни измени согласно договорот од Преспа. Поради тоа што седумина пратеници гласаа за уставни измени лидерот Мицкоски објави дека тие ќе бидат исклучени од партијата.
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 14:25
•
Posted by: MK News
Осумдесет пратеници во петокот во Собранието гласаа „за“ почеток на уставните промени, а премиерот Зоран Заев уште еднаш, овојпат преку својот Твитер налог им се заблагодари на сите кои гласале „за“. „Искрено благодарам на сите пратеници за историската одлука која ја донесоа во Собранието. Децата на Македонија ќе бидат горди на сите нив. Сите ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер со пониски температури се очекува во земјава во среда и четврток. Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали. Температурата ќе се движи од 4 до 21 степен. Во среда од крајот на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, кој денеска престојува во посета на Македонија, претпладнево во МНР на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 14:07
•
Posted by: MK News
Пратеникот Илија Димовски со писмена изјава се огласи во врска со бурата во ВМРО – ДПМНЕ во која е категоричен дека „нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата ја пренесуваме интегрално: „Останувам на мојот принципиелен став за тоа дека договорот од Преспа има штетна содржина во себе, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 13:44
•
Posted by: MK News
Од рак на дојка во Македонија годишно умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години. Превенцијата вклучува самопреглед на дојките и мамографски преглед со цел болеста да се открие во претклинички стадиум. Минатата година се регистрирани 218 случаи на рак на дојка кај […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 13:12
•
Posted by: MK News
Сите 80 пратеници кои гласале за уставните измени во Собранието се под засилено обезбедување на Министерството за внатрешни работи, соопшти денеска министерот Оливер Спасовски. Тој рече дека заканите доаѓале од „група блиска до иницијативата Бојкотирам“. Станувало збор за закани по живот и по имотот на повеќе пратеници од страна на оваа група. „Се додека има […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 13:05
•
Posted by: MK News
СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.Н. (38) од Коњари, скопско, поради споделена објава- коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 13:04
•
Posted by: MK News
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со заменик помошникот на државниот секретар на САД, г. Метју Палмер и со американскиот амбасадор во Македонија, г. Џес Бејли. На средбата се дискутираше околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција. Ахмети […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2018 10:42
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во писмо до досегашниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, вели дека е разочаран од веста за неговата оставка, и изразува благодарност за неговата посветеност за затворање на прашањата со соседите. – Со разочарување ја примив веста за твојата оставка од Министерството за надворешни работи на Република Грција бидејќи веќе […]
______________________________________________________________________________________________________