18/09/2018 22:32
•
Posted by: MK News
Денеска во Јавното Обвинителство доставивме кривична пријава која што веќе ја најавивме во саботата на прес-конференција против премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој што јавно на митинг во Крива Паланка повика на поткуп при избори што е спротивно на чл. 160 и чл.162 од Кривичен Законик и тоа е казниво дело. Ја поднесовме кривичната […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 22:21
•
Posted by: MK News
Владата следната година ќе издвои 2,2 милијарди денари за зголемување на социјалната заштита. Реформата на социјалната заштита ќе стартува на почетокот на следната година, а од февруари 2019 година корисниците на социјална помош можат да очекуваат повисоки износи. Ова денеска го најавија на прес-конфереција во Владата, премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 22:20
•
Posted by: MK News
Овластен градежен инспектор на општина Центар со полициска придружба денеска затвори нелегално градилиште во населбата Кале, откако во текот на вчерашниот ден донесе решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови, оградни ѕидови, помошни објекти и доградба. На инвеститорот на градбата од Oпштината му било наложено веднаш да престане со градење и да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 22:17
•
Posted by: MK News
Убеден сум дека цела Македонија ќе донесе историска одлука. Ова е шанса што не се пропушта. Нашиот народ знае колку е историски важно оваа шанса да не смееме да ја пропуштиме, порача вечерва премиерот Зоран Заев на трибина во Кратово организирана од коалицијата „За Европска Македонија“ за претстојниот референдум. На граѓаните од Кратово им порача […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 12:33
•
Posted by: MK News
Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Србија” во Скопје, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица пешаци – возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука. – Поради сериозноста на повредите, жената и нејзината внука итно беа пренесени во Ургентниот центар. Во текот на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 12:30
•
Posted by: MK News
Енвер Тоска, осомничениот за свирепото убиство во Прилепско имал завршено образование за физиотерапевт, а бил запишан и на курсот во Полициската академија, пишува порталот Сведок. „Но, таму покажал слаби резултати и првично не бил викнат на работа. по интервенција на високи структури од ДУИ, како што тврдел самиот лично од Али Ахмети, со кого наводно […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 12:29
•
Posted by: MK News
Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи. Таквата можност е предвидена со Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи, што ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 12:22
•
Posted by: MK News
Се додека постојат етничките граници општествата во регионот нема да напредуваат. Ни треба една јавна сфера во која луѓето се активни, а медиумите се клучни елементи на една таква јавност. Да се завртиме повеќе кон реалноста и да видиме што може да се стори краткорочно и среднорочно за постепено да се смени и подобри ситуацијата […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 12:20
•
Posted by: MK News
Над 145.000 канадски долари досега се дадени како поддршка на кампањата за бојкот на референдумот, закажан за 30 септември годинава. Најголем дел од канадската донација, односно 100.000 долари е од бизнисменот Крсте Ивановски, објави Вечер. Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 12:17
•
Posted by: MK News
Премиерот Заев не е единствениот висок македонски претставник кој се сретнал со лажниот шеф на „Империјалната куќа на неговото височество принцот на Македонија и Црна Гора”. Откако во саботата во зградата на Владата Стефан Чернетиќ му дал орден на премиерот Заев, на повик на Црногорецот што лани во Италија беше уапсен за лажно претставување наседнал […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2018 12:12
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев го примил Стефан Чернетиќ, човек кој лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија. Заев добил и орден од наводниот принц. -Кралското семејство од Црна Гора и Македонија, принцот Стефан, принцезата Карола и синот принц Константин имаа чест да бидат официјално пречекани во владината палата во Скопје, Република Македонија од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:59
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје. Тој претпладнево учествува на отворањето на денови на Медиумите ЕУ – Западен Балкан, во организација на Европската комисија. “Квалитетното известување ќе им помогне на граѓаните да донесат информирана одлука. Мислам дека сите медиуми треба да точно да информираат за содржината на договорот и за последиците од гласањето, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:58
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, преку својот фејсбук профил реагираше дека е лажна веста дека ќе гласа „за“ на референдумот. – „Лажна вест е дека сум рекол дека ќе гласам “за” на референдумот. Напротив, реков дека срце не ми дава да заокружуам “за”. Јасно кажувам дека ќе гласам ПРОТИВ договорот, а за ЕУ и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:55
•
Posted by: MK News
Жалам за настанот што се случи, го осудувам, но мора да истакнам дека македонската полиција реагираше веднаш и за неколку часа е утврден сторителот и изведен пред лицето на правдата. Тоа треба да биде поука бидејќи потпишување договор за работа на такви лица, кои не се достојни за полиција, беше одлика на некое друго време, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:39
•
Posted by: MK News
Македонското Министерство за внатрешни работи и германското Министерство за сообраќај утре ќе го потпишат договорот за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи во двете земји. Договорот би требало да стапи во сила веднаш потоа, што значи дека набрзо ќе можат да се заменуваат македонските возачки дозволи во Германија, и обратно. Двете земји постигнаа начелен […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:37
•
Posted by: MK News
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,6, односно за 1,58 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува и останува 74 […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:36
•
Posted by: MK News
Немам информации за руско влијание во Македонија преку ширење на лажни вести изјави премиерот Заев. Рече дека доколку има докази за мешање на одредени земји преку дезинформации јавно ќе ги сподели. Eврокомесaрот Јоханес Хан пак порача дека има уште многу што да се направи за заштита на стандардите во новинарството во Западен Балкан.
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:36
•
Posted by: MK News
Во кривичнот суд денеска треба да продолжи судењето за смртта на Тамара Димовска од Велес.. На обвинителна клупа ќе седнат 12-мина. За несовесно работење во службата одговараат двајца поранешни директори на Фондот за здравствено осигурување, екс директорката на Детска клиника и членови на двете лекарски комисии.. Претходното рочиште за овој случај се одложи поради отсуство […]
______________________________________________________________________________________________________