11/06/2019 12:13
•
Posted by: MK News
Спасувачки тимови од Унгарија и Јужна Кореја почнаа да го извлекуваат потонатиот брод во Дунав, кај Будимпешта. Според Ројтерс, околу мостот Мсаргит во Будимпешта, се наоѓаат огромни кранови, бродови и спасувачи. Туристички брод полн со туристи на 29 мај, се судри со луксузен крузер, а засега е потврдено дека има 19 јужнокорејски граѓани загинато и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2019 12:21
•
Posted by: MK News
Американскиот дипломат Џејсон Риф ја убил својата сопруга Лола Гуломова, а потоа извршил самоубиство, бидејќи прифатила четиригодишен мандат во американската амбасада во Белград. Спред Вашингтон пост, таа имала намера да ги земе и нивните деца. Двојката била пред развод, кој требало официјално да заврши во петокот. Сепак, ова не се случило. Пред закажаното рочиште, полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
07/06/2019 11:42
•
Posted by: MK News
Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално поднесува оставка како лидер на Конзервативната партија, но ќе остане на функцијата премиер до изборот на нејзин наследник. Мандатот на Тереза Меј, која е речиси три години премиер, и која, како што потсетува „Би-би-си“, во 2017 гласаше Велика Британија да остане во Европската Унија, го одбележа токму темата брегзит. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/06/2019 11:39
•
Posted by: MK News
Украинскиот капетан на крузерот, кој се судри со помал брод со туристи на Дунав минатата недела, бил капетан на брод во Холандија кој предизвикал несреќа во таа земја во април, соопшти унгарското Обвинителство. Во соопштението се наведува дека е утврдено дека капетанот „ги избришал податоците од својот телефон” по сударот во Будимпешта. Адвокатите на уапсениот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/06/2019 19:25
•
Posted by: MK News
Гувернерот на германскиот регион Касел, Валтер Либке, денеска е пронајден мртов во дворот пред неговата куќа. Полицијата соопшти дека причината за смртта на е позната и оти е покрената истрага. Меѓутоа, германските медиуми јавија дека негово тело е пронајдено со прострелна рана на главата и оти истрагата ќе открие дали се работи за убиство или […]
______________________________________________________________________________________________________
02/06/2019 14:07
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Пуитин донесе декрет со кој се предвидува промена на имињата на десетици аеродроми во земјата, од Владивосток на исток до Мурманск на запад, Околу 40 аеродроми добиваат имиња на руските цареви, писатели и пионери на авијацијата и истражувачи на универзумот, јави Дојче веле. Путин го донесе декретот врз основа на резултатите од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2019 14:36
•
Posted by: MK News
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е премногу болен за да може преку видео линк да се појави на рочиште за екстрадиција во САД по барање на Вашингтон, изјави денеска неговиот адвокат. САД побараа екстрадиција на Асанж кога беше уапсен во еквадорската Амбасада во Лондон на 11 април. Тој се соочува со вкупно 18 точки од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2019 14:24
•
Posted by: MK News
Шестгодишно девојче е една од седумте туристи од Јужна Кореја кои загинаа во судирот на два брода на Дунав во Будимпешта. Ниту еден од 32-та туристи на бродот не носеле елеци за спасување, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Некои светски медиуми јавија дека во моментов се трага по 21 лице. Бродот на кој се […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2019 14:22
•
Posted by: MK News
Унгарската полиција на прес конференција со медиумите покажала нова снимка од потонување на бродот во Будимпешта каде нстрадаа седум лица. По 20 патници се трага, а како изминува времето се помали се шансите да ги пронајдат живи. „На снимката од надзорните камери може да се види како огромниот крузер удира во туристичкиот брод. Од силината […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2019 14:07
•
Posted by: MK News
Не знам што ќе правам после октомври, но ве уверувам дека што и да правам ќе останам посветен на заложбите за напредок на Западен Балкан. Кога сте инвестирале не само време и енергија, мислам дека има смисла да продолжите со цел да има натамошен позитивен успех во иднина. Ова го рече денеска Јоханес Хан на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/05/2019 11:54
•
Posted by: MK News
Европската централна банка утре ќе ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и 200 евра. Овие банкноти се последните во низата кои се редизајнирани после оние во апоени од пет, десет, дваесет и педесет евра, со оглед на тоа дека банкноти од 500 евра веќе нема да се штампаат. Сите банкноти од серијата “Европа” […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2019 12:34
•
Posted by: MK News
Денеска британската премиерка Тереза Меј најави дека се повлекува од функцијата на 7. јуни. Меј во 10 часот по локално време им се обрати на насобраните пред нејзината резиденција и најави дека заминува од премиеркста позиција на 7. јуни. ,,Дадов се од себе. Се обидов да договорам најдобри услови, направив се за да ги убадам […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2019 22:02
•
Posted by: MK News
На 71. година почина легендата на Формула 1, Ники Лауда. – Со длабока тага соопштуваме дека нашиот сакан Ники почина во понеделник во кругот на фамилијата. Неговото остварување како сопртист и бизнисмен ќе остане незаборавно. Тој е идол за сите нас, беше добар сопруг, татко и дедо и ќе ни недостасува, соопштило семејството на Лауда. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/05/2019 10:02
•
Posted by: MK News
Одлуката на “Google” да му ја ускрати лиценцата на “Huawei” за користење на оперативниот систем “Android” предизвикала вознемиреност меѓу корисниците на паметните телефони на кинескиот произведувач, а од двете компании порачуваат дека нема место за паника. Од “Huawei” потврдиле за CNBC дека развиле сопствен оперативен систем за смартфони и компјутери во случај да им биде […]
______________________________________________________________________________________________________
21/05/2019 09:55
•
Posted by: MK News
Трикратниот светки првак во Формула 1 Ники Лауда почина во 71. година од животот, девет месеци по транслантацијата на белодробното крило. Почина мирно, во кругот на семејството. Легендарниот Австриец две титули во Ф1 циркусот освои како возач на Ферари во 1975 и 1977 година и една во Мекларен во 1984 година. Сепак, луѓето најмногу го […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2019 13:02
•
Posted by: MK News
Работник загина откако беше повреден за време на Евровизиското шоу кое оваа година се одржува во Тел Авив, Израел. Шеесет и шест годишниот Полди Шварц кој бил возач на камион во понеделникот додека растоварал опрема за осветлување истата му паднала врз него, по што веднаш бил пренесен во болница каде во средата им подлегнал на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2019 16:36
•
Posted by: MK News
Еден автомобил удри во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот во Дортмунд, поради што шефицата на германската Влада морала да се врати во Берлин со хеликоптер. Авионот на германскиот Бундесвер, кој го користи Владата, од типот „Глобал 5000“, се наоѓал на паркинг позиција, соопшти германската армија. Канцеларката требала со тој авион да се […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2019 13:12
•
Posted by: MK News
Европа денеска го одбележува својот ден – 9 Мај, европски симбол, што заедно со заедничката валута – еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската Унија. На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и […]
______________________________________________________________________________________________________