10/07/2015 09:43
•
Posted by: MK News
Откако ужасна трагедија го потресе главниот град пред две дена во која животот го загуби новинарка Сузана Тодоровска Павлоска во Македонското радио денеска од обвинителство соопштија детали поврзани со случајот кои ја шокираа јавноста. Имено, според првичните сознанија и вештачења е откриено дека возачот на возилото „опел“ бил под дејство на алкохол при што во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2015 09:37
•
Posted by: MK News
Општина Центар почнува со спроведување на проектот „Зона на мирен сообраќај“, со што во цело Дебар Маало брзината на движење на возилата ќе се ограничи на максимум 30 км/ч. Зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај, постоење на основно училиште, безбедноста на граѓаните, беа причините градоначалникот Андреј Жерновски да предложи воведување на популарно наречената „Зона 30“. Со […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2015 09:32
•
Posted by: MK News
Инцидент се случил вечерва во центарот за азиланти во Визбегово, во знак на револт дел од мигрантите се обиделе да предизвикаат пожар, јави 24 Вести Телевизијата објави аматерско видео, во кое се гледа како гори хартија на прозорецот. Мигрантот кој што го снимил извесен Омар, вели дека условите се неподносливи и дека барат да бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Против петмина судии, четворица здравствени работници, од Прилеп, Битола и од Тетово, Министерството за внатрешни работи до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава затоа што помогнале осуден за убиство да не издржи поголем дел од казната. Петмината судии се од Основен суд Прилеп, тројца се вработени во ЈЗУ „Психијатриска болница Демир Хисар“ и еден раководител на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2015 09:03
•
Posted by: MK News
Времетово Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На одделни места особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 19:42
•
Posted by: MK News
Во попланевните часови во кривопаланечкото подрачје денеска имаше краткотрајно невреме. За време од четири минути го зафати пороен дожд, грмежи и град со големина од 1 см придружен со силен ветер со брзина околу 65 километри на час. Како што соопшти УХМР, до 17 часот во тоа подрачје измерени се 16 литри воден талог на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 18:31
•
Posted by: MK News
Деновиве повторно главна тема на разговор е топлото време. Ова е листа на апсолутно највисоката измерена температура во месец јули во Македонија. Мерењата, нормално, се направени на метеоролошките мерни станици во склоп на УХМР. Во принцип рекордите се со пола-пола зачестеност помеѓу јули 1988 и јули 2007 година. 45,7 °С Демир Капија 45,3 °С Гевгелија 43,5 […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 16:04
•
Posted by: MK News
Во попладневните и вечерните часови се очекува дестабилизација на времето со појава на засилени врнежи. Локално можна е појава и на град. Оваа нестабилна маса ќе донесе и благ пад на температурите за викендов. Видео – Канал5
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 11:32
•
Posted by: MK News
Полицијата по извршениот увид во присуство на јавен обвинител, во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во која загина новинарката Сузана Тодоровска Павлоска, ќе направи дополнителни анализи на биолошки материјали земени од возачот и сопатничката. -Извршен е увидот, ќе бидат познати сите детали во однос на причините за сообраќајната несреќа. Земени се крв и урина од […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 10:20
•
Posted by: MK News
„Дојдов дома за да ги чекам моите деца, но ме затекна грозоморна слика. Локви крв, мајка ми мртва а сестра ми молеше за помош“. Вака го започна сведочењето Данче Леова сопругата на трикратниот убиец од Кавадарци Тони Станоев. Неделното ноемвриско попладне во кое Тони требало да ги врати своите деца во домот на разведената сопруга […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Педесет и осумгодишна работничка во турската фирма „Јаја Мезлер“ во Штип вчера починала на своето работно место, пренесува МИА. Според лекарите, смртта на жената не е поврзана со топлото време, туку поради проблеми со срцето што таа ги имала подолго време. Техничкиот директор во „Јаја Мезлер“, Перо Димитров изјави дека раководството и работниците се потресени од несреќниот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 10:02
•
Posted by: MK News
Комисијата за заштита на конкуренцијата ја одобри концентрацијата со која Мобилком Австрија стекнува контрола над телекомуникацискиот оператор ОНЕ. Концентрацијата е во согласност со одредбите од законот и ја одобрува под услов подносителите, ОНЕ и ВИП да ги исполнат преземените обврски во утврдените рокови. Барањето за спојување на ОНЕ и ВИП е доставено првично до Комисијата на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 09:22
•
Posted by: MK News
Од август ќе започне примената на шествалентните вакцини кои веќе пристигнаа во Македонија, а од септември се очекува да почнат да се користат и петовалентните вакцини, најави премиерот Никола Груевски. – Веќе вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2015 09:02
•
Posted by: MK News
Сончев, топол летен ден со мала локална облачност е прогнозата за времето денеска. Во попладневните часови од север ќе бидеме под влијание на посвеж воздух што ќе донесе благ пад на температурите. На југ максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени. Денеска ќе имаме и локално наоблачување кое наместа ќе донесе и врнежи од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2015 22:46
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека премиерот Никола Груевски го минира договорот од 2 јуни и најави дека ќе продолжи со објавувањето на „бомбите“. Преговорите се неуспешни, а СДСМ се враќа на проектот Вистината за Македонија во чии рамки досега беа објавувани така наречените бомби, објави лидерот на партијата Зоран Заев. Никола Груевски во […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2015 13:09
•
Posted by: MK News
Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио. Таа го загуби животот пред ТЦ „Зебра“, откако во неа удри патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од возач од Скопје (1978). Во несреќата возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на улицата „Народен […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2015 12:44
•
Posted by: MK News
Граѓанка од Битола за ЦИВИЛ Медиа сведочи за условите на работниците по фирмите, за мизерните плати и заминувањето на младите од Битола. Taa вели дека работниците во фирмите во Битола работат за месечна плата од 7.000 денари, по дванаесет часа одеднаш, а, пак, слободни се само еден ден месечно. Целосната изјава погледнете ја на видео-снимката. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2015 11:06
•
Posted by: MK News
Полицијата го утврди идентитетот на жената која синоќа околу 8 часот беше прегазена на улицата „Васил Ѓоргов“ од автомобил „опел“ со скопски регистарски таблички. Станува збор за 50-годишната Сузана Т. П. од Скопје, која по ударот почина на лице место. Возачот, скопјанецот Б.Б. (37) и сопатничката од автомобилот Ј.П. (33) се пренесени во Ургентниот центар […]
______________________________________________________________________________________________________