Четворица македонци дневно умираат од загаден воздух


На секои шест и пол часа по еден наш сограѓанин умира како последица на загадениот воздух. Тоа се секој ден по речиси четири умирачки, или 1.350 случаи годишно, според најновата анализа на Kанцеларијата на Светската банка во Македонија, која ја пренесува Дневник.

 

Најголем проблем имаат Скопје, Битола, Kавадарци, каде што има термоелектрани, металургија и друга тешка индустрија со согорувачки процеси. Стандардот на ЕУ за годишна концентрација на ПМ10,  е 40 микрограми на кубен метар воздух.

Лани највисока годишна концентрација покажала мерната станица во центарот на Скопје, 180 мг/м3. Во Kавадарци, Велес, Битола, Kуманово, Kочани и во Kичево годишните концентрации се нешто пониски, од 70 до 90 мг/м3, но, сепак, двојно повисоки од дозволените.

При вдишување. ПМ 2,5 ја зголемува смртноста примарно поради кардиопулмонални болести и рак на белите дробови, а ПМ10 го зголемува морбидитетот од хроничен бронхитис, болести на долните дишни патишта кај деца, респираторни симптоми итн. – се вели во анализата.

Од Институтот за јавно здравје пак велат дека реалната бројка во Македонија е 300 лица кои годишно умираат поради лош воздух, но и тоа е алармантна бројка.

Според извештајот за октомври, објавен на страницата на Министерството за животна средина, скопјани цел месец биле под ризик, односно надминувањата на дневната граница на ПМ10 од 50 микрограми на кубик воздух се случиле во 20 дена од месецот. Според законите, дневни надминувања не смее да има повеќе од 35 пати годишно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1