Archive | Македонија RSS feed for this section

Заев: 100 дена со граѓаните – грижа, одговорност и сигурност

Денес, 100 дена по изборот на Владата, гордо изговараме дека овие три месеци бевме тука за и со граѓаните, целосно посветени на грижа, одговорност и сигурност. Успешно справување со КОВИД-пандемијата, нова енергија и решителност за подинамичен економски раст и одржлив развој, ефикасна правна држава и силни инстиуции, модерно образование и внатрешна кохезија, активно членство во […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: За јазик и идентитет не може да се дискутира, нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска

Основа на нашиот идентитет е нашиот јазик, потоа историјата, нашата заедничка историја со нашите сонародници, нагласува претседателот Стево Пендаровски во интервју за ЕУобсервер и додава дека за јасикот и идентитетот не може да се дискутира. Не е тајна, посочува претседателот, дека го кодифициравме македонскиот јазик во 1945 година, но тоа е посебен јазик, многу близок до бугарскиот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Комисијата за заразни болести: угостителите да се затвораат во 18 часот, да нема групирања дома и на отворено

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници, соопшти Министерството за здравство. – Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот […]

______________________________________________________________________________________________________

Од јануари 2022 три пати повисок ќе биде данокот на имот за стан или деловен простор кој не се користи

За имот што не се користи и нема да се пријави ќе се плаќа повисок данок. Со оваа мерка ќе бидат опфатени фирмите и општините, а нема да куртулат ниту граѓаните Државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица, кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не […]

______________________________________________________________________________________________________

Усвоена Предлог – одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба

Собраниската комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја усвои и ќе ја проследни понатаму Предлог – одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID-19 предизвикана […]

______________________________________________________________________________________________________

Најмладата жртва на коронавирус, 22-годишна пациентка од Скопје

Државниот санитарен и здравствен инспекторат од денеска почнува инспекциски надзор за 28-годишниот пациент, кој почина од Ковид-19 на 8 декември. Досега ДСЗИ има иницирано 25 вонредни надзори за сите помлади пациенти. Вчера беше регистриран најмладиот починат пациент, 22-годишно лице од Скопје. Лицето е едно од 28-те починати од Ковид-19 во текот на претходното деноноќие. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

22 годишна трудница почина од Ковид-19

Бремената 22-годишна девојка која почина како последица на коронавирусот имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда, велат официјално од Министерството за здравство. Таа на 26-ти ноември од ГАК била префрлена во ГОБ „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На Клиниката за Гинекологија била примена три дена поради комплицирана бременост, а породен бил и мртов плод […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре ќе одлучува за нови мерки – карантин не е опција

Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе решава за воведување порестриктивни за заштита од корона вирусот. Како опција ќе се разгледува намалување на работното време на угостителските објекти, во пресрет на новогодишните празници, но не карантин и полициски час. Министерот за здравство, Филипче, истакна дека овие две мерки нема да дадат резултати и подобрување […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте – „Макпетрол“: Се испраќаат лажни пораки во наше име, случајот е пријавен

„Макпетрол” денеска информираше дека непознато лице се претставува лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа смс пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда. За ваквото дејствување, како што велат информирани се и надлежните институции. -Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол” АД Скопје има една наградна игра која се реализира под мотото […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре вонреден инспекциски надзор за починатиот 28-годишен пациент, најави Бухова

Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега има иницирано 25 вонредни надзори за сите условно речено, помлади пациенти. Три од нив се во текот на последната недела, а утре следува и инспекциски надзор за 28-годишен пациент кој почина на 8 декември, истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова. Таа на денешната прес-конференција […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ денес на протест во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ денес повторно излегува на протест во главниот град пред Владата. Протестот ќе започне во 12.30 часот од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. „Денес ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот повторно излегува на улица. Излегува на улица затоа што Заев повторно излажа дека не преговарал за името, идентитетот, јазикот, историјата. Заев изјави дека е постигнат […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Обезбедени 833.000 вакцини – Вакцинацијата ќе биде бесплатна

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се започнати интензивни подготовки со кои ќе се подготви здравствениот систем за вакцинацијата за Ковид-19. „Обезбедивме 833.000 вакцини за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните и ќе се врши во вакциналните пунктови и болници.“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Ние сме Македонци, зборуваме македонски и сме членка на НАТО, така и ќе остане и ќе станеме членка на ЕУ

Ние сме Македонци што зборуваме македонски и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваат македонски и ќе сме членка на ЕУ, а патриотизам е да не бидеш заглавен во минатото и со тоа да ја загрозуваме сегашноста којашто никако не може да ја отвори иднината, рече премиерот Заев во интервју за радио […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Лек за ковид-19 нема, ремдесивир и фавира да се пијат само во консултација со лекарите

Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест, порача министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дека на црно преку интернет се продаваат лековите ремдесивир и фавира за лекување на коронавирусот. При денешната посета на Штип посочи дека тоа се лекови коишто се докажани дека помагаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Вaкцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна и нема да е задолжителна

Вакцината за Ковид-19, која се очекува да пристигне во почетокот на следната година нема да биде задолжителна, а ќе биде бесплатна за сите граѓани, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што посочи, набавната цена за една вакцина, според иницијалните документи кои ги добиле преку ковакс механизмот, е 10 долари. Во однос на динамиката […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН Македонија ја изгради првата фотонапонската централа од двострани панели во Македонија

Првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија од сонцето и од одблесокот на светлината се инсталираше во Неготино од страна на ЕВН Македонија. Оваа централа е дел од најсовремените светски технологии, направена од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот […]

______________________________________________________________________________________________________

Антикорупциска ќе проверува како ќерката на Караџовски добила работа во ИЈЗ

Антикорупциска ќе истражува како и кога во ИЈЗ била вработена ќерката на Жарко Караџовски, откако таа оваа информација вчера ја објави на фБ. Комисијата ќе проверува и дали има судир на интереси што таа е задолжена да ја објавува дневната ковид статистика кога нејзиниот татко претседава со комисијата за заштита од заразни болести. Ако има […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со граѓаните денес блокада на Владата, МНР и Министерство за правда

И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1