Archive | Македонија RSS feed for this section

МВР: Кај клучката Стајковци заглавени околу 70 возила

Поради настанатите свлечишта, кај клучката Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот полицијата констатирала дека се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец. Како што соопшти МВР, исто така, во временскиот период од 19:30 часот до 4:30 часот, поради настанати поплави во градското […]

______________________________________________________________________________________________________

На Македонија сега и е потребна помош!

Синоќа мојата Македонија – моето Скопје беше зафатено од невидено невреме кое однесе голем број на човечки животи и остави голем пустош зад себе. Ве замолиме сите што сте во можност да донирате на овој број и да споделите. *** 143 400 *** На Македонија сега и е потребна помош!

______________________________________________________________________________________________________

Анализа на метеорологот Глигор Митковски- што може да очекуваме? (ВИДЕО)

800 громови го погодиле скопско вчера. УХМР соопшти дека и денес подрачјето на Македонија ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Глигор Митковски за […]

______________________________________________________________________________________________________

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ: Сега официјално 21 загинато лице, 20 идентификувани

Бројот на жртви од синоќешните поројни дождови, особено во скопскиот регион, повторно се зголеми. Од официјално 20-мина, од МВР тукуштш информираат дека тие сега се 21 жртви од невремето. 21 загинато лице, од кои за 20 е завршена идентификацијата и се предадени на семејствата, соопшти Управувачкиот комитет за справување со кризи. Во невремето синоќа најмногу […]

______________________________________________________________________________________________________

Донирајте за настраданите од поплавата во Скопје: На телефонот 143-400

Доколку сте во можност да донирате за помош на настраданите во поплавата во скопско, направете го тоа на бројот 143 400 од сите мобилни оператори.

______________________________________________________________________________________________________

Поплавените подрачја фотографирани денеска од хеликоптер (ГАЛЕРИЈА)

Фотографии снимени од хеликоптер на АРМ ги покажуваат димензиите на природната непогода што го погоди Скопје.

______________________________________________________________________________________________________

Груевски го прекинува летниот одмор, се враќа во Македонија поради настанатата ситуација

Поради настанатата ситуација со силното невреме кое го зафати скопскиот регион вчера, а кое според последните информации однесе 20 животи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го прекинува летниот одмор и се враќа во земјава, дознава КУРИР. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ го прекинува летниот одмор во Турција и се враќа во Македонија со цел да помогне […]

______________________________________________________________________________________________________

Застрашувачка снимка од Водно: Планинари затекнати од невремето!

До редкацијата на порталот Прес 24 читатели испратиле морничава снимка кои се затекнале на Водно за време на силното невреме, небото се спои со земјата – од оваа снимка ќе ви се заледи крвта.

______________________________________________________________________________________________________

Десет деца, 10 возрасни и неподвижна старица евакуирани со чамец во Стајковци

Во попладневните и вечерните часови на 06-08-2016 подрачјето на град Скопје го зафати силно невреме проследено со грмотевици, пороен дожд и ветер. До 23:00 часот наврнаа околу 63 литри воден талог на 1 m2 што предизвика поплавување на улици и објекти на целата територија на град Скопје. Најкритични точки кои се регистрирани во почетокот се: […]

______________________________________________________________________________________________________

По 3.000 евра отштета за секоја жртва од невремето

По 3.000 евра ќе им биде исплатена отштета на семејствата за секоја жртва, беше решено на денешната вонредна седница на Град Скопје, која почна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите. На седница која ќе почне во 16 часот се очекува Владата да прогласи ден на жалост, додека пак Скопје и Тетово ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре ден на жалост

Утре во Македонија е прогласен ден на жалост поради смртта на 20 лица од обилните врнежи на дожд и поплави. Семејствата на загинатите ќе добијат еднократна помош од 180 илади денари од град Скопје. Скопје беше погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број сообраќајници во Скопје, прекини […]

______________________________________________________________________________________________________

Се трага по шестгодишно момче, неговата баба најдена удавена

Сите жители од улицата „Костадин Петровиќ“ во Сингелиќ се уште го бараат телото на шестгодишното момче кое водата го отргнала од рацете на баба му, пренесува ДНЕВНИК. Се удавија двајцата. Бабата ја пронајдовме во каналот, удавена. По детето трагаме цела ноќ и денеска, вели Авди, 60- годишен маж од Сингелиќ, кој вели дека едвај се […]

______________________________________________________________________________________________________

Албанец спаси Македонка од давење во невремето (Видео)

Македонците и Албанците знаат да си помогнат кога е најтешко. Доказ за тоа е и видеото кое го објави порталот Алмакос , на кое Сафет Бајрами од село Лока од Скопје, помногу тешкотии ја спасува Соња Ајанковска од поплавеното Форд Мондео. Тој потенцира дека е многу среќен за ово хумано дело каде што жената беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Хрват се симна од автобус и му помогна на скопјанецот со заглавено BMW да излезе

Овој човек херој е тренер од Осијек, Хрватска и моментално е во Скопје на турнир за кадети кој традиционлано се одржува 3-та година. Човекот се симнал од автобусот полн со деца фудбалери и заминал да му помогне на заглавениот скопјанец за да излезе од поплавената улица. Секоја чест за добродушноста на овој човек.

______________________________________________________________________________________________________

Апел: Донирајте за поплавените во 13 часот пред скопски „Веро Центар“

Денеска во 13 часот пред скопски „Веро Центар“ во населбата Аеродром е организирана акција за собирање помош за граѓаните од поплавените подрачја. Оваа информација се споделува преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Бројот на жртва до сега е 20 загинати лица. Најголем дел од жртвите се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде има и […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови страшни бројки: 20 лица загинати, шест лица исчезнати, 22 лица повредени

Дваесет лица се загинати, од кои за 13 е завршена идентификацијата и се предадени на семејствата, беше соопштено по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи. Според последните податоци на министерството за внатрешни работи шест лица се водат за исчезнати, а 22 лица се повредени и им е укажана медицинска помош. но, неофицијално […]

______________________________________________________________________________________________________

Апокалиптична слика кај скопската обиколница

Скопската обиколница ден по поплавите како од апокалиптично сценаро. Како што може да се види од извештајот на ТВ Нова, голем број автомобили се уште се заглавени на патот. Синоќешното време одзеде 16 човечки животи, од кои најмногу се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново.

______________________________________________________________________________________________________

Бројот на жртви од невремето се искачи на 16 – 13 од нив се идентификувани

Се зголемува бројот на жртвите од невремето во скопскиот регион. Началникот на одделението за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи, Наталија Спирова Кодриќ соопшти дека според последните податоци, до 11.15 часот бројот на жртви од невремето се зголемил на 16, 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, додека за тројца е […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1