Според безбедносниот протокол на Владата, во објектот не може да влезе лице кое има сторено казнени дела и што било осудувано.
Евиденцијата покажала дека 62-годишниот Борис Миладинов, кој вчера сакаше да разговара со премиерот и со министрите на отворениот „Ден за идеи“, е сторител на повеќе казнени дела, за кои има и судски пресуди согласно законот, па безбедносниот протокол во такви случаи го ограничува влезот во институциите, пишува во реакцијата од владината прес служба, објави „24 вести“.
Според информации на некои од медиумите чевлите на Борис биле проблем бидејќи содржеле метал и не го минале метал детекторот.