Подарок во плико – хит на македонските свадби што ги револтира гостите


Подарок во плико – ова се почесто е испишано на поканите за свадба. Иако порано се практикуваше на поблиските да им кажеш што сакаш за подарок или да им посочиш дека би било добро доколку се во можност да ти дадат пари наместо да купуваат подарок, денеска многу млади се решаваат на сите гости да им наложат да донесат пари во плико, пишува Република.

Кого и да прашате ќе каже – јас тоа никогаш не би го направил/а, а сепак, се почесто се делат покани за свадба со „наредба“ подарокот да биде во коверт.pokanapliko

До сега не сум добила ваква покана, а ако добијам би размислила дали ќе отидам на свадбата. Тоа Подарок во плик ми изгледа како наредба. Работава е или донеси ми пари или не ми доаѓај на свадба. Јас следната година ќе правам свадба. На поканите нема да напишам Подарок во плик. Кој што може нека ми донесе. Сум била на малку свадби, ама на сите сме носеле пари како подарок. Така ни било најдобро. Подобро е да се однесат пари, отколку подарок. Парите ќе се најдат за средување на домот или за купување на некој апарат за домаќинство, а подароците можно е да се дуплираат. Сепак, кој колку може – ова е дел од разговорите на македонските форуми.

Како што пишува Република, некои ја објаснуваат причината поради која се решиле на ваков чекор. Велат честопати се добива подароци кои се неупотребливи, се дуплираат работи, или пак, едноставно тоа што го добиле не можат да го вклопат со ентериерот дома.

На нашата свадба, на поканата пишуваше „По можност подарок во плик” од проста причина што живееме во стан и ги имаме сите нешта што ни требаат, ако ми донесеа поклони ќе се чудев каде да ги ставам, а и којзнае што од тоа ќе искористев. Инаку сепак и да ми донесеа поклони, што не се во плик, немаше да бидам навредена бидејќи „секој си ги пружа нозете колку му е чергата“ како што вели една народна поговорка. Инаку на свадба најубаво ми е да однесам пари па младенците нека си купат што сакаат.

Многу млади се револтирани од подароците што ги добиле. Велат дека се работи за луѓе, кои, можат да си дозволат да донесат повреден подарок, а сепак се решаваат на свадба да дојдат со комплет филџани за кафе.

– Кога одам на свадба внимавам подарокот да вреди повеќе од порциите кои младенците би ги потрошиле за нас. И кога давам пари во плико исто гледам сумата да биде повисока од вредноста на порциите. Сепак, кај поблиските повеќе ми одговара да однесам подарок кој би го купила на рати. Тешко можам да одвојам 150 евра за подарок, но можам да го сторам тоа ако го поделам на неколку месечни рати. Затоа и ме иритира тоа нагласување – подарок во плико – вели педесетгодишната Лидија.

Други пак коментираат дека барањето да се даде подарок во плико е навредливо, поради што не одат на свадби на кои е нагласено што да се однесе на младенците.

– Навредливо. Сите сме свесни дека на секој му требаат пари, но секој со своите можности нели. И мене ми иде на ваква покана за инат да однесам некој кич подарок, евтин или воопшто да не отидам на свадба. Кога се работи за младенци кои не ми се блиски ја бојкотирам свадбата – коментира девојка на еден од македонските форуми.

Повеќе прочитајте на Република

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1