16/07/2018 10:51
•
Posted by: MK News
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со услови за краткотрајна нестабилност во северните планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 36 степени, а УВ индексот ќе биде девет. Во Скопје слично време со температура до 33 степени. Делумно зголемување на облачноста со […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2018 20:44
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи циркулира примерок од авторски договор потпишан со Владата за прославата што се одржа вчера, а кој покажува дека потписниците добро знаат што потпишуваат. Според договорот потписниците се согласуваат да настапат на прославата со уметнички труд, музичко сценска изведба, како што стои во документот, по повод поканата од НАТО за членство на Република […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2018 20:39
•
Posted by: MK News
Забавата за НАТО заврши. Власта и граѓаните се забавуваа во 15 градови, а во наредните неколку дена граѓаните ќе треба да бидат информирани колку пари од буџетот ќе се платат за вчерашната забава. Власта прослави, а медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како што ги нарекува власта, потврдија дека концертите пропаднале. Вака беше во Охрид…Порталот Курир објави […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2018 13:58
•
Posted by: MK News
„Зоран Заев и СДСМ со вчерашната прослава доживеаја уште еден пораз и тоа директно од народот односно граѓаните на Република Македонија. Заев уште еднаш ја потцени интелигенцијата на нашиот народ“, велат денеска од партијата на Мицкоски. „Народот се обедини против капитулантскиот договор со кој што Зоран Заев ги исполни грчките црвени линии и прифати да […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2018 13:56
•
Posted by: MK News
Во 15 градови, со 40 музичари, со автентичен домашен звук, граѓаните ширум Македонија го прославија историскиот успех на земјава, добивањето покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, се вели во соопштение од Владата и за утре најавува целосен извештај за прославата. „Граѓаните од целата земја излегоа слободно и прославија, на 15 […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2018 13:52
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува протестен марш во Кавадарци на кој ќе се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Протесниот марш тргна од кај кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот. Обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски следете го во живо:
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2018 22:05
•
Posted by: MK News
Во 15 градови во земјава вечерва се одржуваат прослави по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО. Музичкиот хепенинг под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ го организира Владата. На дел од плоштадите сепак мал број на публика. Фотографиите се објавени од граѓани на фејсбук
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2018 21:52
•
Posted by: MK News
Краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи се очекуват утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во северозападните делови од државата. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на претежно стабилно и топло време. Делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2018 11:40
•
Posted by: MK News
По 17 години од киднапирањето и убиството и 14 години по наоѓањето на делови од телата на 12-те киднапирани Македонци во конфликтот во 2001 година, Крсто Гоговски конечно ќе го најде својот мир. Крсто ќе биде упокоен на гробиштата во село Непроштено и со тоа ќе биде првиот од 12-те киднапирани Македонци кој ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2018 11:33
•
Posted by: MK News
Полицијата преку ДНК анализа ќе го бара насилникот кој го претепал 14 месечното бебе. Ќе се истражуваат сите траги кој ги оставил тој што го претепал бебето кое со денови е на Клиника и не се знае дали ќе се оперира и дали ќе има последици од нанесените тешки телесни повреди, објави 1 ТВ. „Основното […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2018 11:27
•
Posted by: MK News
Под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ денеска во 15 градови низ државата ќе биде прославено добивањето на поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО. Големата граѓанска прослава ја организира Владата на Република Македонија, а најавен е настап на околу 40 македонски музички ѕвезди меѓу кои Кирил Џајковски, Архангел, Дејан […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2018 12:00
•
Posted by: MK News
Правда нема за Никола Саздовски и неговото семејство. Правда нема за убиениот фудбалер Мартин Јанушев и неговото семејство. Правда нема и за десетици други кои ги загубија своите животи или беа брутално напаѓани и бодени со ножеви по улиците во напливот на криминал во Македонија откако СДСМ ја превзеде власта, велат од ВМРО ДПМНЕ СДСМ […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2018 11:52
•
Posted by: MK News
14 дена откако беше крвнички претепан Никола Саздовски , полицијата се уште трага по третиот осомничен напаѓач. МВР од вчера распиша централна потерница по него. Полициските станици низ државата се запознале со случајот, испратена е слика и со здружени сили го бараат осомничениот. Другите двајца се во притвор и вчера за прв пат се соочија […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2018 11:51
•
Posted by: MK News
„Обвинетиот му се доближува и од непосредна близина го вперува пиштолот директно во неговата глава и испукува. Оштетениот е жив не затоа што обвинетиот не сакал да го убие туку затоа што оштетениот Тодоров успеал да се наведне и да помине под неговата рака“, вели Софија Лаличиќ, Судија. Ова е дел од образложението на судијата […]
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2018 11:21
•
Posted by: MK News
Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило, објави порталот СДК. Оваа одлука поминала на Советот на општина Струга. Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и дрога. -По наредба на Основниот суд имаше контрола во […]
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2018 10:46
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи осамнаа фотографии од дрвата на улицата кај хотелот „Александар Палас“, кои при асфалтирањето се целосно соѕидани. Не е оставен ниту простор за наводнување на дрвата, а со тоа ќе се исушат за 3 месеци. Граѓаните се бесни, затоа што со ваквите постапки исчезнува зеленилото од градот.
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2018 10:42
•
Posted by: MK News
Македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев пристигна на самитот на НАТО, каде генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг официјално ќе им ја врачи поканата за започнување на претпристапните преговори за членство во НАТО. По пристигнувањето, премиерот Заев пред новинарите рече дека ова е историски ден за Македонија и најави за во сабота прослава во 15 […]
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2018 10:37
•
Posted by: MK News
Мајка на 11-месечно бебе вчера преживеала вистинска траума. Имено по земањето на своето бебе од една скопска градинка, каде и било посочено дека „е полазено од инсект“, таа поминува цел ден по болници за испитување на здравствената состојба на малечкото, кое гледа дека е гризено, драскано и со удар на главата. Еве ја нејзината приказна, […]
______________________________________________________________________________________________________