Archive | Македонија RSS feed for this section

Од денес ќе растат платите

Како што најави владејачката партија во својата програма за 2014-2018, од идниот месец вработените во администрацијата ќе добијат повисоки плати за 4 отсто. Зголемениот личен доход за октомври тие ќе го примат на стартот од ноември. Од октомври идната година ќе се зголемат и пензиите. Пензионерите во ноември ќе земаат за 5% повисоки пензии.  

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се гради нов трговски центар, двојно поголем од Сити мол

Во непосредна близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се гради трговски центар кој според најавите ќе биде двојно поголем од Сити Мол. Економски мк. пишува дека Luxury Balkan Mall ќе го гради бугарската компанија ИСА 2000 на територијата на општина Петровец, а истиот ќе отвори 2.000 вработувања. -Оваа парцела е околу 70 илјади квадрати. […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје повторно со високо загаден воздух

Скопјани повторно дишат загаден воздух. Мерните станици поставени од министерството за животна средина денеска покажуваат дека Скопје има високо загаден воздух. Според јавно достапните податоци, Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба се со високо ниво на присуство на PM10 честичките, додека нивото на овие канцерогени честички во Миладиновци и кај Ректорат е на средно ниво. […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре казна од 1.000 денари за „шверцерите“ во ЈСП

Од утре, први октомври почнува да важи новата цена за дополнителнителниот билет, информира Јавното претпријатие Скопје (ЈСП). Имено секој патник кој ќе биде затекнат дека користи јавен превоз во возилата на ЈСП без билет или со поседување на несоодветен билет од страна на овластениот контролор на ЈСП СКОПЈЕ е должен да го плати издадениот дополнителен билет […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Артан Груби со селфи под Ајфеловата кула

Артан Груби е вистински интернет хит по гафот кој го направи, сликајќи се пред погрешен споменик. Од тогаш, не престануват монтираните фотки со кој корисниците на интернет се шегуваат со него. Ова е нашиот избор за денеска. Авторот не ни е познат, но мора да признаеме, дека монтажата е перфектна ФОТО: Пресс 24

______________________________________________________________________________________________________

Тешко повреден рудар од Пробиштип

58-годишниот рудар Н.М. тешко е повреден во една од јамите на Добрево од злетовските рудници, со кои стопанисува индиската компанија Индоминерали. Според потпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова кај нив несреќата била пријавена во 7 часот. Тешко повредениот рудар кој имал скршеници на нозете бил однесен во пробиштипската, потоа во штипската, а оттаму поради сериозноста […]

______________________________________________________________________________________________________

Жените од Македонија одат да абортираат во Србија и Косово

Македонските жени одат да абортираат во Врање и во други градови од соседна Србија и Косово кои се најблиску до нашата држава, тврдат за НОВА гинеколози кои се инволвирани во оваа проблематика. Во какви услови го вршат абортусот таму, никој не знае да каже. Некои од жените купувале таблети за умртвување на плодот, кои таму […]

______________________________________________________________________________________________________

Пајакот носи се пред себе – Отсранети 63 возила

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди. Од нив, 10 се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца мотоциклисти. […]

______________________________________________________________________________________________________

Исповед на мајката која се породи пред Гинекологија Чаир

Папочната врвца ја пресекоа во болницата откако со количка нè зедоа мене и Анџело и нè пренесоа во салата, раскажува за „Дневник“ Перихан Kадри, мајка на бебето, кое само што се роди завчера напладне пред Гинеколошката клиника во Чаир, предизвика голем медиумски интерес Се породив сама назад во автомобилот, но бебето не падна на улица, […]

______________________________________________________________________________________________________

4-ца осудени по протестите за „Монструм“ излегоа од Шутка (Видео)

На слобода до правосилност на пресудата излегоа четворица демонстранти кои летоска добија по три години затвор за нередите при протестите против пресудата во „Монструм“. Откако изминал законскиот рок од 60 дена во кој пресудата не станала правосилна судот донел одлука да им го укине притворот и да ги пушти да се бранат на слобода. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Наставникот по физичко: Не ја удрив, само ѝ ја затворив устата со ливче, зашто ме пцуеше

Наставникот по физичко образование во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“, Флорен Шабани, денеска негираше дека удрил ученичка, како што го обвинија ученици од училиштето. – Не сум ја удрил, само ѝ ја затворив устата со ливче, затоа што ме пцуеше – рече Шабани денеска пред новинарите кои ја следеа вжештената атмосфера во оваа образовна […]

______________________________________________________________________________________________________

Пресметка помеѓу професор и ученичка во средното хемиско училиште во Аеродром

Средношколката Симона Трајковска, вели дека минатиот петок дошло до физичка пресметка помеѓу неколку ученички од различна етничка заедница. Учениците од гимназијалските македонски паралелки од хемиското училиште „Марија Кири Сколодовска“ денеска протестираа пред училиштето затоа што минатиот петок на еден ученик му падна дел од плафонот врз глава и затоа што професор по физичко удрил една […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес е православниот „Валентајн“ – Светите маченички Вера, Надеж, Љубов

Кон крајот на првиот и почетокот на вториот век со својата верба во Исус Христос и со својата готовност да се жртвуваат за него се прославиле четирите римјанки, мајката Софија и нејзините три ќерки маченички: Вера, Нада и Љубов. Мајката Софија била достојна на името што го носела, а што значи мудрост, премудрост. Таа и […]

______________________________________________________________________________________________________

Пет часа на студ лежев покрај мртвото тело на другарот Никола

Искусниот планинар Никола Јашманковски (67) откако се искачил на два врва се струполил на земја додека се симнувал од планината, а другарите се обиделе да го спасат, но безуспешно, пишува Дневник. -Пет часа на студ лежев покрај другарот во страв да не наидат диви животни и да го растргнат телото. Бев прегладнет, немав ни капка […]

______________________________________________________________________________________________________

Користете алтернативни улици поради изградбата на кружниот тек кај Порта Влае

Поради изградба на  кружен тек кај Порта Влае и вршење на градежните работи на булеварот „Партизански одреди“, општина Ѓорче Петров апелира до граѓаните за поголема безбедност во сообраќајот да ги користи алтернативните улици Адолф Циборовски и Марк Твен (стара Лепенец покрај Адинг).

______________________________________________________________________________________________________

Во утробата на Кожуф има злато

Во областа Коњско на Кожуф Планина има резерви на злато, покажаа едногодишните истражувања кои ги вршеше канадската компанија “Резервоар минералс”, која концесијата ја доби лани. – Заинтересирани сме за долгорочно останување во Македонија. Работиме една година на оваа концесија. Засега резултатите ни се охрабрувачки така што продолжуваме да работиме на оваа концесија, но и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Каменуван станот на уредникот на ТВ Стар во Штип (Видео)

Ноќеска е каменуван станот на Оливера Жежова, уредник на вестите на ТВ Стар. Напаѓачот испратил неколку поголеми камења во прозорските стакла од балконот, а успешен бил со два. Едниот камен завршил во профилот од терасата, а другиот онаму и каде што бил наменет во стаклото. Тресокот се слушнал само 5 минути откако биле исклучени светлата, […]

______________________________________________________________________________________________________

Алфа: ЕУ ќе ја повлече препораката за преговори за Македонија?

Македонија ќе остане без препораката за почнување преговори со Европската унија. Повикувајќи се на дипломатски извори, ТВ Алфаобјави дека се води голема битка во рамките на Комисијата, уште во нацрт-извештајот што во моментов се подготвува да биде целосно повлечена препораката, која инаку Македонија ја добива пет години по ред. Причина, според дипломатите, сега не е само […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1