20/09/2018 11:51
•
Posted by: MK News
Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште за случајот „Шпион“ истакна дека на новинарот Зоран Божиновски му дал 5 илјади евра за добивање на информации од компании кои тој сакал да ги откупи, а Божиновски иако не му ги дал потребните информации, барал дополнително пари, тврдејќи дека вложил многу труд во истражувањето на сопствениците, како и […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2018 11:50
•
Posted by: MK News
Крокодил од Зоолошката градина во Скопје избегал од своето живеалиште, направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките, потврдија од Зоолошката градина, пишува Призма. Според директорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски, настанот што се случил не бил единствен, тие и претходно имале дојави дека крокодилот излегува од своето живеалиште и дека треба да се смени […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2018 11:41
•
Posted by: MK News
– Ако референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна и ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува, рече вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски на вечерашната дебатна емисија на ТВ 21. – Ако референдумот е успешен и ако мнозинството граѓани се изјаснат „за“ дека го поддржуваат сето ова, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2018 11:39
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон ќе има средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. – Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, соопшти владината прес-служба. Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2018 11:34
•
Posted by: MK News
Станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба, е исчистен од екипа на Комунална хигиена, информираа утрово од МВР. Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2018 11:31
•
Posted by: MK News
Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани изјавија дека причината за тоа е нехигиена во еден од становите. Тие забележале повеќе употребувани пелени со измет, а пак, под скалите во зградата каде престојувал бездомник имало 10-ина шишиња со урина. Неофицијално, мирисот е од амонијак. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 16:03
•
Posted by: MK News
Од 1 јануари 2019 година бројот на деца кои ќе користат детски додаток од сегашните 3.200 ќе се зголеми на 73.500 бидејќи оваа поволност ќе ја користат и семејства во кои еден родител е вработен и зема минимална плата. – Критериумот зошто имаме толкаво зголемување е тоа што сега семејство во кое еден родител е […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 16:03
•
Posted by: MK News
Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска од псотапката за настаните во Собранието на 27 април минатата година. Кацарска на продолжението на рочиштето попладнево му го достави решението на адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, кој побара нејзино изземање бидејќи се сомнева дека таа е во […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 16:00
•
Posted by: MK News
Зоран Заев на среде рокот за водење на референдумска кампања, мора да застане со лагите, манипулацијата, заканите и поткупот на гласачкото право. Каква ќе биде „Непријатната измена“ и како ќе гласи Преамбулата според грчките условувања? Зоран Заев мора да каже што договорил и што прифатил да се избрише од Уставот согласно прифатените грчки услови во […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 15:56
•
Posted by: MK News
На Јутјуб се појави видео: #Бојкотирам неуставен геноциден референдум за името! Никогаш “Северна“, Секогаш Македонија. Видеото во себе крие и текстуална порака, погледнете го во продолжение.
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 15:48
•
Posted by: MK News
Пред сослушувањето на третиот сведок Курто Дудуш, судењето за настаните на 27 април минатата година во Собрание на РМ е прекинато, бидејќи му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ. Судијката Добрила Кацарска даде пауза од половина час, а интервенираше и итна медицинска помош. Претходно сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ. Тој на прашање на обвинителката Вилма Русковска […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вчера имал сообраќајна несреќа со автомобил во која за среќа поминал без повреди. Несреќата според информациите објавени во медиумите се случила вчера кога Тачи во попладневните часови во блиизина на Охрид со автомобил се враќал од Тирана а од патот излетал на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 13:34
•
Posted by: MK News
Адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, на денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април лани, побара изземање на судијката Добрила Кацарска бидејќи се сомнева дека таа е во роднински врски со некој од оштетените во предметот. Судијката побара да го образложи ваквото барање, а тој рече дека во текот на денот ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 13:32
•
Posted by: MK News
Додека судот одлучуваше за уставноста на одлуката за распишување референдум, десетмина граѓани одржаа мирен собир пред Уставен. Со транспаренти порачаа деветте уставни судии треба да мислат на достоинството на поколенијата и како што рекоа – да не бидат дел од предавството. Подносителите на иницијативата пак, после одлуката на судиите, излегоа со став дека денеска е […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 13:12
•
Posted by: MK News
Стабилно, суво и топло време ќе има до понеделник, а веќе од вторник се очекува позначителна промена на времето со поизразено заладување и опаѓање на температурите. Управата за хидрометеоролошки работи најавува извесно зголемување на облачноста во недела кога се очекува да има благо опаѓање на дневната температура и умерен северен ветер. До недела дневните температури […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 13:11
•
Posted by: MK News
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. За отфралење на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца – Елена Гошева и Јосиф Јосифовски. Судијата известител Елена Гоешва претходно предложи да се поведе […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 13:07
•
Posted by: MK News
Владата нема да толкува одлуки на Уставен суд во ниту една ситуација, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментираат одлуката на уставните судии за отфрлање на иницијативата за оспорување на референдумот. – Тоа што го имавме ние за референдумот го искажавме повеќе пати. Сметаме дека тоа е највисокото демократско […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2018 13:05
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола за сторени три кривични дела “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. На 16/17 април годинава во Битола на улица “Караорман”, во домот на првопријавениот, истиот извршил обљуба врз 12 годишно дете […]
______________________________________________________________________________________________________