Нема пишани траги кога е откриен овој “извор на ледена вода“ во близина на главниот пат кој ги поврзува населените места Елкасова Ријека и Макиќи со една од најстарите џамии во Стари град, но оваа здрава, изворска вода, се споменува во народните преданија и старите песни од бужимскиот крај.
Не се знае ни името на првиот градител на изворот, но со време народот му даде две имиња: „Голем леден бунар“, а од 1968. година и „Абидов бунар“, наречен по градителот Абид и неговата сопруга Себили Алијагиќ кои зад себе ја оставиле оваа градба пред да починат.
Она по што овој бунар е надалеку познат е температурата која на лето е ледена, а во зимскиот период необично топла. Меѓу народот се вели: „Што е времето по топло, водата е се постудена, а што е постудено времео, потопла е водата“. Перачките некогаш а и ден денс и во најстудените зимски денови ги переле килимите, и другите простирки, зошто водата во буанрот, била, како што се зборува, како во бања. Дека е така доказ се и трите користа неменски градени за овие потреби.
На оваа вода народот и припишува и лековите својстава, од верувањето дека отвора апетит, до тоа дека кафето сварено со оваа вода е чудесно со својата мекост и питкост и делува послатко.
Некогаш оваа вода течела од две чешми, се додека во наше време дел од водата не е „позајмена“ за градските потреби, па денеска оваа вода од буанрот истекува само на една чешма, но и натаму со еднаков млаз, било во лето, било во зима. Некогаш Абидовиот бунар бил мамка за собирање на младите и лудување, а денеска тука често навраќаат стари кои сакаат да се потсетат на младоста и добрите стари времиња во кои се живеело поспоро.
Па сепак, во бужимскиот крај и натаму најпознат е „Ибретовиот извор“ или „Светиња“, на подрачјето на Добро село, оддалечено околу 5 километри од регионалниот пат кој ги поврзува Босанска Крупа и Бужим. Изворот се наоѓа над карпестиот варовник висок околу 16 метри, од кој секој ден водата тече по неколку пати, паѓајќи по карпата, па по одредено време пак пресушува.
Во народот постои верување за светотста на овој извор. Тоа е причина што луѓето на 6 мај секоја година се собираат околу изворот и се бањаат со неговата вода, верувајќи во натприродните моќи на изворот и лековитоста на оваа вода.