Чудо во Св. Василиј Острошки- еве зошто верниците масовно го посетуваат овој манастир


Манастирот во кој почива Свети Василиј Острошски е местото каде многумина од верниците го пронашле својот спас… Илјадници верници го посетуваат манастирот во кој доаѓаат пешки, а голем процент од посетителите се брачни парови кои не можат да имаат деца. Исто така доаѓаат жени во овој манастир со желба да можат да забременат, а сите до еден веруваат дека токму светецот Василиј Острошски ќе ги благослови и ќе им помогне. manastir ostrogon

 

Многу луѓе за сето ова ќе кажат дека тоа се само приказни и лажна надеж на луѓето кои се дават па се фаќаат за сламка, сепак постојат чуда кои не би можеле да се оспорат.

Всушност едно такво чудо може да го види секој во било кое време доколку го посети манастирот.

Митрополитот Василиј се упокоил во манастирот Острог, а на местото каде ја испуштил душата пораснала винова лоза, која и денеска може да се види.ostrog23

Да, добро прочитавте од карпата, всушност од самиот камен, каде што нема земја, ѓубриво или било што друго што е потребно за да никне било кое растение, никнала и има плод млада лоза. Ова чудо може да го види секој кој што ќе го посети манастирот.

Погледнете и уверете се самите дали станува збор за чудо.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1