26/11/2015 15:16
•
Posted by: MK News
Турција нема да и се извини на Русија поради соборувањето на рускиот воен авион, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. – Не треба да се извинуваме поради нешто за кое сме во право – истакна Чавушоглу. Тој потсети дека Турција вчера изразила жалење поради инцидентот, објаснувајќи дека станува збор за телефонски разговор […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 14:27
•
Posted by: MK News
Светлана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Саша Ивановиќ меѓусебно се познаваат уште од рана возраст. Тие биле бунтовнички настроени кон комунизмот и тогашниот систем, а тоа ги донело до уништување на самите себе. Се започнало кога биле заедно и имале по 14 години, почнале да консумираа лесна дрога, а потоа и хероин, па започнал и нивниот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 13:06
•
Posted by: MK News
Терористите од таканаречената Слободната сириска армија во паника – објавија видео снимка за која тврдат дека е доказ за одмазничката акција на Руските воздушни сили во Сирија, во регионот каде вчера беше соборен Рускиот бомбардер од страна на Турски Ф-16. Имено во регионот Џабал Туркмени денес воздушните сили на Русија извршија масовно бомбардирање, претварајќи ја […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 12:51
•
Posted by: MK News
Пратениците на руската Државна дума ја поддржаа идејата на православната црква да ѝ се врати „Аја Софија“ во Истанбул, соопшти претседателот на комитетот на Думата за имотни прашања, координаторот на меѓупартиските парламентарни групи за заштита на христијанските вредности, Сергеј Гаврилов. Гаврилов истакна дека руската страна смета дека е неопходно да потсети на најстарата светост на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 12:14
•
Posted by: MK News
Курдските борци кои неодамна го зазедоа Синдџар се импресионирани од мрежата на подземни тунели и засолништа кои ги изградиле џихадистите на Исламската држава.Скај њуз објави видео од влегувањето на курдските сили во подземниот тунел на ИСИС во градот кој до неодамна го контролираа џихадистите.– Има толку многу тунели па не можевме да ги изброиме- рекол […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 12:08
•
Posted by: MK News
Турската војска соопшти дека на руските воени аташеа им објаснила зошто е соборен рускиот авион, како и оти е подготвена каква било соработка со Москва. Во соопштението се наведува дека на руските воени аташеа синоќа им е објаснето дека „сухој Су – 24“ е соборен бидејќи не реагирал на предупредувањата. Се наведува и дека се вложени […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 11:24
•
Posted by: MK News
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече пред членовите на неговата партија АКП дека тој лично наредил да се собори рускиот авион на границата меѓу Турција и Сирија, кој наводно го повредил турскиот воздушен простор, пренесуваат турските медиуми. Давутоглу рече дека од контролата на летање десет пати испратил предупредување во рок од пет минути, пренесува турски Хаберлер, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 11:20
•
Posted by: MK News
Малку се оние луѓе кои можат да се пофалат дека при породувањето им помогнала некоја важна личност. Една од нив е девојчето родено во авион во текот на летот на релација Н’Џамена-Париз, кое дојде на свет со помош на поранешниот француски минситер за надворешни работи, Филип Дуст-Блази, соопшти француската авиокомпанија „Ер Франс“. Како што јавуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 11:05
•
Posted by: MK News
Пред неколку дена, 20-годишниот Австралиец Џорди Хурдс на својот профил на Фејсбук објавил фотографија од болница со објаснување дека консумирањето на екстази му предизвикало сериозни здравствени проблеми. По консумирањето на евтината таблетка екстази на една забава, момчето доживеало исклучително лоша реакција и му бил оштетен мозочен нерв, а како последица на тоа сега тој пелтечи […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 10:58
•
Posted by: MK News
Билансот на загинатите во падот на хеликоптерот Ми-8 на подрачјето на Краснојарската покраина во источен Сибир достигна 15 лица, додека десет се наоѓаат во болница на интензивна нега, сооппштија денеска локалните власти. – Во хеликоптерот се наоѓаа вкупно 25 лица, од кои 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци загинале 15 лица, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 10:51
•
Posted by: MK News
Четиригодишната граѓанска војна во Сирија стана уште посложена откако на 30 септември рускиот претседател Владимир Путин нареди воздушни напади врз ИСИЛ. Иран, либанската милиција Хезболах, Катар, Саудиска Арабија и Турција, исто така, играат важна улога во војната. За уште повеќе да се комплицираат работите, постојат десетици бунтовнички групи во борбата против режимот на сирискиот претседател […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 10:43
•
Posted by: MK News
Руската воено-воздушна база во Лтакиа, ќе биде реорганизирана и ќе биде опремена со софистициран ракетен систем од типот С-400 САМ. Ова оружје ќе биде доставено таму во најкус можен рок, изјавил денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, објавува „РТ“. Инаку, ракетниот систем С-400 САМ „Триумф“ е специјализиран за елиминирање на цели во воздух. Против-авинските […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 10:29
•
Posted by: MK News
Турската армија во средата објави аудио снимка за која тврди дека е снимка од предупредувањето на рускиот бомбардер пред да го собори на сириско-турската граница. „Овде е турското воено воздухопловство. Му се приближувате на рускиот воздушен простор. Веднаш свртете на југ“, може да се чуе на англиски јазик на една од снимките. Пораката е повторена […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 10:20
•
Posted by: MK News
Рускиот пилот кој го преживеа уривањето на воениот авион СУ-24, вели дека веднаш штом ќе закрепне ќе се врати на позициите на фронтот. „Морам да го ‘наплатам’ долгот за мојот капетан“, вели пилотот Константин Мурактин. Во авионската несреќа животот го загуби другиот пилот, за чија смрт одговорност презеде бунтовничката туркменистанска бригада, која тврди дека нејзините […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2015 19:19
•
Posted by: MK News
Не ни беше дадено никакво предупредување, ниту по радио, ниту визулено, така да не вршевме промена на курсот. Морате да ја разберете брзината што може да ја постигне бомбардер Су-24 , а која Ф16. Рускиот борбен авион кој беше соборен кај турско-сириската граница не добил предупредувања од Турција за нарушување на воздушниот простор на земјата, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2015 19:05
•
Posted by: MK News
Операцијата за спасување на животот на рускиот пилот е завршена, а тој безбедно е пристигнат во базата. Рускиот претседател Владимир Путин потврдил дека сириската војска го спасила пилотот Александар Акхмадулина откако воениот авион беше срушен од страна на Турција, во близина на турско-сириската граница. -Спасениот пилот е жив и здрав, рекол министерот за одбрана Сергеј […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2015 13:31
•
Posted by: MK News
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вели неговата земја не сака ескалација на тензиите во односите со Русија по вчерашниот трагичен настан кога Турција собори руски воен авион. – Немаме намера да провоцираме ескалација на тензиите за овој инцидент. Ние само ја браниме нашата безбедност и правото на нашите браќа, изјави Ердоган, пренесуваат турските медиуми. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2015 13:20
•
Posted by: MK News
Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа од рускиот авион, што го собори турската војска, го спасија сириските и руските сили и тој е сега безбеден, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу. – Операцијата успешно заврши. Пилотот е доведен во нашата база. Жив и здрав, потенцира рускиот министер за одбрана. Тој истакна дека операцијата за […]
______________________________________________________________________________________________________