Намерно испрскале течност: отруени 13 ученици и 2 професори во Арсени Јовков


Тринаесет ученици и двајца професори од средното училиште „Арсени Јовков“ вчера попладне завршија во болница.

Според деталите објавени денес од МВР, непознато лице или лица за време на големиот одмор испрскале непозната иритирачка материја во вид на спреј, поради која уениците и професорите со возила на итна медицинска помош се пренесени во болница. Истите се жалеле на  печење во грлото, носот и очите.gradska 8 septemvri

-Веднаш по пријавувањето на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки и активности и од извршените разговори е констатирано дека истиот ден за време на големиот одмор од втората смена, повеќе ученици почнале да излегуваат во училишниот двор и да се жалат на печење во грлото, носот и очите.  Одговорното лице за физичко обезбедување во училиштето, кој бил во училишниот двор за настанот веднаш ја известил директорката на училиштето, која повикала итна медицинска помош, со чии возила 10 ученици се пренесени и хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на Институтот за токсикологија, а други три ученици и двајцата професори се хоспитализирани во ГОБ „8-МИ Септември“, соопштуваат од полицијата.

На сите им е констатирана иритирачка кашлица и гушење, предизвикана од непозната материја и по укажаната помош сите се пуштени на домашно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1