24/09/2014 14:14
•
Posted by: MK News
Патниците од автобусот со број 67 кој се преврте во скопско Драчево пред камерата на Сител сведочеа дека возачот уште претходно ги предупредил дека има проблеми со кочниците. Погледнете го видеото.
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 13:49
•
Posted by: MK News
Граѓани се жалат дека добиваат платни налози за адвокати, нотари и извршители без да знаат дека против нив се води постапка Скопјанец неодамна бил непријатно изненаден кога во поштенското сандаче добил известување за платен налог поради сообраќаен прекршок што го направил пред три години. Тој вели дека воопшто и не знаел дека против него се […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе ја зголеми цената на дополнителниот казнен билет, кој ќе чини 1.000 денари и за градските и за приградските линии. Досега оние што се фатени од контролорите на ЈСП без билет плаќаа казнен билет во висина од 200 денари за градските и 300 за приградските линии. Управниот одбор на претпријатието ја […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Хакери ги пробиваат сигурносните кодови на камерите за надзор и ги шпионираат луѓето кои имаат систем за обезбедување поврзан со сервер на интернет. Хакирани десетици илјади камери ширум светот. Српските весници пишуваат дека извесен веб сајт располага со линкови до повеќе од 90.000 сигурносни камери ширум светот, меѓу кои и многу од Македонија. Преку нив, можете да […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Има триесетина години, некаде околу пет години игра и се соблекува исклучиво по приватни (домашни) забави, најчесто момински вечери, а за да го заштити, како што вели, пред се, семејството, одговара исклучиво на уметничкото име Дени. Вели, почнал случајно. На една журка танцувал и понесен од атмосферата, но првенствено шегувајќи се со присутните девојки, соблекол […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 10:24
•
Posted by: MK News
Ги кршевме прозорците за да побегнеме побрзо, бидејќи во целата паника стравувавме да не експлодира автобусот. Беше страшно и среќа е што нема жртви. Ова е сведочењето што го прнесува Дневник, на еден од патниците во автобусот на ЈСП со број „67“, кој се преврти вчера во скопската населба Драчево, по што беа повредени безмалку […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 10:10
•
Posted by: MK News
Од 25 септември, сите граѓани на Македонија кои ќе бараат престој во некоја од земјите од Шенген зоната подолг од 90 дена ќе им биде земен отпечаток на прстите од двете раце и дигитална фотографија во амбасадата каде што ќе аплицираат за дозволата за престој т.е. виза. Македонија, заедно со други пет држави од Западниот […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 10:09
•
Posted by: MK News
Во претходно подготвената матка на сурогат-мајката се пренесува веќе оплодена јајце-клетка, односно ембрион од двајцата родители, а сурогат-мајката единствено го носи плодот низ бременоста и не е генетски поврзана со бебето “Голем поздрав за проширеното македонско семејство! Ж.З и К.З. од Македонија имаат бебе родено од сурогат-мајка од нашата агенција. Кога нивниот син имаше две […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 20:26
•
Posted by: MK News
За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва. Тие се жив доказ за светоста на овој храм, и чудотворната моќ на моштите на Свети Наум, пишува Денешен. Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец: Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 19:56
•
Posted by: MK News
49 повредени од превртениот авобус на ЈСП. Само тројца од нив се задржани во болница а останатите се пуштени на домашно лекување. Жена со контузија на глава и маж со скршен пршлен се хоспитализирани во градската хируршка клиника Свети наум Охридски, пишува Сител. Пациент со скршен нос е на Клиниката за уво нос и грло. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 19:50
•
Posted by: MK News
Странски дипломат во Скопје е заразен со жолтица, дознава zdravstvo24.mk од извори од Клиничкиот Центар. Дипломатот на Инфективната клиника во Скопје бил примен на почетокот на месецов со изразени симптоми на жолтица. Таму лежел една недела. Вработениот во дипломатско претставништво на една соседна држава сега е на домашно лекување. Според податоците од епидемиолошката анкета странскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 18:51
•
Posted by: MK News
Ветер со јачина од 80 километри на час денеска попладне во Гевгелија предизвика уривање на кровови и кршење на дрвја и гранки Силните налети на ветрот попладнево предизвикаа сериозни оштетувања на дел од новопоставениот покрив на гевгелиската гимназија, како и на покривите на уште неколку објекти и индивидуални куќи. На многу места во градот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 15:11
•
Posted by: MK News
Продажба на виртуелен камен на мудроста што ќе ве збогати и андроид-полиција што ќе ве заштити од прислушување на вашиот телефон од страна на која било безбедносна служба во светот се најновите измами што деновиве кружат низ Балканот. Официјално пред да бидат обелоденети, осуммина се фатиле на јадицата и платиле по илјада долари, пренесуваат белградските […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 14:49
•
Posted by: MK News
Фан страните кои на социјалната мрежа ги имаат локалите кои се наоѓаат на Попова Шапка, со фотографии демантираат дека има снег. На фотографијата направена од веб камерите се забележува дека по 11 часот утрово, на Шапка нема ниту трага од снег пишува Курир.мк.
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 14:25
•
Posted by: MK News
Ниту сме размислувале, ниту пак има таква опција во ноември да има предвремени парламентарни избори. Мојата вчерашна изјава е извадена од контекст, изјави за порталот МКД, Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Телевизија Телма вчера објави изјава на Димовски, според која, доколку пратениците од опозицијата предводена од СДСМ не се вратат во парламентот, во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 14:15
•
Posted by: MK News
Бубрежно затајување може да се случи секому, посебно по тешка операција, дури и на оние пациенти кои претходно немале никаков проблем со бубрезите. Кои се причините, подобра превентива, нови начини на лекување и како да се спречи да прерасне во хроничен проблем, се теми на кои светската медицинска јавност забрзано истражува. Што е ново во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 12:22
•
Posted by: MK News
Нестабилното време и ниските температури што го зафатија регионот придонесоа во Македонија да падне и првиот снег на Попова Шапка, пишува Денешен Инаку, времето во Македонија ќе биде променливо и свежо со локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде до 8 степени, а максималната до 21 степен. Температурен шок: Какво време не очекува во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 12:18
•
Posted by: MK News
Понеделник започна со облачност во крајниот југ на земјава, која донесе малку дожд во југозападниот крај. Сепак поголемиот дел од земјава имаше релативно сончево утро. Поголемата промена на времето ја носи ноќта кон вторник, речиси истовремено со започнувањето на календарската есен, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, МетеоПро. Вторник во поголем дел, особено во источниот регион […]
______________________________________________________________________________________________________