16 месечно бебе почина – немало кислород во брзата помош за да ја спасат


Поради лекарска негрижа денеска едногодишно ангелче од Србија кое проголта зрно грав со кое се задуши, ја загуби битката со животот.

nikolina-tadic-1389651617-427159Шестнаесетмесечната Николина Тадиќ пронашла зрно грав на подот и го голтнала, почнала да се гуши а родителите веднаш повикале брза помош. Но бидејќи во амбулантното возило немало кислород, поради што малото девојче остана без воздух на патот кон болницата – девојченцето падна во кома .

Таткото на малата Николина Тадиќ раскажува дека немало доволно здравствени работници и возилото не било доволно опремено.

На половина пат до болница детето целосно останало без воздух.

dragojla-i-milanko-tadic-1389651559-427157Како што пренесуваат српските медиуми, кожата на малото девојче започнала да потемнува, а почнала и да и излегува пена од устата. Без кислород била 15 минути на пат од само 20 километри.

Пренесена е во клиника во Белград каде по неколку дена во кома – денес починала

– Многу ни е тешко. Кога само ќе помислам дека до пред некој ден си играше весела на подот….вели таткото низ солзи за српскиот Курир.

Тој додава: Одгледавме здраво дете, живо дете внесовме во болничката кола, а сега поради докторите е мртва.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1