Човекот е со потекло од Македонија, а не од Африка?!


Македонски научници и палеонтолозите укажуваат на тоа дека во околината на селото Стамер, во близина на градот Делчево е тајното потекло на човекот и алка во еволуцијата, која не е пронајдена. На ова место е откриена единствената праисториска гробница на животни.

Фосили од праисториски животни, постари повеќе од 10 илјади години, што денес живеат само во Африка, беа пронајдени во близина на градот Делчево, 200 километри источно од Скопјеneandrtalec

Македонски научници и палеонтолози укажуваат дека на локалитетот Стамер кај Делчево, источна Македонија, судејќи по сè, се наоѓа тајната на настанувањето на човекот и алка во синџирот еволуција, која до денес не била пронајдена. На тоа место е откриена единствената праисториска масовна гробница на животни.

Фосили од праисториски животни, постари повеќе од 10 илјади години, што денес живеат само во Африка, беа пронајдени во близина на градот Делчево, 200 километри источно од Скопје. Тука пред седум години е пронајден череп на првата жирафа во Европа и остатоци од мастодонт. На таа локација во март се откриени фосилни остатоци од праисториски носорог стар од три до пет милиони години. Последното ледено доба настапило пред околу два милиони години. – Со откривањето на коските од носорог го завршивме истражувањето за оваа година на локалитетот Стамер. Се надевам дека во наредниот период нашата институција ќе добие повеќе пари за понатамошни истражувања – изјави Ивица Здравков од Природно-научниот музеј на Македонија.

Праисториските гробници близу делчевското село Стамер, случајно пред седум години, во март ги откри рударскиот инжинер, Љубе Митевски, кога по ерозија на земјиштето на површината се појавиле коски на праисториски животни.

Повеќе за ова прочитајте на Vesti-online.rs

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1