Archive | Македонија RSS feed for this section

Огромни штети: Пријавени починати- удавени и исчезнати лица, срушени и поплавени куќи и возила

Во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила, а пријавени се починати- удавени и исчезнати лица. За таа цел од МВР беа ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР потврди за 15 загинати

Петнаесет лица го загубија животот во поплавите предизвикани од поројниот дожд и големото невреме кое вчера го зафати Скопје и околината, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за Курир. Според информациите од полицијата жртви се потврдени во Арачиново и областа, Сингелиќ и Стајковци како најпогодени места од невремето. Во Ургентниот центар со тешки повреди примени […]

______________________________________________________________________________________________________

ОВА МЕСТО МОРА ДА ГО ПОСЕТИТЕ: ДЕНЕС е Света Ана

Православната црква утре го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. По тој повод христијаните од цела Македонија го посетуваат манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта, Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер. Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна […]

______________________________________________________________________________________________________

Потпо во Скопје (Видео/Фото)

СИЛНИ ГРМОТЕВИЦИ И МОЛЊИ: Над 800 громови удрија над Скопје за само два часа Невреме со катастрофални последици го зафати Скопје. Граѓани од повеќе делови на градот заглавени во нивните возила и панично јавуваат дека водата им навлегува во автомобилите, а од Лисиче јавуваат и дека водата навлегува во куќите. Специјалните единици успеале да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Се активира и Управувачкиот комитет за справување со кризи

Вицепремиерот Никола Тодоров кој претседава со Управувачкиот комитет за справување со кризи закажа вонреден состанок на комитетот кој е предвидено да се одржи во 10:30 часот во просториите на Центарот за управување со кризи. На состанокот се очекува присуство на сите надлежни институции од централно ниво и од локално ниво од зафатените подрачја. Проценките на […]

______________________________________________________________________________________________________

Центарот за управување со кризи за последиците од невремето кое го зафати Скопје Извор: ТВ Нова

Центарот за управување со кризи за последиците од невремето кое вечерва го зафати Скопје. Извор: ТВ Нова

______________________________________________________________________________________________________

Неофицијално: Природната катастрофа во скопско однесе човечки животи

Извори од институциите кои се на терен потврдија дека катастрофалните поплави предизвикаа човечки жртви. Неофицијално, се работи за неколкумина жртви, јавува Курир.мк Истите извори велат дека вакви катастрофични сцени се немаат забележано во Скопје. Од обилните врнежи кои паѓаа интензивно подолг период буквално се создаваа реки кои носеа се пред себе во околината на Скопје. […]

______________________________________________________________________________________________________

Трајановски: Ова е најголемата непогода во последните години, сите сме мобилизирани

„Мобилизирани се сите екипи на јавните претпријатија на градот Скопје, противпожарната единица, Водовод и канализација, комунална хигиена, водовод и патишта. Тука се од МВР, од војската од противпожарната единица. Ни помогнаа и приватните претпријатија кои испратија доста машини“, истакана градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски при неговата посета во селото Стајковци. Како што посочи Трајановски […]

______________________________________________________________________________________________________

Извештај на ЕВН за последиците од невремето (видео)

Го пренесуваме извештајот од ЕВН за последиците од невремето кое вечерва ја зафати Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

КРИТИЧНО ВО СТАЈКОВЦИ И СИНГЕЛИЌ: Тимови од АРМ извлекуваат поплавени лица

Четири екипи веќе се пратени во населбите Ченто и Стајковци, два чамца се пратени од противпожарната единица, ангажирани се припаднции на специјална полиција и навојската а координацијата се прави на лице место, на последна автобуска постојка од бројот „45“, каде е најкритичното место „Тука е најкритично со оглед на тоа дека од Скопска Црна Гора […]

______________________________________________________________________________________________________

Специјалните единици се пробија до возилата заглавени кај скопската обиколница, пружаат помош

Специјалните единици успеале да се пробијат до возилата на обиколницата во Скопје во близина на село Стајковци, и им помагаат на луѓето што биле заглавени, пренесува Нова Македонија. Повеќе од 30 возила беа заглавени приближно час и половина, поради свлечиште кое формирало насип, а водата влегувала и во автомобилите. Повеќе граѓани кои побараа помош преку […]

______________________________________________________________________________________________________

Доколку ви е потребна помош јавете се на 195

Доколку ви е потребна помош и поддршка за справување со поплавите од невремето кое го зафати скопскиот регион обратете се на телефонскиот број 195, отворен телефонски број на Центарот за управување со кризи. Надлежните информираа дека сите екипи се на терен и им се помага на граѓаните со сите расположливи средства.

______________________________________________________________________________________________________

СТАЈКОВЦИ: Граѓани заглавени во автомобилите (ВИДЕО)

Во некои куќи има дури и по два метра вода, улиците се поплавени, а има и граѓани кои се заглавени во своите автомобили во скопското село Стајковци, јавува Тв Нова Голем број лица останале на патот оневозможени да стигнат до своите домови, а службениците од кризните штабови што ги отвори Владата веќе пристигнале на помош.

______________________________________________________________________________________________________

Критично во Автокоманда, се испумпува вода во Црниче

Граѓани јавуваат дека на еден километар пред село Стајковци има сообраќајна несреќа, а во автомобилите во кои навлегува вода се заглавени и бебиња. Блокирана клучката кај хотелот „Континентал“, предупредија вечерва од Град Скопје. Таму е затворен кружниот тек. Кај Бит Пазар се вози на една коловозна лента. До пред извесно време, на една лента се […]

______________________________________________________________________________________________________

Поплава и на хирургија (ВИДЕО)

а социјалните мрежи беше објавено видео снимено на скопските клиники, најверојатно на Клиниката за хирургија, кое ја покажува состојбата по невремето кое го зафати Скопје вечерва @Gjavolot Видеото е превземено од ФБ профил. Клинички центар Скопје, најверојатно Хирургија, пред 30 мин. #Поплава pic.twitter.com/ZEJeIsIA1L — Ѓаволот (@Gjavolot) August 6, 2016 @Gjavolot Видеото е превземено од ФБ […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР: Утре и во понеделник пороен дожд и грмежи (Видео)

Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во скопската котлина 33 литри на метар квадратен, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на ноќта ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд со променлив интензитет, грмежи и засилен ветер, а процесите во западните делови ќе бидат поинтензивни. Видео […]

______________________________________________________________________________________________________

Избегната голема трагедија – автомобил пропаднал во необележан ископ кај „Усје“ спасени две жени!

Невремето кое го зафати Скопје направи вистински хаос во градот. Како што пишува инфомакс, кај кружниот тек на булевар Србија кај фабриката „Усје“ необележан ископ кој бил поплавен од обилните дождови, за малку не бил причинта за голема трагедија.

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Граѓани заглавени на обиколница бараа помош преку социјалните мрежи

Околу триесет возила беа заглавени вечерва на скопската обиколница приближно час и половина. Според информации од граѓани, свлечиште создало насип, поради кој се насобирало вода, која влегувала и во автомобилите. Граѓаните бараа помош преку социјалните мрежи, известуваа за свлечиштето и дека во некои од возилата има и бебиња и мали деца. Еве шо дочекав, да […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1