„Чао, дечки“ – последните зборови на убиените момчиња кај Смиљковско Езеро


Тројца рибари што последни ги виделе трите убиени момчиња кај Смиљковско Езеро пред татковците на убиените младинци кажаа што разговарале со нив пред да се разделат.

ubieni smiljkovsko ezero– „Чао, дечки“ беа последните зборови на момчињата што ги слушнавме ние, пред зајдисонце. Потоа со бел автомобил заминаа. Беа на два метри од нас, ловеа риби и дојдоа да поразговараме за да им дадеме црви. Потоа повеќе не ги видовме – сведочеа рибарите.

Кратко време потоа се случило убиството. Сведочењето на рибарите ги вознемири роднините на убиените.

За вчерашното рочиште судијата ги имаше повикано речиси сите сведоци. – вкупно 14т. Сите ги повторија исказите – дека ништо не знаат за случајот.

smilkovci-652

Причина за повторното сослушување e повторување на судската постапка поради новообвинетиот Сами Љута, кој, според обвинението, заедно со уште неколку лица чиј идентитет не е познат, шетал кај Смиљковско Езеро и собирал податоци колку лица и од која националност се движат во тој реон. Потоа Љута бил задолжен на обвинетите да им помогне побрзо да побегнат.

– Не се точни наводите во обвинителниот акт и немаат врска со мене. Јас не знам зошто сум овде. На денот на убиството се сеќавам оти вечерта играв „кантер страјк“, а сабајлето работев на фасада – изјави пред судот Љута. Тој тврди дека никогаш не бил на Смиљковско Езеро.

demiri i ismailovikj smilkovsko ubistvoСудскиот процес трае повеќе од 1 година. Им се суди на Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Азири. Шестмина се обвинети за тероризам поради петкратното убиство кај Смиљковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година. Ладнокрвно беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски.  На Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се суди во отсуство оти се на издржување затворска казна во Косово и, иако има барање од Македонија за нивна екстрадиција, таа сѐ уште не може да се реализира

Кристина Мачкиќ за Нова Македонија

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1