Archive | Македонија RSS feed for this section

АХВ: Нема небезбедни чоколатца на македонскиот пазар

Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ, дека чоколатцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни. „Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе никне уште еден крст во Скопје – 50 метарски ќе се гради во Бутел

Во општина Бутел ќе се гради крст висок 55 метри. Советниците изгласаа на денешната седница градба на овој крст. Локацијата се уште не е одредена.  

______________________________________________________________________________________________________

Можност за воведување авио линија Охрид- Белград

На покана на менаџментот на „AIR SERBIA“, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески е во работна посета на Белград, Србија. На работниот состанок со менаџерскиот тим на најголемата авио компанија во Србија, закажан за утре, ќе бидат разгледани можностите за воведување авио линија Охрид- Белград. Со ова, Локалната самоуправа ја потврдува стратегијата за летови од и […]

______________________________________________________________________________________________________

Зоолошката во Скопје ќе добие слонара

Скопската зоолошка градина распиша оглас за изградба на слонара. Проценката е дека за проектот ќе се потрошат 22.000.000 денари, а главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена. Зоолошката во Скопје, веќе 25 години е без слон, откако последниот угина во 1991 година.

______________________________________________________________________________________________________

Дожд до петок- еве какво време не очекува

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од девет до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и […]

______________________________________________________________________________________________________

Бејли: Изборите на 5 јуни можат да бидат кредибилни

Ако секој работи напорно и игра според правилата, веруваме дека изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни и да ја придвижат Македонија напред во надминување на политичката криза“, изјави американскиот амбасадорот Џес Бејли откако политичките партии договорија пролонгирање на изборите од 24 април на 5 јуни. Одговарајќи на новинарско прашање, што ако некоја од […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: На 5 јуни СДСМ ќе ја преземе одговорноста која ќе му ја дадат граѓаните (ВИДЕО)

На 5 јуни СДСМ ќе ја преземе одговорноста која ќе му ја дадат граѓаните, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев. – Ова е уште еден пораз на Никола Груевски. Никола Груевски ја призна својата лична одговорност – нема услови за фер избори на 24 април. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Добивме уверување од ЕУ и САД дека веќе нема да има условувања – избори на 5 јуни

Добивме уверување од меѓународната заедница дека повеќе нема да има нови условувања, дека до 5 јуни нема да има повеќе преговори и дека има доволно време и Државната изборна комисија да си ја заврши во целост работата, рече во пополноќната изјава лидерот на владејачката партија Никола Груевски по завршувањето на денешните целодневни мачни преговори. Тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Во живо обраќање и на Зоран Заев (Видео)

Во видеото подолу можете во живо да го следите обраќањето на опозицискиот лидер Зоран Заев. Прес конференцијата е закажана за 15 минути после полноќ.

______________________________________________________________________________________________________

Со 83 гласа „за“ собранието изгласа ќе се распушти на 7 април – ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ

Со 83 гласа „за“ и само три „против“ собранието ја повлече одлуката за самораспуштање. Одлуката беше донесена без дискусија туку само со процедурални забелешки од пратеникот на СДСМ, Горан Сугаревски и Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ. Според предлогот на ДУИ распуштањето на парламентот треба да се помести за 7 април и согласно пропишаниот минимум […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Се очекува обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Наскоро во седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се очекува обраќање на претседателот на партијата Никола Груевски. Прес-конференцијата на Груевски доаѓа откако претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за во 23 часот ја закажа 95-тата седница на Собранието на чиј дневен ред е одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија. […]

______________________________________________________________________________________________________

Во 23:30 собраниска седница – СДСМ прифаќа избори на 5 јуни

Според последните информации на Телма, собраниската седница на која ќе се одложи распуштањето на парламентот и изборите, ќе се одржи во 23:30 часот.  Неофицијално, СДСМ прифаќа предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 јуни, а ВМРО-ДПМНЕ прифаќа да се постигне договор за медиумите според предлозите на белгискиот експерт Питер Ванхојтe.

______________________________________________________________________________________________________

Средба на Заев со европратениците Ховит, Кукан и Вајгл

Договорот од Пржино мора да се исполни – лидерот на СДСМ Зоран Заев на средба со европратениците Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан, на која присуствуваа и заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски. Заев, информираат од партијата, посочил дека оценката на меѓународната заедница, на ЕУ и САД, дека нема услови за […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитриев: Ако нема избори, да се врати владата која има легитимитет од граѓаните

Tехничкиот премиер Емил Димитриев преку Фејсбук статус го кажа своето мислење за иницијативата за одложување на изборите, која вечерва би требало да се најде на гласање пред пратениците, по препораката на ЕУ и САД, според која нема услови за фер избори на 24 април. Еве го статусот на  Димитриев ,,Техничката влада на подолг временски рок […]

______________________________________________________________________________________________________

„Диво насеље“ – Сведочеа полицајците од Гошинце

Сведоци на обвинителство во случајот „Диво Насеље“ беа полицајците од караулата Гошинце, и роднина на еден од обвинетите, предложени од обвинителството. Медиумите денеска немаа можност да го проследат нивното сведочење затоа што во Основниот суд 1 каде што беше одржано рочиштето немаше просторни услови.  Адвокатот на дел од обвинетите Асмир Алипагич изјави дека на следното […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Одложување на изборите само со консензус од сите политички партии

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред да влезе на средба со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан изјави дека претходниот договор предвидуваше избори на 24 април и за тоа да се промени мора да има консензус . Тој датум не може да го одреди самата ДУИ, туку треба да произлезе од сите политички […]

______________________________________________________________________________________________________

Министрите и замениците министри од СДСМ поднесоа оставки ВИДЕО

Министрите и дополнителите заменици министри на СДСМ денеска поднесуваат оставки на своите функции од Владата на Република Македонија, рече министерот за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски. Тој од пред зградата на Владата, рече дека очекува нивните оставки да бидат прифатени. – Доколку останува на сила распуштањето на Парламентот, бараме да ни се констатираат оставките […]

______________________________________________________________________________________________________

Најбројното семејство во Македонија – Апостолоски имаат 12 деца

Најбројното семејство во Македонија живее во тетовско Ново Село. Се работи за семејството Апостолоски. Трпе и неговата сопруга Ѓурѓа имаат 12 деца. Иако живеат на работ на егзистенцијата, семејството вели дека 12-те деца се нивното најголемо богатство. На семејството на одржувањето на „Гоце фест“ во Домот на АРМ во Скопје му беа подарени 1.000 канадски […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1