Archive | Македонија RSS feed for this section

По светската промоција, Самсунг ги претстави Самсунг Галакси С9 и С9+ и во Македонија

Со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ до неверојатни можности за модерна комуникација: супер бавно “slow-mo” видео, најдобра камера за снимање при слаба осветленост, пиктографи за изменета реалност запоперсонализиран начин на изразување Скопје, Македонија – 12. Март, 2018 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Нека се донесе законот за јазиците и ќе видиме дека не е нешто болно

Премиерот Зоран Заев очекува неделава да биде затворено прашањето за законот за употреба на јазиците. На заедничката прес-конференција во Владата со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, Заев рече дека дебатата за ова прашање е отворена веќе девет месеци и треба што побрзо да биде затворена.– Сите кажаа сé што имаа, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Протест на новинарите пред Влада

Новинари од повеќе медиумски куќи се собираат пред ЗНМ за да му изразат поддршка на претседателот на Здружението, Насер Селмани, кој добивал закани за животот од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани. Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), рече дека Синдикатот не прифаќа никакви осуди од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Османи: Никој нема да го штити Асани

Вицепремиерот, Бујар Османи, ги повика денеска надлежните да преземат мерки во врска со навредите и заканите што Беќир Асани од ДУИ му ги испраќал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој денеска го осуди однесувањето на Асани и рече дека ниту тој, ниту Владата, нема да штитат никого. -Наша волја е да создадеме законска рамка […]

______________________________________________________________________________________________________

Ја затвори кладилницата: 70 годишен дедо од Охрид со 20 денари фатил 80.000 евра

По сензационалниот Ване Лесновски од Прилеп кој зема пола милион евра сега убава вест за охриѓанец кој имал многу среќа. 70-годишен играч од Охрид во кладилница погодил пет пара и тоа со страшни коефиценти над 20 па заработил 80.000 евра за влог од 20 денари, пренесе Офнет.

______________________________________________________________________________________________________

Каде одат донациите: Расфрлани чевли на Скопска Црна гора

На социјалните мрежи се шират фотографии од расфрлани обувки на Скопска Црна гора, меѓу Чучер Сандево и Горно Блаце. Загрижени граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од депонија полна со обувки на локација, како што наведуваат, на Скопска Црна Гора. Граѓаните бараат комуналната инспекција да излезе веднаш на терен и да го пронајде несовесниот загадувач, […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре дожд, од петок пообилни врнежи најавуваат од УХМР

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во текот на утрешниот ден во крајните западни и источни делови од Македонија ќе има локални врнежи од дожд со ретка појава на грмежи и ќе дува засилен западен ветер. Во среда и четврток, пак, во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време, а нови врнежи […]

______________________________________________________________________________________________________

Борисов во Македонија: Жалиме за жртвите од холокаустот, такви грешки не смеат да се повторат

Нацистите кои биле тука направиле нечовечки нешта со живи човечки суштества. Се разбира, ние многу жалиме, и денеска сме тука, затоа што секој човечки живот секој кој бил пратен да изгори во логорите не треба да се заборави, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов на одбележувањето во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години. – […]

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО постапува по случајот за уапсениот советник на Спасовски

Основното јавно обвинителство – Скопје дава насоки и постапува по предметот за уапсениот функционер на Министерството за внатрешни работи, со иницијали Д.С., кој се сомничи за злоупотреба на службената должност. Се очекува во текот на денов Јавното обвинителство да излезе со повеќе информации за случајот. Од Министерството за внатрешни работи засега не кажуваат новини за […]

______________________________________________________________________________________________________

Сончево и топло, до 20 степени викендов – но после не чека невреме

Времето денеска ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 10 до 20 степени. Во Скопје слично време со температура од нула до 19 степени. Во понеделник се уште ќе биде топло, но ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна Предраг Петрушевски Бинго – семејството моли за помош

Членови на семејството на претседателот на Здружението на бранители од Куманово Предраг Петрушевски Бинго бараат помош од граѓаните да го пронајдат нивниот татко и сопруг кој е пријавен за исчезнат. Ќерката на Петрушевски на својот фејсбук профил информира дека татко и, поранешен бранител, е исчезнат од вчера и дека му се губи секаква трага од […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во зграда во Скопје кај Педагошки – изгореа два стана во изградба

Пожар избувна попладнево во зграда во изградба лоцирана на булеварот „8 Септември“ спроти Педагошкиот факултет. Од МВР за Курир информираат дека пожарот кај нив бил пријавен од случаен минувач во 15:40 часот кој рекол дека се гледа густ црн чад. Командирот на противпожарната бригада на градот Скопје, Ѕвонко Томевски во изјава за Курир вели дека […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ: Ако нема Закон за јазици нема да има ни Влада

Во опширна анализа весникот “Независен” пренесува пораки од ДУИ до СДСМ според кои без спроведувањe на Законот за јазици во првичната форма ќе се распадне владата. Весникот пишува дека ДУИ не сака повеќе да разговара на оваа тема со СДСМ и дека бара Заев проблемот да го решава со лидерот на опозицијата Мицкоски. Според дел […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: НБРМ ја пушти во оптек новата кована паричка од 100 денари

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/18). Кованата пара „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа […]

______________________________________________________________________________________________________

Повторно нападнат полицаец поради погрешно паркирано возило – напаѓачот сега доби кривична

Полициски службеник бил нападнат од 2 лица од општината Врапчиште откако се обидел да интервенира поради погрешно паркирано возило, информира МВР. „Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Ќ.(26) од село Неготино, општина Врапчиште и Џ.И. (22) од село Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација, а не на местото каде што е сега. Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во Злокуќани во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвор Идризово: Игор Спаов ја одлежува казната во затворениот дел

Затворот Идризово ја демантира информацијата на порталот Досие. Од затворот велат дека Спасов се наоѓа на издржување на затворската казна во Идризово и тоа во затворениот дел. Од затворот велат дека во целост ги демантираат информациите на порталот Досие кој објави дека Спасов побегнал па се вратил во затворот по полноќ во алкохолизирана состојба.

______________________________________________________________________________________________________

Без вода утре овие места низ Скопје

Без вода утре од 8 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути неколку места во Скопје ќе останат без вода. Имено без вода ќе останат корисниците од С.Г.Г.У. „Здравко Цветковски“ и комплексот околу училиштето. Како што соопштија од Водовод Скопје, прекинот со водоснабдување е поради поврзување на нова линија од Ф-225мм на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1