05/10/2018 18:49
•
Posted by: MK News
По денешната информација дека Апелацискиот суд во Скопје делумно ја уважил жалбата на првообвинетиот Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ на СЈО, а во целост ја потврдил казната на второбвинетиот Никола Груевски, Основниот суд Скопје 1 ги објасни следните чекори на судскиот систем. „Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2018 18:45
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција. Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2018 18:43
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја оцени како „политички притисок и политички прогон“ одлуката на Апелацискиот суд да му ја потврди првостепената затворска пресуда за случајот „Тенк“. – Како што знаете станува збор за политички прогон, за политички монтиран процес што се тера. Единствено нешто што се промени од мојата прес-конференција во […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2018 12:16
•
Posted by: MK News
Апелацискиот суд во Скопје ја потврди двегодишната затворска казна за поранешниот премиер, Никола Груевски. Истовремено, казната за осудениот Ѓоко Поповеки, поранешниот шеф на јавните набавки во МВР, е намалена од 6,5 на 4,5 години. Двајцата беа казнети во предметот на СЈО, „Тенк“, што се однесува за малверзации при набавка на луксузен „мерцедес“ во 2011 година.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2018 12:11
•
Posted by: MK News
Денот на народното востание 11 октомври 2018 година (четврток), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. МТСП им го честитаат Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 22:48
•
Posted by: MK News
Како што соопшти потретседателот на партијата Алкесандар Николовски по седницата на Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека за време и по референдумот се вршени притисоци. Како што рече, над 50.000 гасови биле злоупотребени во текот на референдумот, а и грубо биле полнети кутии. – Голем број граѓни кои не излегоа или излегоа и гласале „против“ се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 22:43
•
Posted by: MK News
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, а утре ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинитество против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај. Како што соопшти потретседателот на партијата Алкесандар […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 22:03
•
Posted by: MK News
Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот, заклучи вечерва централното претседателство на ДУИ. Претседателството на седницата во мала Речица оцени дека со евентуални избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што, пак, може да доведе до […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 22:01
•
Posted by: MK News
Заврши вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на која требаше да се разгледаат трите барања – техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот. Се очекува изјава за медиумите да даде потретседателот на партијата Александар Николовски кој треба да ги соопшти […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 21:57
•
Posted by: MK News
Од вчера Клиниката за Гинекологија и акушерство има и економски директор., По пауза од шест години, најголемото родилиште во земјата доби втор менаџер. Ваљон Беља кој е кадар на ДУИ ќе управува со финансиите и ќе биде вршител на должноста. Неофицијално, неговото назначување е договор меѓу коалиционите парнери СДСМ и ДУИ. Од Министерството за здравство […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 21:55
•
Posted by: MK News
-Не може Европската Унија и НАТО да биде алиби за лош и штетен договор. Не можете да прифаќате договор во кој постои одредба дека ќе се оди на референдум, а вие да не обезбедите национален консензус во државата. Не можете да прифатите промена на Уставот, без да обезбедите дво-третинско мнозинство во Парламентот. Затоа посочив дека […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 14:15
•
Posted by: MK News
По повод манифестацијата „Бела ноќ“ јавниот превоз ќе биде бесплатен на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот. Како што соопштуваат од ЈСП, бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот во сабота на 6 октомври, до 6 часот во недела на 7 октомври.
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 14:12
•
Posted by: MK News
Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев. – Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Самите институции дадоа свои коментари. Да се бара […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 13:06
•
Posted by: MK News
Без разлика на нашите досегашни ригидни ставови, во интерес на партијата и на иднината на државата сметаме дека е дојдено време да си подадеме рака. Сега е време за надградба на домашниот и меѓународен кредибилитет на државата и партијата. Секое тактизирање околу брзата реконструкција и обединување на прогресивните и чесни патриотски сили ќе значи дополнителна […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 11:52
•
Posted by: MK News
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишат платформа со која ќе се обврзат дека нема да поддржат промена на името и нема да гласаат амандмани за промена на Уставот, дознава Пресинг ТВ. Како што брифирираат партиски извори секој народен избраник од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја потпише оваа платформа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се актуелни периодов, откако тројца од нив […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 11:49
•
Posted by: MK News
Агенцијата за обезбедување „Никоб“ за три милиони евра ќе обезбедува 30 државни објекти во наредните три години. Оваа агенција го доби тендерот и потпиша договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Следните три години, според барањата на тендерот, Агенцијата ќе треба физички да ги обезбедува обектите на државните органи, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 11:46
•
Posted by: MK News
Петар Богојески кој вчера беше разрешен од заменик генерален секретар во ВМРО ДПМНЕ, по повод оваа одлука се огласи на „Фејсбук“. „Ја поздравувам одлуката на ИК на ВМРО ДПМНЕ во врска со мојот активизам во раководните структури, но не и во Партијата. Искажувам благодарност што сум ослободен од одговорноста што ја носев на себе и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 11:35
•
Posted by: MK News
Реформаторот Петар Богојески е разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Пресинг Тв од партиски извори дознава дека ваква одлука вчера вечер донел Извршниот комитет на партијата. Богојески е сменет поради непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела. Богојески е само разрешен, но не и исклучен од партијата. […]
______________________________________________________________________________________________________