УХМР најавува поголемо невреме: Поинтензивни врнежи и снег


Времето денес (01.12 2017 год.): Облачно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, пообилни во југозападните, а потоа и во источните делови, каде што се очекува да наврнат и над 60л/м 2 . Во јужните делови ќе има услови за појава на грмежи и краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје температура до 11 степени.

Утре врнежите ќе бидат поинтензивни на крајниот запад и исток (локално над 25л/м 2) и понекаде ќе бидат проследени со грмежи. Преку денот врнежите ќе намалуваат. Во ноќта кон недела и в недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1