29/05/2019 13:32
•
Posted by: MK News
Во стан на улицата „Христо Смирненски“ во Скопје вчера во 09:20 часот избувнал пожар при што Д.В. (31) од Радовиш и нејзиното трогодишно дете се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад. Тие се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Пожарот бил целосно изгаснат околу 10:20 часот од екипа […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 09:23
•
Posted by: MK News
Папата Франциск стапна на македонско тло и беше пречекан од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и од страна на премиерот Зоран Заев. Традиционално, беше пречекан со леб, сол и вода на Аеродромот. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во рамки на неговата прва посета на државава, попладне во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 22:02
•
Posted by: MK News
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова со 43,27 отсто. Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 23:26
•
Posted by: MK News
-Концептот Заедно ќе победи и во вториот круг од претседателските избори на 5 мај. Мнозинството граѓани од сите националност се изјаснија дека сакаат напред, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. -Концептот заедно напред ќе ја заокружи победата во вториот круг. Денешното гласање помина во демократски дух и очекувам тој да продолжи едвај чекам да се фатам […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 20:26
•
Posted by: MK News
Министерството за надворешни работи на Шри Ланка соопшти дека е потврдена националноста на 11 жртви во денешните терористички напади, а девет странци се водат за исчезнати. Меѓу жртвите три се од Индија, еден од Португалија, две жртви се од Турција, три од Велика Британија и двајца со двојно државјанство на САД и Велика Британија. Меѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2019 15:04
•
Posted by: MK News
Објавувањето на новите прислушувани разговори ќе биде предмет на истрага која што ќе ја водат Министерството за внатрешни работи во координација со Јавниот обвинител, велат од МВР за „Фокус“. „Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, велат од МВР. Вчера се појавија […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2019 18:54
•
Posted by: MK News
Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, кој полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје, при што загинале 12 луѓе. На 22 септември 1975 година авион од типот Антонов 2R при слетување на скопскиот аеродром се судрил со авион исто од типот […]
______________________________________________________________________________________________________
01/04/2019 19:55
•
Posted by: MK News
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто. Малопродажна […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2019 18:36
•
Posted by: MK News
Возачите повеќе нема да бидат обврзани да плаќаат за налепници дека нивните возила се регистрани, објави Алсат. Министерството за внатрешни работи заклучи дека таков билет претставува дополнителен трошок за граѓаните, а во исто време не му помага на полицајците да се утврди дали или не возилото е регистрирано. Сите центри за техничка контрола се информирани […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2019 14:34
•
Posted by: MK News
Набавката на возила за Итна медицинска помош заврши, до крајот на месецот е рокот за испорака и ги очекуваме 12-те нови возила што ќе бидат распределени на повеќе места низ државата, а најмногу во Скопје. Со одлука на владата ќе преземеме осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што биле наменети за некоја […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2019 11:30
•
Posted by: MK News
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп со своето момче Мајкл Булос, дошла во Белград за тајно да се венча, но не очекувала медиумитеќе дознаат за нејзиниот престој. Тифани Трамп сакала да направи тајна венчавка со Мајкал, па потоа да патуват низ југосидточна Европа, но сето тоа не им тргна од рака. Медиумите уште веднаш […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2019 09:50
•
Posted by: MK News
Во Кривичниот суд во Скопје, 17 обвинети ќе ја чујат пресудата на судечкиот совет што го води судијката Добрила Кацарска за предметот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за настаните од 27. април. Обвинети во предметот останаа: Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 14:19
•
Posted by: MK News
13-месечно бебе од тетовско почина на Детската клиника. Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна. Министерството за здравство соопшти дека синоќа на Клиниката за детски болести починало 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници), кое претходно не било вакцинирано. Министерството за здравство во соопштението изразува жалење за […]
______________________________________________________________________________________________________
07/02/2019 16:07
•
Posted by: MK News
Најмалку две лица загинаа, а шест други се повредени денеска при уривање на шесткатна зграда во истанбулската населба Картал, соопштија локалните власти на Истанбул. Како што јави ДПА, во соопштението се посочува дека под урнатините „останале заробени повеќе лица“, без да се прецизира конкретна бројка. Турските медиуми претходно јавија дека по уривањето на зградата, под […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:01
•
Posted by: MK News
Ви честитам што ставивте крај на еден процес со овој Протокол за пристапување кон НАТО. Сега очекуваме овој процес на реализација на Протоколот да протече беспрекорно, а Канцеларијата на НАТО е тука за да ве советува, да ве поддржува се до крајниот момент, кога ќе станете членка на Алијансата, што ќе биде еден малку подолг […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:16
•
Posted by: MK News
Јавното обвинителство ја започна истражната постапка по поднесувањето на кривичната пријава од страна на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, за скандалот со непрефрлањето придонеси за околу 12 илјади граѓани во вториот пензиски столб. Прв чекор – сведочење лично од министерката Царовска, пренесе Алсат. Царовска денеска рече дека нејзината законска обврска ја завршила […]
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2019 14:33
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за МТВ ја искоментира можната кандидатура за претседател на Гордана Силјановска. Ако ме прашувате лично за професорката Силјановска можам да ви кажам се најдобро.И како човек и како професор.Станува збор за исклучителна личност, со јасно искажани ставови за сите прашања изминатиот период. За мене преставува привилегија што познавам […]
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2019 14:31
•
Posted by: MK News
Се наоѓаме во преоден период и господинот Заев има право да го користи уставното име, полека полека, сите во двете земји ќе се усогласат со она што го предвидува Договорот од Преспа, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Реал фм“, во однос на реакциите во […]
______________________________________________________________________________________________________