11/12/2017 14:17
•
Posted by: MK News
Два случаи на отруени кучиња и на оставен отров за куче се регистрирани во Скопје во изминатово деноноќие, извести МВР. Вчера во 23.15 часот во полициската станица Карпош било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Карпош 4, пред станбена зграда, биле пронајдени две отруени кучиња. Денеска во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 16:41
•
Posted by: MK News
Амбасадорот на Македонија во САД Васко Наумовски и уште еден дипломат од македонското МНР ќе бидe тимот кој ќе седне на преговарачка маса со медијаторот Метју Нимиц. Двајца претставници ќе има и од грчката страна. Непосредна пред првата средба закажана за 12. декември, МНР ги демантира шпекулациите дека преговарачкиот тим на земјава се проширува со […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 15:05
•
Posted by: MK News
Град Скопје и „Kомунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Во октомври годинава 300 граѓани побарале да се вакцинираат на Инфективната клиника поради истата причина. Во главниот град честа е појавата на напад на кучиња скитници.Завчера расно куче напуштено […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:59
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, испрати апел до граѓаните да не оставаат отров на јавни површини откако синоќа ротвајлер во Ново Лисиче нападна и испокаса случајни минувачи, при што со повреди се здобија девет лица. „Апелирам до граѓаните да не преземаат мерки против заскитани кучиња на своја рака. Отровите на јавните површини се опасни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:52
•
Posted by: MK News
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најави дека во знак на револт против неоснованото и неправедно притворање на пратеници и уметници и во знак на поддршка на, како што велат, жртвите на хунтата на Заев денеска ќе организираат протест во 16 часот пред Истражниот затвор во Шуто Оризари. Република Македонија го живее еден од најцрните и најнедемокртски периоди […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:36
•
Posted by: MK News
Што ли има во снегот кој вчера падна во Скопје? Татко ги однел децата да уживаат во снегот на Водно кај Пантелемон, а кога им ги извадил ракавиците имал што да види. Од ракавиците излегувала пена како да си играле во шампон а не во снег. Го испрати ова видео до МКNEWS и вели ,, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:16
•
Posted by: MK News
Изутринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопшти Управата за хидрометереолошки работи. Висината на снежната покривка изнесува 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:13
•
Posted by: MK News
Ненад Топиќ (49) од Белград е другиот убиен напаѓач во грабежот на менувачницата „Македонија“ во скопска Кисела Вода на 27 ноември, обајцата застрелани од сопственикот Гоце А. (58), пишува српскиот весник „Блиц“. Менувачницата на Гоце А. веќе неколку пати била мета на вооружени разбојници, а во еден грабеж убиен е и братот на сопственикот, пишува […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 17:48
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од правни советници за сите членови и симпатизери кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок (мобинг, отпуштање од работа и сл.) од новите локални власти низ општините во Р. Македонија. Еве што се вели во соопштението Водени од принципот на внатрепартиска солидарност како дел […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:59
•
Posted by: MK News
Воздухот во Скопје утрово загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прсторно планирани се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче. Според мерењата во Скопје воздуот е загаден од 6-ти овој месец во попладневните часот. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:54
•
Posted by: MK News
Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите. Висината […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:52
•
Posted by: MK News
И овој викенд важи забраната за автомобили на Водно, како мерка за загадениот воздух. Граѓаните ќе имаат можност со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, кои за време […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:51
•
Posted by: MK News
Жителите на Богданци преку собирање потписи и отворено писмо до премиерот Зоран Заев повторно го кренаа гласот против изградбата на рудникот Казандол. Целата иницијатива беше покрената од активистот Илија Тумбов кој за десет дена, од 17 до 26 ноември, успеа да собере 1.301 потписи од жителите на општина Богданци. Ова беше мотив за Тумбов преку […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:41
•
Posted by: MK News
Вистинска приказна на пациент излечен од рак на тестис Роден сум во Скопје, во 1978 година. Работам и живеам во мојот роден град. Искрено, не сакам многу да зборувам за мојата историја на болест, но кога бев замолен од страна на мојата почитувана докторка Лилјана Ацева – Андонова и кога ми беше кажана нејзината идеа […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:32
•
Posted by: MK News
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови на Македонија ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:25
•
Posted by: MK News
По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, премиерот во видео обраќање до граѓаните истакна дека корупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината и за квалитетот на живот на сите граѓани. – Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 21:21
•
Posted by: MK News
Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште, информираа од Град Скопје. Покрај децата, беа нападнати и возрасни граѓани, последната официјална информација е дека помош на Инфективната клиника побарале вкупно 9 лица, но на социјалните мрежи граѓани коментираат дека бројката на нападнати се движи дури до […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 16:42
•
Posted by: MK News
Дваесет лица од ресенските села Крани и Арвати побарале лекарска помош со симптоми на ентероколит (воспаление на дебелото и на тенките црева), по што екипи од Центарот за јавно здравје-Битола, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна извршиле надзор на водата за пиење во тие села. Kако што информираат од Министерството за здравство, […]
______________________________________________________________________________________________________