40 годишен без хронични болести почина на Инфективна – 3 пациенти починаа, четири заминаа излекувани (ВИДЕО)


Утрово на Клиниката за инфективни болсети се примени десет пациенти, истакна министерот, хоспитализирани се вкупо 70 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика, другите се со среднотешка клиничка слика.

Министерот за здравство Венко Филипче одржа заедничка прес-конференција во Владата заедно со премиерот Оливер Спасовски и д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, на која ги изнесе најновите податоци за новозаболените пациенти со коронавирусот.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа починаа тројца пациенти, едниот е од Кочани на 40-годишна возраст, без познати минати болести, другиот пациент е од Тетово на 69-годишна возраст, со тумор на мозокот и пациент, исто така, од Тетово на 65-годишна возраст, без минати заболувања. Од клиниката заминуваат четири оздравени пациенти- рече Филипче.

Утрово на Клиниката за инфективни болсети се примени десет пациенти, истакна министерот, хоспитализирани се вкупо 70 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика, другите се со среднотешка клиничка слика.

-Во ГОБ „8-ми Септември“ синоќа се примени 4 лица за коишто се чекаат резулати и двајца пациенти се на машина за дишење. Во Штип се хоспитализирани 4 лица кои се во стабилна состојба-рече Филипче.

Во болницата во Битола е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои претходно беа хоспитализирани во болницата во Охрид, по вчерашниот договор Битола да биде регионален центар, и сите кои се лекуваа во Охрид, а кои сега се пренесуваат во Битола, се од околината на Струга.

Во Штип се хоспитализирани четворица пациенти од кои тројца во сосема лесна клиничка слика и во стабилна здравствена состојба.

Во изминативе 24 часа регистрирани се 15 нови пациенти кои се заразни со коронавирусот, тие се со лесна клиничка слика, со ова бројката за заразени на целата територија на земјава изнесува 570 лица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1