05/06/2018 11:45
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 2 преку стечајната судијка Ирена Петрушевска и официјално го усвои барањето на 43 сегашни и поранешни вработени и отвори предстечајна постапка за ТВ Нoва. За на 22 јуни закажа рочиште на кое ке се расправа за стечај за телевизијата на Сеад Кочан „Нова“. Дотогаш телевизијата не смее да отугува имот. 43 поранешни […]
______________________________________________________________________________________________________
26/04/2018 16:04
•
Posted by: MK News
Полицијата во текот на вчерашниот ден го утврди идентитетот на лицето кои завчера во 19,30 часот во Ресен над објектот на средното училиште во борова шума, беше пронајдено обесено. Се работи за А.И. од Ресен, кој на 13. февруари годинава бил пријавен за исчезнат. Телото беше пронајдено на 24.овој месец, но било во фаза на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2018 12:48
•
Posted by: MK News
Вчера околу 18:30 часот на ул. „Борис Сарафов“ во Скопје, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Ј.Ј. од Скопје удрило во 10-годишно момче. По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување. Полиција […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2018 14:54
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи на 27-ми април ќе одржи јавна аукција на која ќе бидат понудени голем број движни и недвижни предмети по мошне примамливи цени. Овој пат, на аукцијата се нудат околу 85 предмети, меѓу кои станови, градежни и земјоделски површини, автомобили, цистерни, куќен инвентар, компјутери, телевизори, машини, уметнички слики, солариуми и друго. Последен […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 17:27
•
Posted by: MK News
Во 14 часот и 38 минути вработени во маркет Кипер на улица Кемал Сејфула пријавиле дека машко лице пукало во вработената А.Ѓ, соопшти МВР. Полициски службеници веднаш излегоа на лице место и се работи на расчистување на случајот. Се уште не се знаат причините за вооружениот инцидент, но повеќе детали наскоро. kurir.mk
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2018 13:08
•
Posted by: MK News
Таткото на Насим Агдам, осомничена дека пукала во три лица во централата на „ЈуТјуб“, вели дека таа била гневна на компанијата, затоа што престанала да и плаќа за видео материјалите кои ги поставувала на сајтот. Исмаил Агдам изјави дека ја предупредил полицијата за можноста неговата ќерка да отиде во централата, затоа што таа ја мразела […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2018 12:53
•
Posted by: MK News
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Кривична пријава, како што соопштуваат од Финансовата полиција, е поднесена и против П.В., раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2018 09:45
•
Posted by: MK News
На лидерот на СПС Ивица Дачиќ за време на службено патување во една земја во Африка му се слошило, па побарал помош од лекари, кои го приклучиле на инфузија. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за време на африканската дипломатска тура доживеал вистинска драма, кога му се слошило од најверојатно локалниот специјалитет кој го пробал, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/03/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство денеска на прес конференција ја објави првата истрага против лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој заедно со екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ГРуевски се сомничи за злоупотреби со одложувањето на пописот. СЈО смета дека со тогашните коалициони партнери сметале дека пописот ќе им нанесе штета на партиските рејтинзи поради што се договориле да го […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 13:17
•
Posted by: MK News
Утрово на граничниот премин Богородица, на влезот во Македонија е закачено албанско знаме на местото на грбот на Република Македонија. Ова е уште еден начин на кој граѓаните го искажуваат својот револт против усвојувањето на Законот за јазиците. Фотографиите погледнете ги ОВДЕ – https://www.mkd.mk/makedonija/politika/albansko-zname-zakacheno-na-vlezot-vo-makedonija-na-granichniot-premin
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2018 21:17
•
Posted by: MK News
Бројни лидери на европските земји имаат заедничко нешто што делува на начинот на кој се раководи со Европа. Освен фактот дека се членови на масонски организации, лидерите имаат и една заедничка и впечатлива судбина, пишуваат европските медиуми. Новиот француски претседател Макрон, кој е најмладиот претседател на Франција, нема деца. Германската канцеларка Ангела Меркел исто така […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2018 14:07
•
Posted by: MK News
Во морето пред градските ѕидини во Дубровник забележани се пакети полни со марихуана, објавија локалните медиуми. Според Дубровничкиот весник, пронајдено е поголемо количество марихуана, а полициската акција е во тек. Се наведува дека полициски глисер го прегледува подрачјето, а се претпоставува дека пакетите со марихуана паднале од моторен чамец кој ја пренесувал дрогата од Црна […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2018 23:12
•
Posted by: MK News
Американската актерка Камерон Дијаз (45), одлучила да паузира со глумата за да му се посвети на семејниот живот, пишуваат светските медиуми. Ја издаде другарката Камерон Дијаз наводно се пензионира од актерството, според нејзината блиска пријателка Селма Блер. Иако има само 45 години, Камерон, тврдат странските медиуми, рекла дека завршила со филмската индустрија. Селма изгледа случајно […]
______________________________________________________________________________________________________
09/03/2018 12:25
•
Posted by: MK News
Возрасен маж пред половина час почина пред железничката станица во Скопје. Минувачи се обиделе да му помогнат и повикале Итна помош. Иако помошта стигнала веднаш, човекот веќе бил починат. Од Брзата помош рекоа дека најверојатно се работи за масивен инфаркт. Во моментов полицијата врши увид на лице место.
______________________________________________________________________________________________________
03/03/2018 15:58
•
Posted by: MK News
Фејсбук и официјално објави дека го прекинува експериментот со поделба на основната страна на „њуз фид“ и „експлор фид“ и практично призна дека направил грешка. Со експериментот беа опфатени шест земји: Шри Ланка, Србија, Словачка, Боливија, Гватемала и Камбоџа. – Луѓето не сакаат разделен фид, резултати од анкетата го покажуваат тоа, напиша раководителот на њуз […]
______________________________________________________________________________________________________
03/03/2018 15:25
•
Posted by: MK News
Во неполни 24 часа откако беше отстранет, споменикот на Александар Македонски промени двајца сопственици. Најпрво за него беше надлежен градот Скопје, но 12тина часа подоцна состојбата се промени. Од денеска, аеродромскиот споменик на Александар Македонски е во државна сопственост и е сместен во депото на владата. Од владината прес служба потврдуваат дека сега надлежноста е […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2018 19:16
•
Posted by: MK News
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева денеска во Софија го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што и официјално во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2018 13:57
•
Posted by: MK News
Тужителите на мексиканската сојузна држава Сонор соопштиле дека 9 лица се уапсени поради сомнеж дека нуделе дрога на малолетници преку Фејсбук и други апликации за допишување. Наведено е дека се уапсени осум момчиња, на возраст од 20 до 23 години, како и едно 14 годишно момче, пренесува АП. Тужителите наведуваат дека успсените им продавале на […]
______________________________________________________________________________________________________