Archive | Македонија RSS feed for this section

Ќе плаќаме сметки и за пречистување на водата

Дали граѓаните во Скопје и во 37 општини во земјава ќе пијат поскапа или поевтина вода од 1 јануари ќе одлучат советите на општините и градот, но цената нема да може да се движи под минимално и над максимално утврдената од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Регулаторната комисија за енергетика ги објави решенијата за утврдување […]

______________________________________________________________________________________________________

Четири возила заглавија кај Матка, патниците навреме спасени

Четири возила се заглавени во 1 метар длабока вода под подвозникот кај клучката „Матка“ во близина на бензинската станица „Бис Оил“. Како што известуваат градските служби, за среќа патниците во возилата навреме биле извлечени од пожарникарски екипи. Подвозникот е полн со вода од обилните врнежи и дефект на водоводна мрежа.

______________________________________________________________________________________________________

Што се договара во „Вила Водно“- Иванов и синоќа ги свика лидерите

До три часот наутро траеше средбата кај Претседателот Иванов со Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и собранискиот спикер, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Вели дека теми на разговорот биле стратешките прашања, проблемот со името на државата, приклучувањето кон Европската унија и политичката состојба во државата. Од Кабинетот на Иванов во писменото соопштение пишуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец припадник на руска мафија уапсен во „Сити Мол“

Скопјанец, припадник на руската мафија попладнево бил уапсен од страна на македонските безбедносни служби, објави денеска НетПрес. Првичните информации на порталот велат дека триесет и четиригодишниот скопјанец бил фатен додека седел во кафулето „Бруклин“ во „Сити Мол“. Според неофицијални полициски извори, станува збор за лицето Александар Драговиќ, кој два пати бил осудуван за убиство во […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ: Излеана вода на патот Маврово-Галичник, магла кај Страцин и Плетвар

Поради излевање вода на коловозот отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма. Поставена е соодветна сигнализација и се препорачува тој пат да не се користи до санирање и нормализирање на сообраќајот, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечениот извештај за состојбата на патиштата. Се уште на терен се […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски најави оставка – се повлекува од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски најави повлекување од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ. По 14 години како лидер, претседателот на најголемата опозициска партија во интервју за Курир вели дека оставката ќе ја поднесе пред органите на партијата. Очекува на вонреден конгрес да биде избран нов претседател. – Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР најавува поголемо невреме: Поинтензивни врнежи и снег

Времето денес (01.12 2017 год.): Облачно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, пообилни во југозападните, а потоа и во источните делови, каде што се очекува да наврнат и над 60л/м 2 . Во јужните делови ќе има услови за појава на грмежи и краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Повлечени се лековите од паралелниот увоз од трети земји

Дозволете институциите да работат врз случајот, а сите спорни лекови се повлечени и граѓаните да не се грижат. Ова денеска го истакна заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски одговарајќи на новинарско прашање за случајот со контрола на лековите од паралелен увоз од трети земји. Тој потенцира дека веќе е објавено и додаде оти има таков случај […]

______________________________________________________________________________________________________

СОБРАНИЕТО ГИ ОДОБРИ БАРАЊАТА ЗА ПРИТВОР НА ПРАТЕНИЦИТЕ

СообраниеТО денес одржа седница со единствена точка на дневен ред -Одземање на имунитетот на 6-те пратеници ,кое барање до сообрание беше доставено од Основниот Суд Скопје 1-Скопје. Со 67 гласови Собранието го одобри барањето за притвор на пратеникот Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Лјупчо Димоски Со 66 гласови Собранието го одобри барањето за притвор на пратеникот […]

______________________________________________________________________________________________________

8 декември е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2017 година (петок), „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

Грујевски и Бошкоски побарале азил во Грција

Горан Грујевски и Никола Бошкоски во средата побарале азил во Грција, потврдија адвокатите кои ги застапуваат во Солун и Атина, пренесува„Макфакс“. И двајцата останувааат во екстрадициски притвор. Судот за прекршоци во Солун го одложи денешното судење за двајцата бегалци од правдата, бидејќи не беше присутен еден од останатите од групата кои биле заедно со нив, […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието има кворум, опозицијата нема да учествува на седницата за одземање на имунитетот на пратениците

Собранието на Република Македонија го почна денешното заседани со 24. седница на која беше донесена одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Претседателот на Собранието Талат Цафери веднаш по гласањето објави пауза по кој атреба да почне 25. седница за симнување на имунитетот […]

______________________________________________________________________________________________________

Хуманитарна кампања „И јас сум Дедо Мраз“ на здружението „Проект среќа“

Хуманитарна кампања „И јас сум Дедо Мраз“ на здружението „Проект среќа“. Кампањата има за цел да обезбеди новогодишни подароци за децата кои живеат во сиромаштија, а во неа ќе се вклучат многу од нашите познати личности. Денес, (1 декември), почнува проектот „И јас сум Дедо Мраз“, новогодишната кампања на здружението „Проект Среќа“. Кампањата има за […]

______________________________________________________________________________________________________

Претставка од семејството на Чавков до Народниот правобранител

Семејството на Митко Чавков вчера попладне до Народниот правобранител доставило претставка, потврдија за МИА од Канцеларијата на Омбудсманот. Оттаму посочуваат дека ќе отворат предмет и ќе ги испитаат наводите во претставката. Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од вчера штрајкува со глад во затворот […]

______________________________________________________________________________________________________

Три лица од куќен привор испратени во затворот во Шутка

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, синоќа ги прифатил жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал и за тројца осомничени за насилствата во Собранието на 27 април годинава, за кои беше определен куќен притвор одлучил да го преиначи […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе блокира крстосници и ќе протестира пред судот

Притварањето на уметници, глумци, режисери, архитекти, пратеници, припадници на безбедносните сили и луѓе кои беа дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ со конструирано обвинение за тероризам е акт на безумие и политичка тортура. Измислувањето и конструирањето на обвинение за тероризам против луѓе кои не сториле ниту прекршок во својот живот е класичен политички реваншизам против […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев, Груевски, Џафери и Ахмети на средба кај Иванов

Синоќа во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно” се одржа средба на која присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети. „Средбата се […]

______________________________________________________________________________________________________

Вардар се излеа на три локации во Скопје, свикан е Кризниот штаб

Надојдениот Вардар до 11 часот засега се прелеа на три локации во Скопје. Новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски за Плусинфо изјави дека Вардар веќе прелеал кај Владата на Македонија, во близина на ПИОМ и во Аеродром. – На терен веќе се праќаат екипи за да постават заштитни вреќи на овие локации. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1