Крвав католички Велигден: 207 лица загинаа, а над 450 повредени во бомбашкиот масакр во Шри Ланка


Министерството за надворешни работи на Шри Ланка соопшти дека е потврдена националноста на 11 жртви во денешните терористички напади, а девет странци се водат за исчезнати.

Меѓу жртвите три се од Индија, еден од Португалија, две жртви се од Турција, три од Велика Британија и двајца со двојно државјанство на САД и Велика Британија.

Меѓу жртвите има и државјани на Холандија и на Кина.

Во серијата бомбашки напади во три цркви и четири хотели во Шри Ланка загинаа најмалку 200 луѓе, а ранети се 450.

Низ градот Коломбо одекнаа осум експлозии, од кои шест речиси во исто време, додека две нешто подоцна. Дел од нив биле во католички цркви, дел во хотелите по повод одбележувањето на Велигден. Се претпоставува дека неколку од нив се дело на бомбаш самоубиец, а за другите бил употребен експлозив ц-4.

Бројот на загинати постојано расте, а меѓу нив има околу 35 странски државјани.

Министерот за одбрана на Шри Ланка, изјави дека станува збор за терористички напад, а седум лица се уапсени. На прес-конференција истакна дека без разлика кој ги извршил нападите, властите нема да дозволат ниту една екстремистичка група да дејствува во земјата. Претседателот на државата, Сирисена во обраќањето кон нацијата, повика на смиреност, но и за претпазливост. Архиепископот од Коломбо, порача локалните жители по серијата експлозии да не ја земаат правдата во свои раце.

“Ги замолувам сите граѓани на Шри Ланка, да не го земаат законот во свои раце и да го одржуваат мирот и хармонијата во оваа земја. Исто така ги замолувам сите кои се во можност да донираат крв за сите кои се повредени, исто така апелирам до докторите да ни помогнат.”

Засега никој не презел одговорност за нападите. Според западните медиуми , Шефот на полицијата на Шри Ланка, пред десет дена издал предупредување за можни бомбашки напади врз цркви.

Светските лидери Доналд Трамп, Владимир Путин, Тереза Меј, Жан Клод Јункер, ги осудија бомбашките напади во Шри Ланка и побараа итно пронаоѓање и казнување на одговорните лица.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1