Човечки труп во фаза на распаѓање бил пронајден утринава во водите на Вардар кај скопско Злокуќани.
Телото го забележал рибар околу 7:30 часот, по што случајот го пријавил во полиција.
Оттаму информираат дека е работи за труп на женско постаро лице, но идентитетот се уште не е познат.
Телото е предадено на обдукција, а во текот на утрешниот ден се очекуваат повеќе информации.