08/12/2017 16:39
•
Posted by: MK News
13 граѓани се казнети до 13 часот поради непочитување на забраната за движење на возила до Средно Водно. Сообраќајната полиција денеска ги казнуваше граѓаните кои со возила се упатуваа кон Средно Водно. Екипи од Министерството за внатрешни работи беа на видиковецот пред Средно Водно и од страната на Нерези после комплексот Македонско село. И покрај тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 16:30
•
Posted by: MK News
На Клиниката за инфективни болести девет лица побарале лекарска помош откако синоќа биле каснати од куче меѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“ во населбата Аеродром, информираат од таа јавна здравствена установа. Од Клиниката посочуваат дека на тие што не биле вакцинирани им била дадена тетанус вакцина, по што биле пуштени на домашно лекување. Во Министерството […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 16:19
•
Posted by: MK News
По објавата за немилиот настан кој вчеравечер се случи во скопската населба Аеродром, со ротвајлерот кој искаса деца, се јавија од здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Тие велат дека расното куче имало сопственик и било пуштено слободно да шета, нападнало и гризнало повеќе луѓе во населба Аеродром. Претходно, полицијата соопшти дека кучето искасало […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 14:28
•
Posted by: MK News
Времето денес е претежно сончево со услови за слаба магла по одделни котлини. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголени, почнувајќи од западните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени. Во Скопје температура до 8 °C. Утре времето ќе облачно […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 14:23
•
Posted by: MK News
Синоќа во времето од 22,00 до 02,00 часот во ПС- Аеродром, пријавени се шест настани во врска со напад на куче скитник врз граѓани на подрачјето на населбата Аеродром, помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и .„АСНОМ“. Се работи за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 14:19
•
Posted by: MK News
Од општина Аеродром информираат дека надлежните органи работат на лоцирање на кучето што нападна шест лица синоќа меѓу булеварите АСНОМ и „Јане Сандански“.„Град Скопје, со екипите на јавното претпријатие Комунална хигиена, веднаш по пријавувањето на инцидентот излегоа на терен. Според општинската евиденција, досега нема регистрирани пријави за агресивно куче со тој опис на конкретната локација. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 14:18
•
Posted by: MK News
Куче скитник синоќа во неколку наврати нападна и касна две жени и четири деца во Аеродром. Шесте случаи се пријавени во Полициската станица Аеродром, а за кучето е известена шинтерската служба. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа од 22 до 02 часот по полноќ во Полициска станица Аеродром пријавени се шест настани за […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 10:33
•
Posted by: MK News
Вчера во 20часот и 15 минути до 21 часот од прилика се случувала крвава драма во аеродром, каде кученод расата “ротфајлер” нападнал и касал деца, случајни минувачи, се што ќе дофател. Во целост ви го пренесуваме фејсбук статусот на Тодор Петров кој присуствувал и бил сведок на настанот: Од 20.15 до 20.50 бев сведок на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 10:00
•
Posted by: MK News
Игор Дурловски, Игор Дурловски, скандираше вечерва публиката во Македонската опера и балет. Непосредно пред почетокот на операта „Набуко“ која вечерва е на репертоарот на МОБ, дел од публиката присутна во салата го искажа својот револт од приведувањето и притворот на еден од најдобрите, ако не и најдобар македонски оперски пејач, Игор Дурловски. По извикувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2017 20:29
•
Posted by: MK News
Стево Пендаровски денеска до Собранието на Република Македонија поднесе оставка од функцијата пратеник. Пендаровски во Собранието е дел од пратеничката група на СДСМ.Оставката на Пендаровски Собранието треба да ја констатира на првата наредна седница. Минатата недела Стево Пендаровски беше именуван за Национален координатор за влез на Македонија во НАТО. Пендаровски на предвремените избори во декември […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2017 20:26
•
Posted by: MK News
Здруженијата на пациенти со ретки болести реагираат дека буџетот за оваа програма за 2018 нема да биде доволен за терапија за половина година. Предупредуваат дека ќе се повторуваат ситуации пациенти да умираат во очекување на неоходниот лек кој ќе им го продолжи животот. И во 2018 ќе се повторуваат ситуации пациенти со ретки болести да […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2017 20:24
•
Posted by: MK News
На 6 декември 2017 година околу 13 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во близина на ул. „Скупи“, на местото каде што реката Серава се влева во реката Вардар, во водата било забележано тело на непознато женско лице. Екипа на Итна медицинската помош констатирала смрт, а по извршениот увид било […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2017 14:57
•
Posted by: MK News
Рано утрото, на 28 ноември, полицијата извршила претрес во семејната куќа на полицаецот Фетах Алими кој во медиумите раскажуваше како го спасил Зијадин Села од тепањето во Собранието, објави ТВ 21. Во мај Алими бил суспендиран, со образложение дека не бил на висина на задачата. Но, неговата сопруга вели дека, малку подоцна добил отказ. Тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2017 14:53
•
Posted by: MK News
Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Титаник 2″ за изборни нерегуларности, потврдија за МИА од СЈО. Во овој случај обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и актуелниот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2017 14:50
•
Posted by: MK News
Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2017 21:01
•
Posted by: MK News
Министерството за економија за два месеца треба да подготви измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот и ќе се овозможи продажба и во кисоци со поседување лиценца, информираа денеска од ресорното Министерство. Информацијата за законските измени Министерството за економија ја презентираше на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2017 20:56
•
Posted by: MK News
Скопската полиција извести дека денеска околу 13 часот во близина на устието на Серава во Вардар во Карпош 4 е пронајдено телото на исчезнатата професорка од Скопје, 52-годишната Снежана Тројачанец. Нејзиното тело го забележал минувач. Снежана Тројачанец пред 40 часа од најблиските беше пријавена дека излегла од дома, а не го понела мобилниот телефон ниту […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2017 16:06
•
Posted by: MK News
В.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски на денешното продолжение на Вонредниот конгрес е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран преку јавно гласање со мнозинство гласови. Претходно дел од синдикатите ја напуштија седницата, а кандидатот за претседател Пецо Грујовски од УПОЗ изјави дека се работи за најконтроверзниот конгрес. – […]
______________________________________________________________________________________________________