28/11/2017 13:13
•
Posted by: MK News
Под влијание на влажна и релативно топла воздушна маса од утре од ноќните часови се до сабота во Македонија ќе има обилни врнежи од дожд. Се очекува да се стопи и веќе формираната снежна покривка. Врнежите најпрвин ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 13:12
•
Posted by: MK News
Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски денеска изјави дека до овој момент до Собранието на Република Македонија не е пристигнат никаков допис од Судот со барање за повлекување на имунитет на пратеници. Според него, седницата на Комисијата би се одржала дури и без присуство на опозицијата бидејќи владејчкото мнозинство има доволно […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 13:00
•
Posted by: MK News
Александар Кирацовски, пратеник и член на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за Плусинфо вели дека во Собранието сè уште нема стасано допис од судот до претседателот на Собранието Талат Џафери за потребата да се расправа на собраниското тело за одземање на имунитетот на осомничените пратеници кои беа утрово приведени поради учество во крвавите […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:53
•
Posted by: MK News
Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, предвидува членот 64 од Уставот на Република Македонија. Врз основа на овој член, пратеникот може да биде повикан на кривична одговорност или да биде […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:53
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од ОЈО. Неофицијално, според информации кои ги пренесе Нова […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:37
•
Posted by: MK News
Јавниот радиодифузен сервис ќе добие четврти канал на кој ќе се емитува програма на јазиците на малите заедници, а вториот ќе биде целосно на албански. Министерството за информатичко општество и администрација предложи амандмани на законодавството за медиуми, меѓу кои еден амандман за нов канал наменет за ромската, српската, влашката, турската и босанската заедница.Министерот Дамјан Манчевски […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:35
•
Posted by: MK News
Над 100 родители годинава добиле прекршочни пријави зошто не ги вакцинирале децата. До Државниот санитарен и здравствен инспекторат се доставени уште 94 известувања за семејства кои го прекршиле законот за заштита на населението од заразни болести. Бројката од само околу 200 пријави за невакцинирани деца е релативно мала имајќи го во предвид фактот дека процентот […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:29
•
Posted by: MK News
МВР денеска го приведе поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, за настаните во Собранието на република Македонија, на 27 април. Приведени се и Митко Пешев, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции, и на Душко Лазаров, началник во секторот за Јавен ред и мир. Приведени се и организаторите на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:18
•
Posted by: MK News
Пратеници на СДСМ и коалицијата на мнозинството утрово објавија фотографија од екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков во една од судниците на Кривичниот суд со лисици на рацете. Чавков е еден од уапсените во денешната акција на полицијата за настаните од 27 април. Уапсени Митко Чавков, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето, пратеничката […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:12
•
Posted by: MK News
Најмалку десет години затвор предвидува член 313 од Кривичниот законик на РМ за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, за што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гони 36 лица во врска со настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија. Членот 313 од Кривичниот законик на РМ предвидува, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:07
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на приведувањето на пратеници нивни членови и поранешни функционери на партијата во врска со настаните кои се случија на 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, оценувајќи го како обид за замолкнување на опозицијата. – ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев. Полицијата упадна во домовите […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:06
•
Posted by: MK News
Игор Југ останува во затворот Шутка. Ваква одлука донесе судијата на претходна постапка по барањето на јавното обвинителство откако истече 30-дневниот притвор кој му беше претходно одреден. Основното јавно обвинителство, пак, ја прошири истрагата и сега го товари Игор Југ и дека преземал дејствија како водач на толпата која упадна во законодавниот дом на 27 […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:04
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку својот профил на Фејсбук повика на протести денеска пред Кривичниот суд во 13:30.
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:03
•
Posted by: MK News
Во денешните апсења и приведувања на дел од учесниците во немилите настани во Собранието на РМ од 27 април годинава, има и неколкумина пратеници, кои, согласно Законот за пратеници и деловникот за работа на Собранието, во оваа фаза од постапката можат да бидат само приведени. За секој натамошен чекор на Основното јавно обвинителство, кое, како […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 12:02
•
Posted by: MK News
На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој пред неколку месеци доживеа срцев удар, полицијата не дозволува блиските да му достават лекови во Кривичниот суд. Чавков изутринава е уапсен по налог на Јавното обвинителство. Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот. Полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 11:59
•
Posted by: MK News
Триесет и шест лица се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство. – Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2017 11:55
•
Posted by: MK News
Во менувачницата „Македонија“ влегле две лица, најверојатно во обид да извршат грабеж. Потоа се слушнале истрели и тие најверојатно се убиени од сопственикот на менувачницата. Според првичните информации од МВР настанот се води како вооружен инцидент. Од полицијата повеќе детали најавуваат за подоцна. -Неофицијално дознаваме дека сопственикот на менувачницата пред 5 години бил нападнат во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2017 18:14
•
Posted by: MK News
Докторот Николче Дамчевски, специјалист по гинекологија и акушерство е виновен за случајот во кој водел пациентка како бремена се до терминот за породување кога и соопштил дека воопшто не постои бременост, потврди Второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на Македонија. На седницата одржана на 23 овој месец, Второстепениот совет ја потврдил одлуката […]
______________________________________________________________________________________________________