23/10/2016 13:41
•
Posted by: MK News
Денес Македонија прославува светол датум од својата историја. Денес Македонија го прославува 23-ти октомври – Денот на македонската револуционерна борба, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во продолежение следува интегрален текст од честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод празникот 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Пред […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2016 15:43
•
Posted by: MK News
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО – Скопје поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „изнуда“. За стореното кривично дело од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, пријавениот во периодот од 23.08.2015 година до […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2016 15:36
•
Posted by: MK News
Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и температури од 13 до 20 степени. Во недела во Македонија умерено облачно време со сончеви периоди и идентични температури од 13 до 20 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2016 13:33
•
Posted by: MK News
Во гостување во емисијата Топ Тема на Телма, специјалната обвинителка Катица Јанева го потцени македонскиот народ и фелата од каде доаѓа и самата. Таа призна дека во СЈО постојат роднински врски што е вистински срам. Според Јанева, јакнењето на капацитетите на СЈО подразбира вработување на нејзини роднини како дел од тимот. -Да, бидејќи сите се […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 15:12
•
Posted by: MK News
Вчера ненадејно почина младиот Филип Чакаров, човек дел од аутдор заедницата и лице домаќин директно одговорен за планинарскиот дом Караџица, објави порталот skimacedonia.mk. „Филип Чакаров ќе биде запамeтен како неверојатно голем човек, поседуваше големи човеки особини, добрина и срце планина. Ќе го паметиме по неговата благородна душа, грижливост, знаења и звуците на кавалот. Ја поседуваше […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 15:09
•
Posted by: MK News
СДСМ денеска преку соопштение најостро го осуди нападот врз новинарот на Телма, извршен синоќа пред Министерството за внатрешни работи. – Интерес на сите граѓани е да ја дознаат вистината и да бидат информирани. Тоа е можно само ако новинарите непречено и без никакви закани по нивната безбедност и без притисоци ги извршуваат своите професионални задачи, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 15:02
•
Posted by: MK News
Предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување мерки на претпазливост против две лица од предметот „Тендери“ е распореден кај судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Како што информира Судот, судија на претходна постапка треба да ги повика лицата за кои се однесува предлогот за да се произнесат во врска […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 14:54
•
Posted by: MK News
Во Скопје на ул. „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 21,20 часот, Б.П.(29) од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на К.П.(32) од Скопје. МВР денеска соопшти дека новинарот повеќепати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 14:28
•
Posted by: MK News
Мирната вечера на семејството Златевски од Скопје се претворила во кошмар. Додека гледале телевизија и јаделе пуканки нивната двегодишна ќерка вдишала едно од зрната. Почнала многу да кашла и да се гуши. Родителите во паника ја однеле на Клиниката за Уво нос и грло. Малата Јана веднаш била внесена во операциона сала. Тимот морал да […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 14:26
•
Posted by: MK News
Македонската Радио Телевизија со жалење ја информира јавноста дека е принудена да го откаже одржувањето на годинашното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2016“. Имајќи ги предвид актуелните состојби иницирани од страна на ЗАМП со забраната за емитување на дела од македонски автори коишто ја изместија програмската шема и му нанесоа штета пред се […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 14:24
•
Posted by: MK News
Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно да ја вршат својата работа. ВМРО ДПМНЕ ги осудува сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди преку какви било закани и прогласувања за непријатели, медиумите да бидат заплашени и цензурирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. о продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ ја […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2016 14:07
•
Posted by: MK News
Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) од составот на баталјонот на Воена полиција (бВП) во раните утрински часови во близина на браната Паљурци на правецот кон Богданци во пограничното подрачје на територијата на Република Македонија, спречија обид за криумчарење мигранти во моторни возила кои биле управувани од македонски државјани. АРМ соопшти дека во акцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2016 16:35
•
Posted by: MK News
Возрасен маж од селото Вруток го загубил животот додека работел на поставување канализација во гостиварското село Форино, информираат од гостиварската полиција. Од првичните информации од увидот, што е во тек, се претпоставува дека М.М. (64) додека поставувал цевки за канализација, во еден момент врз него се срушило поголемо количество на земја и го затрупало. Починатиот […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2016 16:32
•
Posted by: MK News
Во 2015 година, вкупно 22 лица на возраст до 18 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 9 биле деца на возраст до 4 години. Една од нив е малата Ема Радевска чии живот згасна по сообраќајна несреќа која се случи во мај, минатата година, на улиците во скопската населба Лисиче. „На радиостаница […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2016 16:18
•
Posted by: MK News
Борче Трајковски, познат во јавноста, како колумнист под псевдонимот Боки Бургија, е вработен во СЈО како лице кое врши технички и помошни работи, одговори денеска на новинарско прашање обвинителката Ленче Ристовска од СЈО. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на 1 октомври објавило оглас за 12 работни места, а се барале 37. Огласот бил објавен во „Утрински […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2016 16:04
•
Posted by: MK News
За жал, морам да констатирам дека денешната конференција во СЈО е дел од однапред планирано сценарио во функција на политичка пропаганда која има цел да го оцрни работењето на Министерството за култура и на вработените во ова министерство, рече Канческа-Милевска СЈО покажа дека работи површно, врз паушални претпоставки кои немаат врска со вистината. Сите обвинувања […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2016 15:59
•
Posted by: MK News
По повикувањето на сослушување во својство на осомничени лица на петмина судии на Управниот суд од страна на СЈО за донесена одлука во извршувањето на нивната судска функција денеска со реакција се јави и Судскиот совет на Р. Македонија при што беше порачано дека независноста на судската власт и угледот и достоинството на судиите се […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2016 15:47
•
Posted by: MK News
Во официјалниот гласник на Европската унија е објавен тендерот за изградба на Универзитетски Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе отпочнат на почетокот на 2017 година. Предвидено е да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45 месеци, со гарантен рок од 12 […]
______________________________________________________________________________________________________