11/12/2020 14:43
•
Posted by: MK News
Бремената 22-годишна девојка која почина како последица на коронавирусот имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда, велат официјално од Министерството за здравство. Таа на 26-ти ноември од ГАК била префрлена во ГОБ „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На Клиниката за Гинекологија била примена три дена поради комплицирана бременост, а породен бил и мртов плод […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2020 15:18
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе решава за воведување порестриктивни за заштита од корона вирусот. Како опција ќе се разгледува намалување на работното време на угостителските објекти, во пресрет на новогодишните празници, но не карантин и полициски час. Министерот за здравство, Филипче, истакна дека овие две мерки нема да дадат резултати и подобрување […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2020 15:15
•
Posted by: MK News
„Макпетрол” денеска информираше дека непознато лице се претставува лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа смс пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда. За ваквото дејствување, како што велат информирани се и надлежните институции. -Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол” АД Скопје има една наградна игра која се реализира под мотото […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2020 15:08
•
Posted by: MK News
Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега има иницирано 25 вонредни надзори за сите условно речено, помлади пациенти. Три од нив се во текот на последната недела, а утре следува и инспекциски надзор за 28-годишен пациент кој почина на 8 декември, истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова. Таа на денешната прес-конференција […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:35
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ денес повторно излегува на протест во главниот град пред Владата. Протестот ќе започне во 12.30 часот од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. „Денес ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот повторно излегува на улица. Излегува на улица затоа што Заев повторно излажа дека не преговарал за името, идентитетот, јазикот, историјата. Заев изјави дека е постигнат […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:33
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се започнати интензивни подготовки со кои ќе се подготви здравствениот систем за вакцинацијата за Ковид-19. „Обезбедивме 833.000 вакцини за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните и ќе се врши во вакциналните пунктови и болници.“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:32
•
Posted by: MK News
Ние сме Македонци што зборуваме македонски и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваат македонски и ќе сме членка на ЕУ, а патриотизам е да не бидеш заглавен во минатото и со тоа да ја загрозуваме сегашноста којашто никако не може да ја отвори иднината, рече премиерот Заев во интервју за радио […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:31
•
Posted by: MK News
Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест, порача министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дека на црно преку интернет се продаваат лековите ремдесивир и фавира за лекување на коронавирусот. При денешната посета на Штип посочи дека тоа се лекови коишто се докажани дека помагаат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2020 16:28
•
Posted by: MK News
Вакцината за Ковид-19, која се очекува да пристигне во почетокот на следната година нема да биде задолжителна, а ќе биде бесплатна за сите граѓани, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што посочи, набавната цена за една вакцина, според иницијалните документи кои ги добиле преку ковакс механизмот, е 10 долари. Во однос на динамиката […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2020 15:52
•
Posted by: MK News
Првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија од сонцето и од одблесокот на светлината се инсталираше во Неготино од страна на ЕВН Македонија. Оваа централа е дел од најсовремените светски технологии, направена од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2020 12:44
•
Posted by: MK News
Антикорупциска ќе истражува како и кога во ИЈЗ била вработена ќерката на Жарко Караџовски, откако таа оваа информација вчера ја објави на фБ. Комисијата ќе проверува и дали има судир на интереси што таа е задолжена да ја објавува дневната ковид статистика кога нејзиниот татко претседава со комисијата за заштита од заразни болести. Ако има […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2020 12:40
•
Posted by: MK News
И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2020 21:37
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер Бучковски е нов специјален преставник за односи со Бугарија. Неговиот мандат ќе трае една година мандат и неговата мисија ќе биде да ги реафирмира релациите меѓу двете земји. За Сител вели дека за таа цел ќе биде повеќе во Софија отколку во Скопје. Бучковски потврдува дека се клучни наредниве десет дена, но и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2020 13:27
•
Posted by: MK News
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест со блокада на Владата и Министерството за надворешни работи, почнувајќи од 12:30 часот завршувајќи во 14:00 часот. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев и тој јавно да каже за што тајно се преговарало овој викенд во Софија. -Денес е време на историски моменти. Денес се моменти кога се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2020 13:24
•
Posted by: MK News
Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во ,,Систина” откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Тој бил донесен во исклучително влошена состојба и лекарите цела ноќ се обидувале да му го спасат животот, но за жал неуспешно. Малиќи беше почесен […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2020 11:14
•
Posted by: MK News
Професорот Пановски посети дел од Ковид центрите на Интерните клиники, направи визита и преглед на пациенти и до министерот Филипче испрати стручно мислење во кое опфаќа три сегменти – оргазнизација на ковид центрите, стручен кадар и со каква терапија се лекуваат болните пациенти, информираат од Министерството за здравство. – Организационо солидно се поставени центрите, со […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2020 16:02
•
Posted by: MK News
Заедно со нашите европски партнери ќе продолжиме да настојуваме да се одржи Меѓувладината конференција со Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ, му напиша помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер на премиерот Зоран Заев. Тој го повтори ставот на САД дека решение за билатералните прашања […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2020 15:57
•
Posted by: MK News
Министерството за одбрана чека насоки од Кризниот штаб и од Министерството за здравство за поставување на припадници на АРМ пред болницата во Штип, кај дел од болниците почна од петокот, а за останатите болници согласно гужвите и притисокот очекува да стратува во текот на наредната недела, соопшти денеска од Штип, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. […]
______________________________________________________________________________________________________