Archive | Македонија RSS feed for this section

Членовите на ДИК си доделиле 3 плати и за изборите што беа одложени

Почна јавната седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која како втора точка на дневен ред е дали и како членовите можат да ги вратат исплатените плати како бонуси. Претседателот на Комисијата Александар Чичаковски, претходно на брифинг со новинарите посочи дека ако нема таква можност тој ќе ги донира парите. Како што е познато, членовите […]

______________________________________________________________________________________________________

Аеродром и Ново Лисиче цел ден без вода

Голем дефект ја остави без вода населбата Аеродром уште синоќа. Од „Водовод“ велат дека дефектот на булеварот Видое Смилевски – Бато, на раскрсницата со булеварот Србија, каде без вода е високата зона во Аеродром и Ново Лисиче, ќе биде отстранет по 15 часот. Пукната е цевка Ф400, се работи интензивно на санирање на дефектот. „Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Младите ќе полагаат за кола од 17 години, не мора да се одлични и со примерно поведени

Наместо на 16 години, тинејџерите на 17 години ќе се стекнат со право за оспособување за управување автомобил. Горната граница во однос на важење на рокот на возачката дозвола ќе биде за лицата над 70 години, а не како досега над 65. Ова се предвидува во измените на Законот безбедност на сообраќајот на патиштата кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Латас: Очекувам брутално судење – барам тоа што му е дозволено на Заев да ми биде и мене

„Се случи тоа што не очекував. Имаме судијка без искуство. Добивме оценка на обвинителен акт, односно изземање на бомбите, истото што го побара Зоран Заев. За него е одобрено за мене одбиено. Судот е еден и ја во него верувам, а во судијката не. Очекувам брутално судење. Ние бараме тоа што му е дозволено на […]

______________________________________________________________________________________________________

Започна исплатата на К-15, за вработените до 13.500 денари!

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 11 месеци ќе мораат тоа да го направат во декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите. Висината на К-15 […]

______________________________________________________________________________________________________

Посвоена Mакедонка од САД го најде својот вистински татко во Австралија

Американката Нина Круз е родена во Македонија, но на осуммесечна возраст била посвоена од македонско-американска двојка. По неколку децении, младата Македонка тргнала во потрага по своите биолошки родители, па ДНК тест за утврдување потеклото ја однел во Сиднеј, каде што првпат го сретнала својот вистински татко Петре Цуцулоски, нејзината полусестра и цело едно ново семејство. […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека Оне.Вип ќе се сели во објект на Груевски и Мијалков

Шпекулациите дека компанијата Оне.Вип своето седиште во Скопје наводно ќе го сели во објект во сопственост на претседателот Никола Груевски и Сашо Мијалков се груба лага и манипулација. Ниту Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков се сопственици на посочениот објект, ниту, пак, поседуваат друг таков објект во центарот на градот, се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ. […]

______________________________________________________________________________________________________

Членовите на ДИК ќе ги враќаат парите откако Бејли ги искара

Членовите на Државната изборна комисија, попладнево итно се собраа во просториите на институциијата, откако амбасадорот на САД, Џес Бејли обелодени дека токму тие, зад затворени врати си изгласеле дополнителни плати по завршувањето на парламетарните и локалните избори. Амасадорот Бејли посочи дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за 4 дополнителни месеци за нивната работа […]

______________________________________________________________________________________________________

Незадоволството ќе роди нови поделби и тензии, порача Милошоски

Со местените апсења и нарачани судски пресуди се прави неправда, а неправдите ќе родат и нови неправди, реваншизмот ќе роди друг реваншизам, незадоволството ќе роди нови поделби и тензии потенцираше Антонио Милошоски пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерството за правда. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ една недела одржува протести против приведувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре напладне обвинетите пратеници ќе се појават во судот за барањето за притвор

Скопскиот кривичен суд, утре напладне ќе ги сослуша шестемина пратеници на кои што им беше симнат пратеничкиот имунитет, потврдуваат дел од адвокатите на обвинетите. Судиите ќе решаваат дали ќе останат на барањето за мерка притвор за пратениците, како што тоа го бара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Пред судија на претходна постапка, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Со оставката на Груевски почнува „трката за тронот“ во ВМРО-ДПМНЕ

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е веќе закажан за 23 декември. До тогаш, според најавата, Никола Груевски ќе поднесе оставка, па на конгресот би требало да се избере нов претседател на партијата. Веднаш по завршување на маршот пред зградата на Владата синоќа, ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на Извршниот комитет „Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница најостро […]

______________________________________________________________________________________________________

Отворен фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство го отвори првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина – Интервентен женски фонд. Отворањето и промоцијата на фондот е во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“. Идејата за ваков фонд постои […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата

Еден од приоритетите на оваа Влада е создавање одржлив образовен систем во Република Македонија. Знаеме дека ако како држава се посветиме на создавање стручни и образовани кадри, од мали нозе, тие ќе можат да си го најдат своето место на пазарот на трудот. Ова го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во рамки на Конференција […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 овој месец, одлучи синоќа Извршниот комитет на партијата. Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Извршниот комитет одлучил да му предложи на Централниот комитет на следната седница да почне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата. На вонредниот конгрес се очекува да биде разгледана најавената […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници и денеска од 15 до 17 часот

Државните институции и државата се заробени од хунтата на власт. Правосудниот систем работи под диктат и штанца конструирани обвиненија за политичките неистомисленици на власта. Монтираниот случај за наводен тероризам против 36 македонски патриоти е целосно неоснован и е со цел заплашување на секој еден кој се решил да крене глас против оваа недемократска власт. Неправдата […]

______________________________________________________________________________________________________

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на приведените за настаните во Собранието од 27 април

Протестeн марш, на кој повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ за поддршка за лицата, приведени во врска со настаните во Собранието од 27 април оваа година. Протесниот марш го предводи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членови на високото партиско раководство, кои носат транспарент, на кој е испишаното мотото на маршот „За правдината, за таковината“. Меѓу учесниците се […]

______________________________________________________________________________________________________

Богдановиќ ќе го прочистува воздухот со кула висока седум метри

Градоначалникот на општина Центар во интервју за порталот Фактор најавува дека во Центар ќе се постави најреволуционерен патент за прочистување на воздухот. -Станува збор за еден од најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешницата. Според досегашните истражувања, како и со поставувањето на оваа кула во неколку од најзагадените градови во светот, докажано е дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Петти ден протести на ВМРО-ДПМНЕ против апсењата за 27 април

Власта преку закани и пристисоци кон граѓаните се обидува да го ускрати правото на протест и револт од политичките случувања, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ откако вчера директорот на МНТ најави казни за актерите кои во знак на поддршка за својот колега Владо Јовановски ја откажаа претставата „Ничија земја“.. Според опозициската партија на овој начин, власта сака […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1