17/09/2018 14:34
•
Posted by: MK News
Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација. Граѓаните да го искористат своето демократско право и да гласаат на референдумот кој е историски за натамошниот напредок на Македонија на патот на интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ, и во тоа ја имате поддршката од САД, порача американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, истакна претседателот Ѓорге Иванов на средбата со секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Норман Матис. Двајцата соговорници разменија мислења за тековните политички случувања во земјава, за евро-атлантските перспективи и билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста. Македонскиот претседател истакна дека пристапувањата во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава против актерката Ирена Ристиќ според член од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир кој предвидува дека на лице кое „на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:22
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, денеска на панел дискусија рече дека ќе гласа на престојниот референдум кој ќе се одржи на 30. септември, дознава ТВ21. Кога партијата одлучила самите да донесат одлука, тогаш тој ќе биде „ЗА“, рече тој на панел дискусијата.Тодоров рече дека стои на ставот на партијата и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:19
•
Posted by: MK News
Целта на Европската недела на мобилност која во Скопје започна со велопикник и велоекспо е промоција на алтернативните видови транспорт и комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација. Водно е одбрано како локација за овој прв настан од причина што во изминатиот период е направено најмногу за намалување на бројот на возила за […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:18
•
Posted by: MK News
Актерката и активист Ирена Ристиќ синоќа била приведена од полицијата оти пред Влада чистела пикавци, а на социјалните мрежи се огласи за тоа што се случило: – “Дури не ми го земале телефонот…Пробаа да ме стаат у Бардовци!. Ме вратија у Беко! Wow…Другари, за пикавците ли…*имам модрици по раце и пцовки у уши… Алтан ми […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:53
•
Posted by: MK News
Сонуваме сите 27 години и денеска конечно сме исправени да го оствариме нашиот сон, да обезбедиме европска иднина за нашите деца и генерациите после нас. НАТО и ЕУ не поврзува сите, затоа оваа аспирација конечно имаме шанса да ја зграпчиме и бидеме горди оти сме успеале, порача премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир пред седиштето […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:19
•
Posted by: MK News
Добар ден за верниот Исток, но и сите оние кои што од сите краишта на нашата мила мајка Македонија ни се придружија денеска, ова неделно после пладне. Добар ден за достоинствена, горда и пркосна Македонија, и добре ни дојдовте! Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот, неговите следбеници и следбениците на идејата да го […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:10
•
Posted by: MK News
30 дена притвор одреди судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп за Е.Т. (24) од Битола, осомничениот полицаец за свирепото убиство во Прилепско, информира полицијата. Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје. Е.Т. откако беше приведен го призна злосторството кое го изршил над својот пријател Алили Бекир од Битола. Вчера (15.09) […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:03
•
Posted by: MK News
Илјадници граѓани дојдоа во Скопје да дадат поддршка на коалицијата Заедно за европска Македонија . Маршот за европска Македонија тргнa од пред зградата на Црвениот крст со почеток во 13,30 часот, а ќе заврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14 часот со голем граѓански собир во центарот на Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 14:59
•
Posted by: MK News
Народниот правобранител утре ќе отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321, со цел да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање. Од Канцеларијата на народниот правобранител укажуваат на правото на непосредно изјаснување, и сметаат дека изјаснувањето на граѓаните и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 14:51
•
Posted by: MK News
Во Скопје попладнево се одржува Марш за европска Македонија, кој го организира Коалицијата Заедно за европска Македонија, а кој треба да финишира со голем собир на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Почетокот на маршот е од пред зградата на Црвениот крст во Скопје, а да заврши пред […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2018 22:42
•
Posted by: MK News
Плус инфо објави текст напишан од Бранко Геровски со наслов ,,Писмо од еден Македонец кој се колеба дали да гласа,, Во продолжение ви пренесуваме дел од текстот, а целото писмо може да го прочитате на Плус Инфо Брат, гледам, ме повикуваш да излезам на референдумот и да гласам „за”. За НАТО и за ЕУ и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2018 14:49
•
Posted by: MK News
Втор ден поминува без никаква реакција од Јавниот обвинител за отвореното признание на Зоран Заев дека поттикнува и нуди поткуп за купување на гласачко право, обвинува опозицијата. Од ВМРО ДПМНЕ побараа надлежните институции да покренат постапка против премиерот бидејќи, според нив, говорот на Заев е потврда на кривично дело кое во правниот систем на Македонија […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2018 14:46
•
Posted by: MK News
Али Ахмети од Битола: На 30 Септември гласаме за иднината на нашите деца Демократската Унија за Интеграција активноста на вчерашниот ден во рамките на кампањата за референдумот ја заокружи во Битола. Пораката на претседателот на ДУИ, Али Ахмети до граѓаните на Битола е зачленувајќи се во Северно- Атланската Алијанса, Македонија станува поцврста и по почитувана […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2018 14:34
•
Posted by: MK News
Уставните измени што треба да се случат за премиерот Зоран Заев се многу логични и ќе бидат објавени од страна на собраниските комисии што ќе работат на нив по завршување на референдумот и објавување на резултатите. – Промените ќе се направат во преамбулата, членовите 3 и 49. Во преамбулата ќе има само зајакнување на одлуките […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2018 14:32
•
Posted by: MK News
Патриот е секој човек кој што тргнува прво од државните интереси, од интересите на нашиот народ којшто нè прави лични калкулации, туку носи храбри одлуки.“ рече вчера вечер премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина во Кичево. Истакнувајќи ја својата благодарност до сите припадници на останатите и помали етнички заедници во Кичево за разбирањето при постигнувањето […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2018 14:29
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба го граѓаните на Општина Берово. Мицкоски пред граѓаните на Берово потенцираше дека СДСМ иако во предизборието ветуваа дека ќе донесат живот за сите граѓани, не само што не донесоа туку на сите граѓани во Република Македонија им го направија потежок животот. Ниту има домашни инвеститори,а странските исчезнаа и […]
______________________________________________________________________________________________________