01/03/2016 11:23
•
Posted by: MK News
Се зголемува бројката на евтини авио летови од европските дестинации. Нови три директни авио линии од Скопје до Берлин, Братислава и Копенхаген стартуваат кон крајот на месец март. -Евтините авио летови кои што ги воведе и финансиски ги поддржува Владата се од големо значење и за домашната економија и за македонските граѓани. Од една страна […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2016 11:14
•
Posted by: MK News
Турција е безбедна дестинација за летување годинава. Македонските граѓани можат да се чувствуваат слободно и да патуваат во Анталија, Бодрум, Мармарис, Истанбул или во другите летувалишта. Сите неопходи мерки од турската Влада се преземени Ова на прес-конференција го истакна Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителска комора на Македонија. Керим апелираше до туристичките работници во Македонија и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2016 11:11
•
Posted by: MK News
Група работници работат на теренот каде треба да никне 51 метарскиот крст, набљудувани под будно око на полицијата. Од МВР не откриваат подетални информации од истрагата. Велат дека работат на расветлување на случајот. Дали и кога ќе биде покрената прекршочна или кривична пријава, јавноста ќе биде известена. Два дена по поставувањето камен темелник на крстот, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2016 11:07
•
Posted by: MK News
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе ја посети Република Македонија, како дел од неговата агенда за изнаоѓање начин за менаџирање и решавање на бегалската криза. Туск, како што најави неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Првиот човек на Евросоветот од денеска до 3 март, покрај Скопје, ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
29/02/2016 12:50
•
Posted by: MK News
Колку чини една свадба? Колку пари се вртат на годишно ниво во Македонија? Македонците трошат по околу 50 милиони евра годишно на свадби, пишува denar.mk Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во Македонија, во просек секоја година се склучуваат по 14 илјади бракови. Пресметките покажуваат дека една обична и скромна свадба со 200 гости чини […]
______________________________________________________________________________________________________
29/02/2016 09:14
•
Posted by: MK News
Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, повторно се обидуваат да шират лаги и на било каков начин да ги поврзат со заменик претседателката на СДСМ, реагираат од партијата и истакнуваат дека и овој последен обид да конструираат случај таму каде што го нема заврши неуспешно. „Да имаше нешто, било што, незаконско или нешто непријавено, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/02/2016 09:03
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови. Температурата ќе се движи од 9 до 18 степени. Во Скопје ќе има слично време со температура до […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2016 23:01
•
Posted by: MK News
Дали е ова јахтата на која со своето семејство заменичката на Заев, Радмила Шеќеринска уживаше летово на луксузните грчки одмаралишта? Телевизија Нова дојде до ексклузивни снимки од јахтата АДА која и според изгледот и според името наликува на онаа што можевме да ја видиме во Егејското море, јави денес телевизија Нова, пренесува Денешен. Во Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2016 15:06
•
Posted by: MK News
Ноќеска во 40-тата година од животот ненадејно почина Марија Петковска, новинар во дескот на Македонската радио телевизија. Колективот на МРТВ по повод смртта на својата колешка испрати сочуство до семејството, сопругот Димитар и ќерката Мила. Погребот ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Бутел со почеток во 12 часот. Нека почива во мир!
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2016 14:01
•
Posted by: MK News
Тодор Петров кој вчера беше нападнат од поголема група на Бекир Асани и заврши како што беше наведено со потрес на мозокот, на својот Фејбук профил раскажува како дошло до тепачката. Пишува Тодор ПЕТРОВ Фала му на Господа, денес, Бог ми го спаси животот. На денот на Крстот… Но, која е верата и дали е […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2016 13:23
•
Posted by: MK News
МВР во врска со физички напад врз Петров соопшти дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот. – Во врска со настанот кој е пријавен во 12,30 часот дека лицето Т.П. е физички нападнато во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица и е префрлено во Ургентен центар, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2016 12:09
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва вечерта го посетија првиот човек на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ заедно со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Петров вчера околу 12:30 беше префрлен во болница, откако беше претепан. Петров вчера беше претепан во ресторанот „Казабланка“ по поставувањето на камен-темелникот на крстот во скопската […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 22:11
•
Posted by: MK News
По целодневен молк за нападот во кој беше претепан Тодор Петров, МВР излезе со соопштение за немилиот настан. Од таму ги испраќаат основните информации за настанот, но нема приведени и напаѓачите се уште не се уапсени. -Во врска со настанот кој е пријавен денеска во 12,30 часот дека лицето Т. П. е физички нападнато во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 15:06
•
Posted by: MK News
Претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, бил претепан по осветувањето на крстот во скопски Бутел. Неофицијално, околу 12:30 часот тој бил нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во близина на Скопски саем. Болнички извори за ТВ НОВА брифираат дека Петров во моментов се наоѓа на една од скопските клиники, каде му се санираат повредите здобиени во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 13:41
•
Posted by: MK News
Првиот Македонец што ги преплива Охридското Езеро и каналот Ла Манш Нико Нестор, почина вчера во Скопје на 81. годишна возраст. Нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства има освоено 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година година […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 13:12
•
Posted by: MK News
Под влијание на изразено јужно струење во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе дува засилен југоисточен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела брзината на ветерот повремено ќе достигнува до 70 км/час, а во понеделник на моменти ќе надминува и 90 км/час. Ветерот ќе биде поизразен долж […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 12:54
•
Posted by: MK News
За жал на гаталците, кои без да ги проверат фактите изнапишаа сѐ и сешто за убиството во Маково, кое наводно се случило по кавга за Катица Јанева, директните сведоци на настанот и внуката на убиениот за нашиот весник тврдат дека ниту станало збор за политика ниту, пак, имало воопшто простор за таква дискусија. Убиениот никогаш […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2016 14:38
•
Posted by: MK News
На 26 февруари 2004 година македонскиот претседател Борис Трајковски со државната делегација отпатува на меѓународната донаторска конференција што се одржа во Босна и Херцеговина. Во трагичната авионска несреќа во близина на Мостар живот го загубија сите девет патници, меѓу кои и претседателот Трајковски. По повеќе од десет години од трагичната несреќа сè уште не се […]
______________________________________________________________________________________________________