13/12/2017 13:56
•
Posted by: MK News
ТАВ Македонија соопшти дека поради временските услови, утринскиот лет од Истанбул до Скопје е откажан. Според временската прогноза која ја добиле од М-НАВ, подобрување на временските услови се очекуваат по 10 часот, што треба да овозможи летовите да бидат реализирани според редовниот распоред на летање. Од ТАВ Македонија ги потсетуваат патниците да ја следат веб- […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 13:51
•
Posted by: MK News
Владата ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со случајот „Дива населба“. – Се прави анализа на севкупните аспекти на настанот. Ова е чувствително прашање и за Република Македонија и за Република Косово. Владата на Република Македонија ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:45
•
Posted by: MK News
Од 1-ви јануари следната година ќе плаќаме поскапа вода, леб и гориво. Претставувајќи го буџетот за 2018 година, Министерството за финансии соопшти дека за три и пол денари ќе се зголеми акцизата на дизел горивата. Со оглед на тоа што станува збор за гориво кое најчесто го користат дистрибутивните и воопшто транспортните компании извесно е […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:39
•
Posted by: MK News
Професорката Сњежана Тројачанец, која на 6-ти декември беше пронајдена почината во водите на Вардар, ќе биде погребана утре (13.12.) на гробиштата Мирогој во Загреб. Тројачанец исчезна на 5-ти овој месец во раните утрински часови од својот дом во Скопје. По повеќе од 24 потрага по неа во која се вклучија огромен број граѓани и полициски […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:34
•
Posted by: MK News
„Нова Македонија“ е предлогот за кој ќе се разговара во Брисел на средбата на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција, објави грчката телевизија „Стар“. Во прилогот објавен во централните вести на телевизијата, се нагласува дека доколку Скопје се согласи со овој предлог ќе се отвори патот за решавање на прашањето за […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:32
•
Posted by: MK News
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршил вонреден инспекциски надзор на Депонијата за комунален отпад „Дрисла“ во селото Батинци, на први декември, при што утврдил дека од согорувањето во печката за медицински отпад воздухот се загадува со јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина. Депонијата „Дрисла“ од октомври 2013 година поседува измена на А-Дозволата за усогласување […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:29
•
Posted by: MK News
Субхи Јакупи членот на ДИК предложен од ДУИ поднесе оставка. – Американскиот амбасадор Бејли излезе со изјава дека целата постапка на гласање за надоместици била нетранспарентна. Точно дека беше зад затворени врати, во доцните вечерни часови, но тоа беше без моја вина. Јас не знаев дека оваа седница не е објавена на веб страницата на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:14
•
Posted by: MK News
Газдите кои ги тераат работниците да им враќаат дел од минималната плата прават кривично дело. Тоа е кражба на работниците и тие треба да се охрабрат да ги пријават ваквите случаи за работодавачите да бидат казнети и оваа пракса да прекине, порача денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа кажа дека сите […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:12
•
Posted by: MK News
Железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт кои бараат исплата на вториот дел од октомвриската плата. По блокадата на товарниот железнички транспорт што почна вчера попладне, од ноќеска на полноќ не сообраќаат ниту патничките возови. – Тргнат е само утринскиот воз од Скопје за […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 13:02
•
Posted by: MK News
Снежна покривка до изутрина (во см.): 1 Ѓуриште. Времето денес: Сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, на планините повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопје температура до 9 °C. Под влијание на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2017 12:56
•
Posted by: MK News
Македонија и Косово развиваат добра соработка и ги продлабочуваат односите. Случајот „Дива населба“ е чувствително прашање што не треба да предизвика проблеми во билатералните релации, оценија премиерите на Македонија и на Косово Зоран Заев и Рамуш Харадинај на заедничката прес-конференција по денешната средба во Приштина. Заев и Харадиунја истакнаа дека разговарале за заеднички проекти како […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 15:03
•
Posted by: MK News
Здружението за заштита на животни Анима Мунди најавува тужби онаму каде ќе има законска основа, против масовното труење кучиња и мачки со расфрлање отров на јавни површини. Од таму ги повивкуваат институциите да ја смират јавноста, да извршат истраги на терен, во земјоделските аптеки, пазарите каде се купува отров и да ги санкционираат најстрого сите […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:59
•
Posted by: MK News
Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција за чист воздух“ бара Владата да го зголеми буџетот за заштита на животна средина за 2018 година од 0,4 проценти од БДП, колку е планиран, на најмалку 2,5 проценти. Во спротивно, оттаму најавуваат покренување постапки против Република Македонија за кршење на ратификуваните конвенции, Устав, човекови и права на децата, со поднесување […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:53
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес на 22 и 23 декември ќе избиран нов партиски претседател откако Никола Груевски поднел неотповиклива оставка на денешниот состанок на Централниот комитет на партијата. На вонредниот конгрес во Валандово, како што информира ганералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:23
•
Posted by: MK News
Социјалните мрежи се преполни со апели да престане масовното труење на животни, кое следи по неколкуте напади од страна на кучиња во кои беа повредени и неколку деца. Отровите на јавните површини се опасни за сите. Активисти за заштита на животните известуваат дека на повеќе места низ Скопје деновиве е расфрлан отров, кој може да […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:20
•
Posted by: MK News
Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Абдулфетах Алими, обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението Алими ги дал клучевите од собраниските врати. Тој денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, велат […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:19
•
Posted by: MK News
Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, на еуросупер БС-98 67,5, а на еуродизел 54,5 денари. Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати се наведени за 2,03 отсто повисоката […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:19
•
Posted by: MK News
Членовите на СДСМ во ДИК, Игор Милев и Виолета Дума поднеле оставки по притисокот на јавноста откако се дозна дека си поделиле бонуси од по четири плати. Неофицијално ги вратиле парите во буџетот. Оставка поднесе и претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кој парите веќе ги донираше во Полио Плус минатата недела. За останатие нема информации […]
______________________________________________________________________________________________________