Archive | Uncategorized RSS feed for this section

ДОАЃА ДОЖД: Какво време не` очекува до сабота?

Во четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

______________________________________________________________________________________________________

Вработени во Фондот за здравство најавуваат штрајк

Вработени во скопската подрачна единица на Фондот за здравствено осигурување најавија штрајк, објави Телма. Претседателот на УПОЗ, Пеце Груевски за Телма изјавил дека ќе ги затворат шалтерите доколку до четврток не договорат повисоки плати. Одговор од раководството на Фондот очекуваат утре, во спротивно во четврток стапуваат во штрајк.

______________________________________________________________________________________________________

Владата со закон ќе утврдува кој и на каков начин смее да одгледува канабис

На вчерашната 156-та седница, Владата на Македонија го утврди текстот на Предлог – законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции чија цел е спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанции, спречување на недозволено производство и промет на опојни дроги, психотропни супстанции и растенија од кои може да се добие […]

______________________________________________________________________________________________________

Борисов: Никогаш не сме рекле дека безусловно го поддржуваме влезот на Македонија во ЕУ

Секогаш сме истакнувале дека Северна Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по консултативната средба кај претседателот Румен Радев […]

______________________________________________________________________________________________________

Незапамтено невреме на Халкидики (ФОТО/ВИДЕО)

Според очевидци, ветровите на Халкидики биле толку силни што ги подигале тезгите од улиците. Помеѓу повредените во една од локалните таврени се нашла и новинарка коа го изнела своето шокантно сведоштво за тоа додека се обидувале да ја спасат жената од Романија и нејзиниот син. „Воопшто не сфативме што се случува, трчавме и спасувавме кого […]

______________________________________________________________________________________________________

По вчерашниот пропуст при пеењето на химната Тамара се огласи на Фејсбук

Синоќа во амбасадата на САД во Скопје се одржа свечен прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. На приемот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени. Нашата поп пејачка ја изведе македонската национална химна, но за време на интонирањето, случајно […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Стоилов го коригира ЕХФ: Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ. Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече: „Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. „Дојдовме тука како аутсајдери, исто како првата година. Полесно е да играш како аутсајдер на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пречек за ракометарите на Вардар на аеродром, се знае времето кога слетуваат

Утре, 3 јуни, во 23:55 часот „црвено-црните“ херои слетуваат на аеродромот крај Скопје. Навивачката група Комити објави повик за сите оние кои планираат со приватни возила да одат на пречек, во големо дефиле утре организирано заедно да се упатат кон аеродром. Воедно, aпелираат до сите превозници, пред се jавни, но и приватни, да излезат во […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во стан во Скопје, мајка и нејзиното тригодишно дете пренесени на клиника

Во стан на улицата „Христо Смирненски“ во Скопје вчера во 09:20 часот избувнал пожар при што Д.В. (31) од Радовиш и нејзиното трогодишно дете се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад. Тие се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Пожарот бил целосно изгаснат околу 10:20 часот од екипа […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Папата пречекан со леб и сол на Аеродром

Папата Франциск стапна на македонско тло и беше пречекан од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и од страна на премиерот Зоран Заев. Традиционално, беше пречекан со леб, сол и вода на Аеродромот. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во рамки на неговата прва посета на државава, попладне во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

Преброени над 90% од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова со 43,27 отсто. Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто […]

______________________________________________________________________________________________________

Обраќање на Пендаровски и Заев

-Концептот Заедно ќе победи и во вториот круг од претседателските избори на 5 мај. Мнозинството граѓани од сите националност се изјаснија дека сакаат напред, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. -Концептот заедно напред ќе ја заокружи победата во вториот круг. Денешното гласање помина во демократски дух и очекувам тој да продолжи едвај чекам да се фатам […]

______________________________________________________________________________________________________

Крвав католички Велигден: 207 лица загинаа, а над 450 повредени во бомбашкиот масакр во Шри Ланка

Министерството за надворешни работи на Шри Ланка соопшти дека е потврдена националноста на 11 жртви во денешните терористички напади, а девет странци се водат за исчезнати. Меѓу жртвите три се од Индија, еден од Португалија, две жртви се од Турција, три од Велика Британија и двајца со двојно државјанство на САД и Велика Британија. Меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР отвара истрага за новите „бомби”

Објавувањето на новите прислушувани разговори ќе биде предмет на истрага која што ќе ја водат Министерството за внатрешни работи во координација со Јавниот обвинител, велат од МВР за „Фокус“. „Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, велат од МВР. Вчера се појавија […]

______________________________________________________________________________________________________

Авионски несреќи во Македонија

Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, кој полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје, при што загинале 12 луѓе. На 22 септември 1975 година авион од типот Антонов 2R при слетување на скопскиот аеродром се судрил со авион исто од типот […]

______________________________________________________________________________________________________

Горивата поскапуваат од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто. Малопродажна […]

______________________________________________________________________________________________________

Возачите повеќе нема да плаќаат налепници за регистрација

Возачите повеќе нема да бидат обврзани да плаќаат за налепници дека нивните возила се регистрани, објави Алсат. Министерството за внатрешни работи заклучи дека таков билет претставува дополнителен трошок за граѓаните, а во исто време не му помага на полицајците да се утврди дали или не возилото е регистрирано. Сите центри за техничка контрола се информирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Брза помош ќе добие 12 нови возила, уште осум ќе се пренаменат и доопремат

Набавката на возила за Итна медицинска помош заврши, до крајот на месецот е рокот за испорака и ги очекуваме 12-те нови возила што ќе бидат распределени на повеќе места низ државата, а најмногу во Скопје. Со одлука на владата ќе преземеме осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што биле наменети за некоја […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1