30/11/2017 23:42
•
Posted by: MK News
Повторно се апсат лица за настаните поврзани за 27 април. Обвинетите за случувањата во Собранието кои добија домашен притвор вечерва повторно ги апсат. Дел од оние шестмина кои добија домашен притвор, полиција вечерва со лисици на раце ги изнела од нивните домови и ги носи во притвор во Шутка. М.П. од Кавадарци кој доби домашен […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 18:32
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од 27 април, штрајкува со глад во затворот во Шутка. Извори од затворот за телевизијата Телма потврдиле дека Чавков започнал штрајк со глад. Чавков доби 30-дневен притвор на барање на Јавното обвинителство кое го товари него и уште […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 18:31
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија за утре во 12 часот ја закажа 25.седница на која ќе се расправа за симнување на имунитетoт на шестмината пратеници осомничени од Судот за настаните на 27 април во Парламентот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го закажа ова заседание на Парламентот по денешната седница на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 18:30
•
Posted by: MK News
Поранешниот советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Ристески, петообвинет во случајот на СЈО за „шамарите во Центар“ доби условна казна затвор од шест месеци кои нема да се извршат ако во следните две години не стори кривично дело. Пресудата е правосилна бидејќи сега веќе осудениот се откажа од правото на жалба. Откако му беше […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 18:27
•
Posted by: MK News
Одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да го одобри барањето за одземање на имунитет на шест пратеници, не е базирана на факти и аргументи, туку на голата желба за политички реваншизам на СДСМ и кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и кон многу граѓани кои покажале лична доблест и свест да проговорат јавно […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 18:14
•
Posted by: MK News
Молк во МВР по фотографијата која утрово се појави на социјалните мрежи и дел од медиумите и на која може да се види екс министерот Митко Чавков во притворското одделение во Истражниот затвор во Шутка. За скандалот да биде поголем, фотографијата е направена од затворската караула која во последните два месеци ја обезбедуваат припадници на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 12:47
•
Posted by: MK News
Виновниците за насилствата во македонското Собрание на 27 април треба да одговараат, но мора да се почитува и презумпцијата на невиност, порача денеска американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли. Во изјава дадена пред законодавниот дом Бејли рече дека Амбасадата на САД заедно со претставниците на ЕУ во Македонија го следат развојот на настаните по приведувањата […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 12:46
•
Posted by: MK News
Полицијата сè уште трага по 12 лица кои треба да бидат изведени пред кривичниот суд во рамки на истрагата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за упадот во Собранието што се случи на 27 април. Изјави дека полицијата има сознанија дека сите 12 се во државава. – Имаме сознанија дали некои од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 12:44
•
Posted by: MK News
Адресите на 36 осомничени, чие приведување беше побарано од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со настаните од 27-ми април, не биле единствените локации на кои полицијата добила наредба да постапува. Како што дознава ДВ од извори од истрагата, во вторникот утрото полицијата посетила уште две адреси: домот во Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2017 12:43
•
Posted by: MK News
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања изгласа одобрување на барањето на судот за симнување на имунитетот на шесте пратеници од опозицијата. За сите шест пратеници Комисијата беше едногласна односно петмина пратеници членови на Комисијата кои присуствуваа на седницага гласаа „за“. На седницата не присуствуваа пратениците членови од ВМРО-ДПМНЕ, но бидејќи имаше кворум таа се одржа. […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 15:37
•
Posted by: MK News
Апелациониот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали познати како „бомби“ во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како доказ.Случајот се однесува за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и екс министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 15:34
•
Posted by: MK News
Владата смета дека институциите имаат целосен кредибилитет и одговорност да ги расветлат случувањата во македонското Собрание од 27 април годинава поради потребата од правда и владеење на правото, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Сметаме дека институциите имаат должност да го расветлат случајот заради потребата од правда и владеење на правото во Република Македонија и […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 15:33
•
Posted by: MK News
Греењето на домовите е најголем извор на загадувањето на воздухот. Ова го покажува извештајот за квалитетот на воздухот подготвен од Интерресорска група составена од 17 државни институции и граѓански еколошки организации. Извештајот вчера е усвоен на владина седница и во следниот период се очекува заедно со препораките и мерките да биде презентиран пред јавноста.Дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 15:27
•
Posted by: MK News
Предлог-законот за амнестија ќе се носи по редовна постапка, а рокот за амнестија ќе се однесува за кривични дела сторени до 20 септември годинава. Предлог-текстот вчера беше усвоен на владина седница. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска појасни дека датумот е произлезен од јавната расправа и укажувањата на експертите. – Не се предвидува амнестија за лица […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 15:19
•
Posted by: MK News
На удар е слобдномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички пргон. Македонија е единственото место во Светот каде оперски пеач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам, се вели во […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 12:56
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за судењето за насилството во Општина Центар. „Немаме таква одлука“, одговори Груевски на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието. Во врска со вчерашната средба кај Ѓорге Иванов, заедно со премирот Зоран Заев, Груевски рече […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 12:51
•
Posted by: MK News
Тринаесет мерки притвор од по 30 дена и шест мерки куќен притвор изрече Кривичниот суд за вчера приведените 24 лица, кои ОЈО ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава. – Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2017 11:49
•
Posted by: MK News
Меѓу приведените за настаните од Собранието на 27 април, приведен е и правнукот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто. Јане Ченто, инаку претседател на македонското патриотско здружение “Пере Тошев” бил приведен вчера утрото, а информацијата ја потврдија и од здружението на нивната Фејсбук фан страна. Засега не е познато со […]
______________________________________________________________________________________________________