12/01/2021 14:12
•
Posted by: MK News
Со 95 гласа Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија. За претседател е избран Александар Даштевски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и досега беше на оваа позиција во ДИК. Од редовите на СДСМ нов мандат добија Борис Кондарко и Радица Ристеска, а член стана и поранешниот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2021 14:11
•
Posted by: MK News
Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање – Божик, еден од најрадосните празници. Традиционално тие големиот празник го дочекаа со посна, но богата бадникова трпеза. Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2021 19:33
•
Posted by: MK News
Почина Зоран Џорлев, еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач, и професор. Џорлев, според негови блиски, веќе некое време се лекувал од корона, но, за жал, неговиот организам не успеал да се избори со болеста. Тажната вест на својот Фејсбук профил ја објави неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски. Огнен стави црна позадина како профилна фотографија, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2021 15:12
•
Posted by: MK News
Пет мажи и пет жени биле третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Главно биле на возраст до 22 години, а најмладиот имал само 16-години. Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Ридван Бајрами денеска изјави дека од вкупно 10-те пациенти третирани на Клиниката, шест биле малолетни. Имало и една девојка […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2021 15:10
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство д-р Венко Филипче во изјава за медиумите информираше дека новогодишната ноќ помина мирно за дежурните екипи споредбено со претходните години. Во Ургентниот хируршки центар извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 во изминатите години. Десеттина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу помалку […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2021 15:00
•
Posted by: MK News
Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на Скопје евидентирани се три пријави за прославување на поголема група луѓе. Едната прослава била во општина Карпош на булеварот „Партизански одреди“, втората во општина Центар на булеварот „Илинден“ и третата на подрачјето на Бит Пазар, во Старата Чаршија. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2021 14:59
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека новогодишната ноќ била генерално мирна, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Тој информира дека во текот на ноќта биле регистрирани 16 кривични дела, 13 прекршоци, а немало сообраќајни незгоди со смртни последици. Во текот на новогодишната ноќ, биле добиени девет пријави за недозволени забави и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2021 14:57
•
Posted by: MK News
Првото бебе родено во 2021 година е машко, родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебето е тешко 3 килограми и 650 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е Бојана Смилеска од Скопје и ова е нејзино второ дете. Бебето денеска ќе го посети министерот за здравство Венко […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:34
•
Posted by: MK News
Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, објави на социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев. „Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев. Тој упати силна поддрша до хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и до сите хрватски […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:28
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња. – Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани, напиша Пендаровски на Фејсбук. Земјотрес со интензитет од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2020 17:07
•
Posted by: MK News
Додека Филипче спие, вакцини стигнаа во соседните земји и стартува вакцинацијата против корона, а во Македонија ни трага ни глас. Во Македонија, Владата допрва ќе формирала комисија за директни преговори со фирмите производители на вакцини. Македонија доцни со месеци зад другите земји во регионот. Да го потсетиме Филипче како тече процесот во земјите од соседството. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:50
•
Posted by: MK News
Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра. Највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали – кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра. Според Управата за јавни приходи, во споредба со 2018 та година има значително намалување […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:17
•
Posted by: MK News
Боки 13 денеска поднесе шест нови кривични пријави во обвинителството. Неговиот адвокат не кажа конкретно против кои лица се поднесени. Кривичните пријави се за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура како и обид за убиство. Дуковски кажа дека Боки поднел 6 кривични пријави против повеќе лица меѓу кои доктори, функционери […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:14
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека казната од 45 евра за возачот на „Бентлито“ кое вчера влета на плоштадот во Скопје меѓу луѓе, е само првична казна, а ќе следува и друга поголема. „Постојат и елементи на кривично дело и тоа ќе биде процесуирано“, објасни Шилегов. Тој сепак вели дека е задоволен што властите […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:06
•
Posted by: MK News
Коалицијата на Алијанса и Алтернатива жестоко реагира на новиот концепт за основно образование кој предвидува албанскиот јазик да биде изборен предмет од шесто одделение “Зошто македонскиот јазик да не биде изборен предмет за албанските ученици? Ова е хибридно решение кое е политички пазар помеѓу СДСМ и ДУИ. Ова не беше предизборно ветување на ДУИ и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:02
•
Posted by: MK News
Бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација, објави Владата. Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2020 16:14
•
Posted by: MK News
ЕВН Македонија обезбеди 300 пакети со хранливи производи за социјално ранливите категории на граѓани и 650 Новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост низ Македонија. Пакетите за деца беа донирани до Црвениот крст на Република Северна Македонија, додека пакетите со храна ЕВН ги донираше до Македонската православна црква (МПЦ), […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2020 15:57
•
Posted by: MK News
Шесте илјади денари за купување домашни производи Владата веќе ги префрли во банките, а тие на трансакциските сметки на граѓаните. Овие пари, како што беше неодамна најавено, можат да се користат неограничено, без краен рок. Овој пат средствата нема да бидат на платежни картички каде што потрошувачката ќе биде ограничена само македонски производи, туку граѓаните […]
______________________________________________________________________________________________________