Archive | Македонија RSS feed for this section

ИО на СДСМ донесе одлука за предвремени парламентарни избори

Извршниот одбор на СДСМ ги овласти претседателот и координаторот на пратеничката група, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори. Заврши состанокот на Извршниот одбор на СДСМ на кој беше разгледувана состојбата и следните чекори по неделниот референдум во Македонија. Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по состанокот […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ не го признава референдумот – на избори само со техничка влада

Денеска Извршниот комитет на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок после кој заклучоците ги искажа Александар Николоски, потпретседател на партијата. „Бевме сведоци на еден криминален процес и резултатот на референдумот не го признаваме. Во исто време упатуваме порака до власта да престане со бркање од работа на сите оние кои не сакале да излезат на […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ: Предвремени избори ако ВМРО-ДПМНЕ не ја почитуваат волјата на над 600.000 граѓани

Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет, соопшти СДСМ по седницата на Извршниот одбор на партијата. – Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ соопштува за одлуките по Извршниот комитет

Предмалку заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по што Александар Николовски ги соопшти донесените одлуки. -Целата постапка за референдумот ја прогласуваме за голем фалскификат и резултатот не го признаваме. Би сакале да упатиме порака до власта да престане со шиканирање и бркање од работа на оние кои не гласаа. Согласно на ова, ИК заклучи […]

______________________________________________________________________________________________________

Данев: Ако има тајно гласање ќе ја напуштам седницата

Ако има тајно гласање ќе ја напуштам седницата, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. „Веднаш по завршување на референдумскиот ден јас го кажав личниот став, дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, рече Данев. Тој повтори дека цензус нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Пензионерите добија повисоки пензии

Пензионерите овој месец добија повисоки пензии, а висината на зголемувањето кај секого e различна во зависност од основната пензија, некои добиле и по 1.000 денари плус, а оние со повисоки пензии и по 1.500 денари. Пензионерите задоволни од зголемувањето, но во дилема на што се должи тоа. Од Министерството за труд и социјална политика објаснуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Со убедливото мнозинство „За“ должност е да се оди напред

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров истакна денеска дека со убедливото мнозинство граѓани кои излегоа да гласаат на референдумот и дадоа поддршка за Договорот од Преспа, должност е да се оди напред со или без нови избори. Тој денеска на својот Фејсбук профил објави статус насловен „Факти за референдумот“.– Да имаше еден, ЕДЕН глас ПРОТИВ […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Вака изгледа играта „Фрлање дете од прозор“ која се игра во скопските училишта

Вчера МВР објави информација дека во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, четворица ученици фрлиле своја соученичка од прозорот на училнцата која била на приземје. На Фејсбук стрната „Види вака“ беше објавено видео на кое се гледа како изгледа оваа игра, која станува популарна меѓу основците. Веста за ваквата игра која за децата изгледа смешна, […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ: Почната е постапка за исклучување на Боро Стојчев од партијата

Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанкулоска се расплака: Имам право да се грижам за моето бебе

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Кривичниот суд во завршните зборови во предметот на СЈО „Тенк“, каде ѝ се суди одвоено поради породувањето, плачејќи рече дека судијката судот отпочеток бил пристрасен кон неа и нефер, зашто знаел дека гледа доенче и оти не можела поради тоа да пружи квалитетна одбрана. Во ниту […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО – ДПМНЕ вечерва ќе се консултира на сединца на Извршниот комитет, а утре на Централен

На седница на Извршниот комитет вечерва ВМРО-ДПМНЕ ќе ги дефинира следните чекори по неуспехот на референудумот во неделата. Опозицискиот лидер најави дека по консултациите со пратеничката група и партиските тела, ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука во врска со понудата на Заев за брзи предвремени избори. Мицкоски веќе ги најави трите услови кои опозицијата ги поставува и […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски му ги испорача на Заев трите услови за предвремени избори

За опозицијата е јасно – Договорот од Преспа е мртов, а власта треба да се откаже од понатамошните правни чекори. Од ВМРО-ДПМНЕ ги повторуваат, велат на предвремени избори само со нов ЈО на предлог на опозицијата, Анкетна комисја за референдумските нерегуларности и Пржинска Влада со комплетен мандат. „Неотповиклива оставка на државниот јавен обвинител, именување на […]

______________________________________________________________________________________________________

23 години од атентатот на претседателот Киро Глогоров

Пред 23 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени […]

______________________________________________________________________________________________________

Апасиев: Не 80, 120 пратеници да имате, во наредни две години не смеете името да го менувате

– Гледам сите правници станавте, па да ви речам у два збора: Не 80, 120 пратеници да имате, у наредни две години не смеете име да мењате, пишува универзитетскиот професор, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил. – Одлуката на задолжителниот Референдум од 1991 останува во правна сила и важи за сите erga omnes, се додека […]

______________________________________________________________________________________________________

Тајно гласање како опција за мнозинство во праламентот

Јавна расправа по уставните амандмани согласно преспанскиот договор, но тајно гласање за нив во парламентот. Ова е една од опциите на која размислувала владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ со цел да обезбеди пратенички гласови од ВМРО-ДПМНЕ за да го стигне потребното мнозинство од 81 пратеник за промена на Уставот. Гласањето зад параван го толкуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

„Плусинфо“: Заев нема да се сретне со Мицкоски, ќе се оди на избори

Премиерот Зоран Заев најверојатно нема да се сретне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во врска со уставните измени за Договорот , со што речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори. Оваа информација со назнака ексклузивно вчерa ја објави порталот Плусинфо, повикувајќи се на висок владин функционер. Изворот […]

______________________________________________________________________________________________________

Попушти железничкиот мост на Црна река кај Стоби

Попушти железничкиот мост над Црна Река во близина на локалитетот Стоби. Од Македонски железници информираат дека се работи за сериозно оштетување на носечките столбови предизвикано од надојдената река и затоа од петокот целосно е стопиран железничкиот сообраќај на релација Велес-Гевгелија. “Настанатата деформација ја забележал машиновозачот на последниот воз што поминал над мостот. Се надевам дека […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО Столтенберг: Нека ви е јасно или целосно ке го примените договорот за името или нема во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговара на прашања за исходот од референдумот, очекувањата во следниот период. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/911331912405303/ „Нема шанси Македонија да стане членка на НАТО без да го прифати договорот со Грција и да го промени името. Има некои кои мислат дека постои можност за друг договор, и друга алтернатива за членство во НАТО. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1