28/01/2021 14:46
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев информираше дека ако руската апликација за комуницирање Телеграм не соработува со властите за групата „Јавна соба“ можно е нејзино блокирање во Македонија. -Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2021 14:35
•
Posted by: MK News
Две лица се приведени поради скандалозната група “Јавна соба” на Телеграм во која се објавува порнографија, експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, адреси и броеви од девојки од Македонија. Оваа информација на Фејсбук ја објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. -Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2021 10:45
•
Posted by: MK News
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“, велат од МВР за МИА. Го повикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки – Ќе продолжиме и со […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2021 10:00
•
Posted by: MK News
Оваа мутација на вирусот не можеше да се избегне и веројатно ќе се случи во сите земји во светот. Таа има побрза трансмисија за 70 проценти, но нема простор за паника, остануваме внимателни. Штом е детектирана на едно место мутацијата веројатно дека ја има и на други места. Мутацијата не мора да е секогаш увезена […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2021 09:39
•
Posted by: MK News
Мутацијата на британскиот сој на вирусот СарсКов2 е присутен во Македонија. Откриен е при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во клиниката Жан Митрев.. Информацијата ја објави министерството за здравство од каде велат дека новиот тип на вирусот бил детектиран кај 46 годишен маж првиот позитивен тест го добил на 29 декември. Молекуларниот биолог […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2021 09:00
•
Posted by: MK News
Административците, најверојатно нема да се вратат на работа од понеделник. Владата чека мислење од Комисијата за заразни болести, која пак, до крајот на неделава не планира состанок. Поради намалениот број новозаразени, минатата недела Владата најави можност за враќање на администрацијата од 1 февруари во полн состав. За овој став, претходно ќе побарале мислење од Комисијата […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2021 08:46
•
Posted by: MK News
На Клиниката за Нефрологија според информации на Сител, во моментот има повеќе од 20 заразени лекари и медицински персонал како и пациенти кои одат на дијализа. Дали станува збор за кластер на Нефрологија која веќе неколку месеци е ковид центар како дел од интерните клиники? Веста дека има заразени за Сител ја потврди и директорката […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2021 12:52
•
Posted by: MK News
Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал. Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Македонија му […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2021 12:48
•
Posted by: MK News
Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани оценувајќи го како штетен по угледот на државата. – Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2021 15:00
•
Posted by: MK News
Има различни групи пациенти кај кои е индициран лекот Ивермектин. Тоа се три групи пациенти – едни за превенција, други кои биле во контакт со заболен од Ковид-19 и третата група на пациенти кои се заболени. Тоа е лек што ја намалува репликацијата на вирусот и не го суплимира имуниот одговор на клетката и практично […]
______________________________________________________________________________________________________
13/01/2021 13:09
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19. Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2021 14:24
•
Posted by: MK News
На 90-годишна возраст почина академик Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука. Веста за неговата смрт ја соопштија од Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет на нивниот официјален Фејсбук. – Во голема жалост ја споделуваме веста дека денеска, на 90 годишна возраст, почина академик […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2021 14:23
•
Posted by: MK News
Променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд ќе преовладува денеска. На планините на север се најавуваат врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено в долж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР). Поради продор на студена воздушна маса од север […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2021 14:20
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство ја информира јавноста дека лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките. Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mg x 10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари. Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2021 14:16
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 19 јануари 2021 година (вторник), Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците(„Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07). Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2021 14:12
•
Posted by: MK News
Со 95 гласа Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија. За претседател е избран Александар Даштевски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и досега беше на оваа позиција во ДИК. Од редовите на СДСМ нов мандат добија Борис Кондарко и Радица Ристеска, а член стана и поранешниот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2021 14:11
•
Posted by: MK News
Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање – Божик, еден од најрадосните празници. Традиционално тие големиот празник го дочекаа со посна, но богата бадникова трпеза. Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2021 19:33
•
Posted by: MK News
Почина Зоран Џорлев, еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач, и професор. Џорлев, според негови блиски, веќе некое време се лекувал од корона, но, за жал, неговиот организам не успеал да се избори со болеста. Тажната вест на својот Фејсбук профил ја објави неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски. Огнен стави црна позадина како профилна фотографија, […]
______________________________________________________________________________________________________