14/06/2018 20:16
•
Posted by: MK News
Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста. Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата. – Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 20:06
•
Posted by: MK News
По 4 месечен престој на интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство, денеска со родилна тежина од 2450грама, попладнево ја напушти клиниката за гинекологија. Тоа попладнево беше отпуштено од болницата и веќе се наоѓа дома со своите родители. Од клиниката велат дека во оваа прилика сакаат да ги охрабрат сите родители чии деца престојуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 19:56
•
Posted by: MK News
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ попладнево оддржува седница на која меѓу другото ќе заземе став за договорот за името. Според најавите од партијата по седницата ќе следува или соопштение или изјава.
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 19:47
•
Posted by: MK News
По затворената седница на Владата на која треба да помине договорот за името и тој да се декласифицира за да биде достапен за јавноста, изјава на владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:46
•
Posted by: MK News
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската Унија. Ахмети синоќа во емисијата „Пресинг“ на приштинската Т7 рече дека „нема Албанец кој не ја […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:43
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер, Никола Груевски, се огласи на Фејсбук во врска со договорот со Грција. „Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот“, напиша Груевски.
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:40
•
Posted by: MK News
Нови членови на надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје се Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми. За членови на надзорниот одбор, како што информираат од банката, Чифлиганец и Етеми се избрани на денеска одржаното Собрание на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје. Ванчо Чифлиганец и бизнисменот Фатмир Етеми. И двајцата доаѓаат од градежниот сектор како […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:35
•
Posted by: MK News
Викендов министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, треба да го потпишат договорот за промена на името на Република Македонија. На потпишувањето, веројатно некаде во Преспа, ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Уште необјавен, овој договор веќе предизвикува голем број реакции дека се прифатени речиси […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:31
•
Posted by: MK News
Порталот Денешен.мк анализира дека Договорот со Грција има многу небулози, за нас се разбира еве една од нив: На пример, во член 7 став 2 од Договорот се вели: 2. Кога термините (се мисли на термините изведени од Македонија, н.з.) се однесуваат на Првата страна (Грција, н.з.), овие термини ја означуваат не само областа и […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:19
•
Posted by: MK News
Продолжува влијанието на моќниот циклон Силвија кој во текот на вчерашниот ден (среда) донесе големо невреме во голем дел од државава предизвикувајќи штети и паднати дрвја во скопскиот регион а на многу места е регистрирана и појава на град, објавува метеорологот Славчо Попоски. Во текот на денешниот ден, четврток претпладнево на запад ќе има нешто […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:11
•
Posted by: MK News
Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Република Македонија туку со сите останати институции како со Претседателот, така и со Народното Собрание и со опозицијата. Тоа е начинот навистина да имаме конструктивни, добрососедски и пријателски односи, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан како го коментира откажувањето на средбата со […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:08
•
Posted by: MK News
Во рок од шест месеци од стапувањето на сила на договорот со Грција, земјава ќе треба да го испита статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктури на нашата територија и доколку тие на кој било начин се однесуваат на античката историја на Грција и на цивилизацијата што претставува интегрален дел од историското или културното наследство […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2018 15:03
•
Posted by: MK News
Македонски Брод и Македонска Каменица, единствените топоними во Република Македонија, кои ја содржат продавката „македонски“, куртулија од договорот за решавање на спорот за името. Договорот ги поштедува овие градови, па така, тие и во иднина, ако воопшто се имплементира овој договор, ќе продолжат да се викаат Македонски Брод и Македонска Каменица. Во договорот што го […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2018 21:56
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев тврди дека е државна тајна меѓународниот договор со Грција за името, а грчките медиуми го објавија во целост овој документ за кој тврдат дека е токму договорот кои треба да го потпишат Заев и Ципрас. Во продолжение погледнете го договорот меѓу Заев и Ципрас напишан на 20 страници што веќе го објавија […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2018 21:49
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија со жалење констатира дека претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2018 21:47
•
Posted by: MK News
Дрва и гранки паѓаа при невремето во Скопје и оштетија автомобили. Оваа фотографија е објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам. Најмногу дожд во изминатите девет часа наврнал во Скопје, каде што до 16 часот се измерени 11 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Десет литри на метар квадратен се измерени во Ѓуриште. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2018 21:39
•
Posted by: MK News
Врие народ пред Собрание на протестите за промената на името и договорот со Грција. Едно име имаме ечи пред Собранието каде е забележао и засилено полициско присуство. Се повеќе граѓани се упатуваат кон Собранието на Република Македонија за да го изразат своето незадоволство од Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2018 18:46
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за МИА го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. – Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и […]
______________________________________________________________________________________________________