17/06/2018 09:59
•
Posted by: MK News
Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, денеска во Преспа под зајакнати безбедни мерки и во присуство на високи претставници на меѓународната заедница треба да ги стават своите потписи на договорот меѓу двете земји за конечно решавање на спорот за името, со кој е предвидено ерга […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 09:56
•
Posted by: MK News
Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 09:55
•
Posted by: MK News
Во Псарaдес денеска во 9.30 часот, Владите на Република Македонија и на Република Грција со свечена церемонија ќе го потпишат договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство. Договорот, како што е најавено, ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и Никос […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2018 22:24
•
Posted by: MK News
На неколку часови пред официјализирање на договорот за спорот за името во Преспа, премиерот Зоран Заев смета дека тој носи придобивки за Македонија и Грција. Ова го изјави за време на средбата со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која е во дводневна посета на Македонија, вчера во Струмица, денеска во Скопје. -Протести имаше […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2018 22:22
•
Posted by: MK News
Утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони и на север во Скопско. Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекува условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2018 22:19
•
Posted by: MK News
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во негово учество во грчката национална телевизија накратко објаснува: Ние нема да ги ословуваме како Македонци ние ќе ги ословуваме како Славомакедоци. Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, потсетувајќи на пишана изјава на алтернативниот грчки министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос кој вели дека во договорот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2018 22:09
•
Posted by: MK News
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа оценил дека договорот на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас е исклучително штетен и е спротивен на државните и националните интереси на Република Македонија. -Договорот сам по себе ги одразува грчките максималистички барања. Ваквиот договор предвидува уставни измени кои ќе имаат несогледливи последици по идентитетот на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2018 22:06
•
Posted by: MK News
Во Псаридис утре Владите на Република Македонија и на Република Грција ќе го потпишат договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, соопшти владината прес- служба. Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ја предводи делегацијата, на свечената цермонија која ќе се одржи на македонската и на грчката страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/06/2018 22:01
•
Posted by: MK News
Протест пред Собранието против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција се одржа и вечерва. Демонстрантите бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Утре пред посредникот за спорот со името Метју Нимиц, договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 15:42
•
Posted by: MK News
Силен ветар и поројен дожд попладнево повторно го зафати Скопје. Во населбата Тафталиџе поточно кон Карпош 3 , откорнато дрво уништи автомовил. ФОТО: Фејсбук група Ѕид на сообраќајниот срам
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 15:40
•
Posted by: MK News
Нестабилно време со пороeн дожд проследен со грмежи, засилен ветер и локална појава на град во попладневните часови на повеќе места најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови сe очекува да наврне и поголема количина на воден талог, додека преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, кој попладне […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 15:34
•
Posted by: MK News
Раководството на штипската Клиничка болница резултатите од обдукцијата на починатата 28-годишна родилка, Маја Паневска од Свети Николе ги очекуваат најрано во понеделник. Паневска почина вчера во раните утрински часови. – Обдукцискиот наод од Судска медицина ќе ги покаже причините за прераната смрт на родилката Паневска, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. Паневска почина 24 […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 15:33
•
Posted by: MK News
Нестабилно време со пороeн дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопскиот регион. Невремето во Скопската котлина, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи за МИА, дошло од Штипскиот и Кумановскиот регион. До крајот на неделата се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 12:08
•
Posted by: MK News
Комесарот за проширување Јоханес Хан вели дека е уверен оти земјите-членки на ЕУ ќе дадат зелено светло за почеток на пристапни преговори со Македонија, пренесува Дојче Веле. Договорот на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев кој би требало да му стави крај на деценискиот спор околу името и даде замав на европската политика на проширување во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 12:07
•
Posted by: MK News
Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа, но на територијата на БЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Најверојатно денот на потпишување ќе биде недела – 17 јуни. Како што е познато договорот ќе го потпишаат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 11:59
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Сулејман Реџепи, со порака и желби до сите верници од исламската вероисповед, празникот да ги исполни со топлина и радост нивните домови и души. Во честитките по повод Рамазан Бајрам, премиерот посакува празникот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 11:56
•
Posted by: MK News
Македонскиот премиер Зоран Заев преку „Фејсбук“ порача дека силно верува во успех на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата. – На 73. седница го разгледавме и усвоивме извештајот за договорот за решавање на македонско-грчкиот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 11:54
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во државава. – Рамазан е време на пост, солидарност, добрина и простување. Овие моменти се потсетник […]
______________________________________________________________________________________________________