Archive | Македонија RSS feed for this section

Опозицијата најавува можно повлекување на поддршката за реформите

ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги открива партиските планови за дејствување по последната кација на полицијата и приведувањето на триесетина лива меѓу кои и пестмина пратеници на партијата. Од Центарот за комуникации не може да се добие информација кои ќе бидат следните чекори и дали ќе се шират протестните активности. Во моментов, најголемата опозициска партија својот […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Не ја коментирам најавата за оставка на Груевски, потребна силна опозиција

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да ја коментира најавената оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но посочи дека силна опозиција ќе ја направи власта да биде поодговорна. – Тоа се внатрешни процеси кои што членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството и раководните структури ќе си дефинираат, како е за нив најдобро, изјави Заев […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво време не очекува во следните денови

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд особено на запад и претпладне, а попладне врнежите ќе завршуваат. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ објави повик за марш закажан за утре

ВМРО-ДПМНЕ попладнево објавик повик во кој ги повикува граѓаните за марш кој ќе се одржи утре во 16.30 часот пред Министерството за правда. Во повикот ВМРО-ДПМНЕ образложува дека поводот за маршот е тоа што е прегазена правдината. „Да покажеме дека сме слободоумни, самосвесни, слободни луѓе, кои не се плашат од ризиците туку смело им пристапуваат, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се утврдува одговорноста за штетите од дождот врз „Скопје 2014“

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на денешната прес-конференција ги потенцираше штетите направени во Македонскиот народен театар и други објекти, предизвикани од дождот. Според него, тие се уште еден доказ за тоа дека објектите од „Скопје 2014“ се правени бесправно, дилетантски и се опасни за употреба. „Размислуваме да формираме уште една консултантска работна група за проектот […]

______________________________________________________________________________________________________

Драган Спасов: Ќе ги казнам глумците што не ја одиграа преставата

Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац синоќа на својот фејсбук профил објави дека сите актери ќе бидат казнети затоа што не ја одиграле преставата „Ничија земја“ како поддршка на приведените глумци. „Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Партијата ќе организира вонреден конгрес на кој ќе се избере претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки […]

______________________________________________________________________________________________________

Тони Михајловски: Се надевам казната за колегите нема да е смрт со бесење

Директорите се листопадни. Како и владите. Се надевам казната за колегите нема да е смрт со бесење. Мада… – напиша актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил откако в.д. директорот на МНТ, Драган Спасов Дац одлучи да ги казни актерите кои вчеравечер не ја одиграа претставата „Ничија земја“. Актерите во знак на поддршка на својот […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР: Може да се излеат Вардар во Полог и Треска кај Пласница

Врнежите од дожд кои во изминатите денови ја зафатија Македонија предизвикаа зголемување на водостојот на реките и го отежнаа сообраќајот на неколку патни правци. УХМР информира дека во текот на денешниот ден повторно се очекуваат врнежи од дожд, така што водостоите на реките и понатаму ќе останат високи. Можни се локални излевања во горниот дел […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката за „Монструм“ и притворот за Дамовски и Јовановски

Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам. Како услов за да се бранат од слобода за грозоморното убиство на петте момчиња кај Смилковско езеро, судот им определи мерка два пати во неделата да се јавувале кај надлежниот судија.Истото тоа судство вчера ги преиначи мерките домашен притвор за актерот Владо Јовановски и режисерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимателно возете, поради поплавите во прекин сообраќајот на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато пo влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Страцин и до 150 м. на планинскиот премин Плетвар. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на […]

______________________________________________________________________________________________________

Отежнат сообраќајот на неколку патни правци- еве каде

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва соопшти дека отежнато се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица поради обилните врнежи од дожд и одрони на патот. Претходно, информираше дека не е проооден и локалниот пат од селото Железнец до селото Мало Илино во Демир Хисар и оти отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски утре ќе протестира пред затворот во Шутка

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд беше најавено дека утре протестот ќе се одржи пред истражниот затвор во Шуто Оризари каде се притворени осомничените за настаните на 27 април во Собранието. Протестот како и минатите денови, и денеска го предводеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој порано во текот на денот објави дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетиот Сами Љута од случајот „Монструм“ вечерва излезе од затвор – пречекан со аплаузи

Сами Љута, обвинет во случајот „Монструм“ вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четиритемина осудени, за кој Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот повторно во скопскиот Кривичен суд, објави порталот Порталб. Како што пишуваат од порталот, при излегувањето тој бил поздравен со аплаузи од најблиските. По него […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Поплава во подрумите на неколку државни објекти во Скопје

Пради обилните врнеж од дожд во текот на денешниот ден, поплавени се неколку објекти во Скопје В.д. директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац на својот Фејсбук профил објавува фотографии направени од театарот, а на кои се гледа Вардар кој се излеа на неколку места. – Си тече во фоајето, каде покривот не […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетите за „Mонструм“ излегуваат од притвор

Врховниот суд ги одлучи да се бранат од слобода четворица од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро. По пет ипол години укинат е притворот за Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Хазири и Сами Љута. Врховен им одреди поблаги мерки. Не смеат да го напуштаат Скопје и два пати неделно да се јавуваат во судот […]

______________________________________________________________________________________________________

18 глумци ја откажаа „Ничија земја“ во МНТ заради поддршка на колегата Владо Јовановски притворен за 27 април

Осумнаесет глумци ја откажаа вечерашната изведба на претставата „Ничија земја“, во Македонскиот народен театар (МНТ) како поддршка на колегата Владо Јовановски, кој доцна попладнево доби мерка притвор од 30 дена како еден од 36. осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април, пренесува порталот […]

______________________________________________________________________________________________________

За уште две лица преиначени решенијата од куќен во 30-дневен притвор

Кривичниот суд во Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им одреди мерка притвор од 30 дена на уште две лица за настаните во македонското Собрание од 27 април. – Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на ОЈО за гонење организиран […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1